Формула 1 сезона 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата bavarec_oh
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ке биде шампион во 2008?

  • K.Raikkonen

    Гласови: 65 32,7%
  • F.Massa

    Гласови: 54 27,1%
  • L.Hamilton

    Гласови: 70 35,2%
  • H.Kovalainen

    Гласови: 0 0,0%
  • F.Alonso

    Гласови: 4 2,0%
  • N.Piquet Jr.

    Гласови: 2 1,0%
  • R. Kubica

    Гласови: 4 2,0%
  • некој трет...

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    199
Никој никого не го заеба, особено не Хамилтон... Алонзо го избркаа само заради аферата степни-гејт. Јакиот шофер (кој не гледаше иднина во Мекларен) немаше да го избркаат од Мекларен доколку си ќутеше и се правеше дека ништо не знае. Но, тој требаше да биде прв што доброволно се пријави да образложи што знаел за информациите што доаѓале од ферари.

П.С. Абе и сезонава нешто да не ви крадиме? Пак можите да измислите нешто дека Мекларен се арамии, и неферски победуваат.

Moram vaka da pocnam ke izvinis iako si moderator.


Abe zver da ne bese izmisleno toa lani ili vie kradevte pa se soocivte so posledicite.Bidete srekni sto ne ve snajde pogolema kazna,odnosno 2godini odmor!Se nadevam deka ovaa godina povtorno ke se resava titulata vo poslednata trka i da prisustvuvame na uste edna istoriska trka i godina.That's all from me.:smir:
 
Moram vaka da pocnam ke izvinis iako si moderator.


Abe zver da ne bese izmisleno toa lani ili vie kradevte pa se soocivte so posledicite.Bidete srekni sto ne ve snajde pogolema kazna,odnosno 2godini odmor!Se nadevam deka ovaa godina povtorno ke se resava titulata vo poslednata trka i da prisustvuvame na uste edna istoriska trka i godina.That's all from me.:smir:

Ако добиеја поголем казна Мекларен, немаше да биде интересна Формула 1, мое мислење, само заради тоа не беше казната поголема.
 
:oftopic:

Темава е отворена исклучиво за сезоната 2008 во Ф1, а не за сите мото спортови, као рели трките и мото ГП. Така да, линков е на погрешно место, а за се најново што се однесува за Ф1, тука е http://www.formula1.com/ , страницата на која потазе инфо. во врска со Ф1 и не може да најдете ... :wink:
 
Денес го прочитав распоредот на 18те трки за сезоната 2009. Има неколку поместувања кај трките кои ќе се одржат летниот период, дебитантската трка во Абу Даби ќе биде последна календарска трка (15.11.2009). но највише од се ме изненади тоа што (верувале или не) една од најдобрите и највозбудливи трки, Канадското ГП е тргнато од календарот, односно идната сезона нема да се вози во Северна Америка (по овогодинешното исфрлање и на Индијанаполис).

Навистина не ми е јасно како се случи тоа и не знам кој има умечано прсти во ова, пошто конкретни причини поради отфрлањето на Канада не се воопшто наведени. Дали овде можеби Европејците водат битка против Азијците, за овие да не ги надвладеат во трките на Истокот. Пошто јасно беше кажано уште на почетокот на сезоната дека догодина нема да се вози во Франција, а под закана беше и Велика Британија, за одземање на тамошното ГП во 2010 доколку патеката не се модернизира. Па оттука, по се изгледа политиката на сите во ФИА е да се задржат што е можно подолго најголемиот број на трки на Стариот Континент, бидејќи во последно време, више него јасно се глеа дека Азија е во голем подем и сериозно може да ја загрози позицијата на Европа во однос на трките кои се одржуваат таму и нејзиниот примат.

Сега за сега, бројот на трки во Европа останува ист (10), Азија доби едно ГП повеќе т.е. (6), а другите две трки се во Австралија, односно Бразил.

Решение на ФИА за исклучување на Канада, сеуште нема наидено на некои противења од ничија страна, така да можеби и полека станува јасно дека Европа се служи со секакви потези за да си го задржи тоа што го има, а притоа не пристапува кон нови планови, пред се за модернизирање за истите патеки, а да не зборам пак за воведување нови. Така да од таа страна, Азија и покрај тоа што има 4 трки помалку (за сеа), јасно се гледа дека тамошните ГПија се далеку помдернизирани и ги исполнуваат сите зададени услови на ФИА, па дури и повеќе од тоа, за разлика од Европа која се крие од позади без покренување на никаква иницијатива за враќање на сјајот на тамошните трки, па затоа се служи со вакви работи кои му носат штета, општо на целиот спорт и тоа од секој гледан аспект, пошто отфрлањето на Канада е мислам голем срам за сите што се одговорни поради тоа одговорни во ФИА ...

