Формула 1 сезона 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување

Дали правилата конечно ја направија Ф1 интересна и рамноправна?

  • Да

    Гласови: 86 41,3%
  • Не

    Гласови: 122 58,7%

  • Вкупно гласачи
    208
ауууу срамота...резиллл!!! да не му остане гориво на маса е срамота алоо! минатата година,на хејден у мото гп со хонда му се деси исто,али хејден на стартно целна рамнина снема бензин, и изгуби едно местоо....се дотркала:pos2:
 
Леле срамота за Ферари. Како можеа да дозволат Маса да остане без гориво на крај на трката. Стварно срамотилоци за нив треба дефинитвно нешто да менуваат. А кој ѓавол ме тераше да мењаам на фудбалов, па не го слушав Миленко како ја пее химнава:pos2::pos2:Откачен е нема шо.

Ами кога дадоа дете облечено целото во Мекларен одело нешо и овој ах ах го научиле за погрешен тим да навива ..:pos:
 
добро бе, што мислат овие од ферари? дали се тие нормални бе, во каква екипа работат? и арно кажа миленко, треба да ги дигнат на клоци кога ќе ги видат во италија...абе ја срамотат цела нација бе, само они се италијани. му снемало гориво бе. му вика чувај гориво, вози пополека....:tapp: абе забегале на цело тие...не знаат веќе ако троши по 10 литри од круг, колку треба да му стават за 20 круга ебате ненормалните. пола од екипата откази, и ќе оправат.

за браун...одлична трка...пак. само жал ми е што не му дадоа на баричело да победи...не ми е јасно зошто...си заслужи човекот.
 
Mislam deka znam kaj im e greshkata...
Vo isto vreme eden po drug vo boks vlegoa Massa i Vettel,valjda da bidat Ferrari pobrgu da ne izgubi Massa pozicija se zeznaa so gorivoto,za na kraj ne 1 tuku 2 pozicii da izgubat,toa e moe mislenje.
Golem navivac sum na Ferrari i polsedni da se ke navivam,no potegot denes sto go napravija potocno celata trka vo Spanija e im e na nisko nivo,kvalifikaciite Kimi,trkata Massa.
Mi se dopadna odgovorot na Massa koga mu javija deka nema dovolno gorivo i deka treba da shtedi....(ne sakam da ja izgubam pozicijata ,sto da napravam )...golem vozac e Massa...ne se otkazuvam od nego...BRAVO MAJSTORE sto sekogash sportski gi prifakas ovie nepravdi !!!

Forza Ferrari...Forza Felipe baby :smir:
 
Солидна трка од мој аспект како навивач на Ферари, браво за Браун супер си извозеа како стално, а за Маса и Кими нема да коментирам.:smir:
 
Претераа со правилава стварно од каде Батон прв цела кариера немаше толку победи.Очигледно е дека не можат без Денис и Тод,Браун начека сега
 
лоша трка за мекларен,Маса ги извлече Ферари како да не се без ич,можеше многу подобро но катастрофалната грешка на тимот си го направи своето изгуби 2 позиции од 4 на 6, Хаидфелд од БМВ ја бранеше честа на БМВ, Браво уште еднаш за Браун со 1-2 победата,кажува дека нивниот болид оваа сезона е доста квалитетен од другите,Сакам Мекларен и Ферари да се вратат на старите патики,и да биде интересно до крајот на сезоната, Ковалаинен што е работата??
тој ниш. не е крив тука тимот што прави како може да му се случи тоа на почетокот на трката имаше добар почеток од 18 отиде на 11 сигурен бев дека ке освоеше нешто ако не се случеше тоа,позз и се најубаво до следната трка
 
Сакам Мекларен и Ферари да се вратат на старите патики,и да биде интересно до крајот на сезоната

Еј сеа. Немора да се вратат они за да биде интересно. Може и Тојота и Ред Бул да ги заменат со оглед дека сезонава и тие се одлични.
 
Претераа со правилава стварно од каде Батон прв цела кариера немаше толку победи.Очигледно е дека не можат без Денис и Тод,Браун начека сега


Ne preteraa nisto!! Ferrari i McLaren ne se podgotveni za da se borat so Brawn,RedBull i so Toyota!!

Baton nemase pobedi zasto ne mu cinese bolidot...zosto sega nema pobedi Hamilton,Raikkonen,Massa,Alonso..:uvo:
 
И Ферари се закани со напуштање на Формула 1

Среда, 13.05.2009
Иако и пред ултиматумот на Ферари ситуацијата со бунтот на екипите од Формула 1 беше сериозна, октанскиот циркус сега станува прилично опасно разнишан. Правилата на ФИА за ограничен буџет очигледно се капката која ја прели чашата на трпението.

По Тојотоа, Ред Бул и Торо Росо, со излегување од светското првенство во Формула 1 се закани и Ферари. Најтрофејната екипа во историјата на овој спорт потврди дека нема да се пријави за идната сезона доколку не се променат правилата за ограничувањето на буџетот.

"ФИА носи правила без никакви консултации со конструкторите и тоа не е коректно. Доколку се остварат најавите за ограничувањето на буџетите, Ферари нема да се натпреварува наредната година", порачаа челниците на тимот.