Btw, еве го и распоредот за 2009 :

http://www.formula1.com/news/headlines/2008/10/8483.html
 
Ако добиеја поголем казна Мекларен, немаше да биде интересна Формула 1, мое мислење, само заради тоа не беше казната поголема.

Da ama barem ke bese pravedno vaka...Druga prikazna.Aj nvm kako sto rece i mojot drugar devil da se nadevame deka ke se resava titulata vo poslednata trka:smir:
 
Поминаа првите два петочни слободни тренинга за Јапонското ГП.

На првиот најбрз беше Хамилтон, веднаш зад него се наредија Маса, Ковалаинен и Кими. Еве ги резултатите http://www.formula1.com/results/season/2008/802/6570/

А на вториот тренинг, малце изненадија Глок и Алонсо со што ги направија двете најдобри времиња. Хамилтон имаше трето, а Маса четврто време на истиот тренинг. Еве ги и од него резултатите http://www.formula1.com/results/season/2008/802/6571/

Иначе еве и едно тазе ексклузивно инфо. кое е дадено од страна на највлијателниот човек во ФИА Берни Еклстоун, кој изјавил дека во сезоната 2011 Ф1 ќе добие ново (повторно) Азиско ГП, во Индија. Индијциве се надевале дека ќе успеат својата афирмиција во Ф1 ќе ја имаат година дена порано т.е. сезоната 2010, но сепак од Ф1 решиле дека најдобро ќе биде тоа Индија да ја угости Ф1 во 2011. Btw и Европа можно е во скоро време да има свое ново ГП, и тоа во Русија која произлегла со своја апликација и план за тамошното ГП ... :wink:
 
Како што тргнало... Се селиме на ноќни трки во Азија кои ке бидат гледани во нормално време во европа, а европските стари патеки, полека полека се исфрлаат од календарот. Зошто е тоа така, највероватно Еклстоун знае каде се парите. Но, сепак, има се повеќе земји кандидати за воведување на ф1 трка, така да можно е да гледаме и повеќе од досегашните 18 трки (толку беа?), со што сезоната наместо да започнува во март, ке започнува во февруар, а ке се вози до крај на ноември.

Офф топик: замислете трка во Русија по снег :helou:
 
Dzish, Берни мнооооогу убаво знае каде лежат парите, али тој не сака како резултат на тоа да падне бројот на трките во Европа, баш напротив тој ја турка напред Азија и им дава шанса на тамошните земји да се покажат, али за таа сметка што ФИА отфрлаат патеки од сите останати континенти, при тоа исклучувајќи ја Европа и оставајќи ја имуна на тоа.

Сосема доволно е за пример да ги земеме оваа и наредната сезона. Оваа сезона ''жртва'' на ГП во Сингапур беше Индијанаполис (САД), а догодина пак Канада ќе биде жртва на Абу Даби, така да Северна Америка со тоа и официјално останува без тамошно ГП. Така да очигледно е дека патеките со голем интензитет се концентрираат исклучиво во Европа и Азија. За сеа останаа само 2 патеки кои не се од тие два континента, али како што е тргнала работата на нивно лишење, мноооогу лесно може да се случи и отстранување на Бразил или Австралија во 2011 со влагањето на Индииското ГП, а во блиска иднина и на Русија (според најавите). Оттука јасно може да се види иднината на Ф1, составена од трки само во Европа и Азија.

Таквата политика што ја води ФИА е можеби и поради намалување на патувањето на тимовите меѓу континентите, намалување на некои од трошоците и концентрирање на трките во земјите кои имаат најголемо влијание врз спортов ...
 
Веќе од наредната сезона трка во Северна Америка ќе нема
па како почнало може да нема и во Европа
а во Русија 100 посто ќе има некоја патека на која ќе се вози
Ф1 се сели на Исток
 
Од наредната сезона јасно е дека Северна Америка ќе нема свое ГП, али Европа да остане без трки на свое подневје, е нешто незамисливо. Како може да само да ти текне такво нешто, кога ФИА се со цел да ги задржи најголемиот број од трките во Европа, ги оттргнува оние од другите континенти, Амереиканциве највише осетија од ова и можат да ти послужаѕ како најдобар пример.

ФИА да ги оттргне Австралија или Бразил (а може и двете) не би ме зачудило, во подемот кој што го има Азија. Али Европа од Европа да исфрла ГПија е нешто незамисливо за Ф1. Така да во Европа трките би можеле во иднина единствено да се покачуваат, а во никој случај да се намалуваат ... :wink:
 