ФИА најави дека екипите ќе имаат поголема техничка слобода доколку го прифатат буџетот од 40 милиони фунти (59.35 милиони долари) за идната година. Во изјавата објавена минатата недела наведено е дека од овој буџет се изземени исплатите за возачите, казните на ФИА, трошоците за моторите, дивидендите од профитот од учеството во трките. Оние екипи кои ќе го прифатат ова ограничување ќе смеат да имаат мотори без ограничување на бројот на вртежи, додека оние екипи кои ќе останат со неограничени буџети сепак ќе бидат подложени на некои ограничувања.

Извор: http://kajgana.com/vesti/i-ferari-se-zakani-so-napushtanje-na-formula-1.html
 
F1 - Тимовите масовно се откажуваат од првенството!!!

Кога и најтрофејниот тим во Формула 1 најави дека ќе се откаже од првенството ако продолжи да важи законот со кој на посиромашните тимови им се дава поголема техничка слобода, работите секако не се на добро.

Ферари се придружува на Тојота, која прва најави откажување и на Рено, Мекларен Мерцедес, Ред Бул, Торо Росо и БМВ. Ако навистина се случи ова, наредната година во првенството ќе возат само три тимови од оваа година и тоа Браун, Вилијамс и Форс Индија, нормално ако и некој од нив дополнително не се откаже.

Дали овој притисок ќе ги подразмисли челниците на FIA и сопственикот на циркусот, Берни Еклстоун? Да потсетиме, Ферари нема пропуштено ниту една сезона од 1950 година откога се натпреварува во првенството, што би значело дека нема да ја прослават 60 – годишнината. Тука е и легендарниот Мекларен на чело со Мерцедес, супер финансиски силната Тојота, посветените БМВ и Рено и маркетиншки силниот двоец, Ред Бул и Торо Росо.

Досега со изјавите најсериозни се Ферари и Тојота, кои веќе официјално објавија дека доколку се задржат најавените правила, тие нема да настапуваат наредната сезона. Неофицијално и другите тимови го поддржуваат ова. Новите правила кажуваат дека тимовите кои ќе користат буџет помал од 40 милиони фунти, ќе имаат максимална техничка слобода, додека оние побогатите нема да смеат да користат подвижни крилца, ќе имаат послаб KERS систем и ограничен број на вртежи на моторот.

Оваа најава на тимовите, повторно на маса го става прашањето за правење нова, паралелна серија на Формула 1, во која би учествувале финансиски моќните компании и која би била технички понапредна, следствено и поинтересна за гледачите.

Баричело лут поради фаворизирањето на Батон- ke pocnat problemite i vo Brawn GP

Бразилецот после големиот дел од кариерата поминат во сенката на Михаел Шумахер, повторно во тим со шампионски амбиции се соочува со проблеми со тимскиот колега. Според него, Батон е фаворизиран оваа сезона.

На последната трка во Шпанија, според видувањата на Бразилецот, него му била наметната тактиката со три влегувања, само за Батон да победи на трката. Тој дури изјави и дека ако има тимски наредби, веднаш ќе го напушти тимот: “Искусен сум и немам намера да слушам никакви тимски наредби. Тоа го кажувам сега и нека го знаат сите!” – изјави нервозниот Баричело после трката.

Од тимот на Браун се огласи токму неговиот газда, кој ги демантираше обвинувањата на Баричело дека тие местат победи на Батон. Според Рос Браун, неговиот тим нема приоритети кој да ја земе титулата, а како факт го посочи стартот на трката, каде Рубенс го помина Џенсон Батон, што според него е доволен доказ дека нема тимски наредби.

I poveke od ocigledni bese deka mestat Baton da pobedi
 
Нека си одат без нив и Формула 1 ке ПРОПАДНЕ !!!
 
Не само што тимовите ќе си заминат, туку и фановите на Ф1 циркусот.
Навистина ја претераа со правилава, Ф1 не е тоа што беше.:toe:
 
Не се секирајте... ке организирал некој шеик од дубаи нешто слично, само што ке има 1 лимит, моторот да не биде поголем од 3000 кубни центиметри и 12 цилиндри. Па кој е маж, нека вози. Нема правила од типот мора да се возат и меки и тврди гуми во 1 трка, ако ти стиска стратегија можеш да извозиш цела трка без бокс.
 
Еклстоун – Ферари е Формула 1

Организаторот на F1 трките, Берни Еклстоун, очигледно уплашен по најавата на тимот од Маранело дека ќе го напушти првенството, додворувачки изјави дека врската помеѓу Ферари и Формула 1 не смее да се раскине.
Тој со интересна изјава потсети колку е важен тој тим за првенството: “Јас не сум правиот пример кој треба да говори за совршен брак” – алудирајќи на разводот со неговата жена Славица претходната година и додаде: “но ова е совршен брак. Формула 1 е Ферари и Ферари е Формула 1; тоа е толку едноставно и нема да се промени”.
Еклстоун изрази и надеж дека ќе преовладее здравиот разум и ќе биде постигнато позитивно решение, кое ќе ги задржи моќниците во Формула 1 првенството. Од друга страна пак интересни се изјавите гледано од другите тимови – сега Берни јавно призна дека тимот од Маранело и ја ужива најголемата поддршка од него. Каква ли ќе биде нивната реакција?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom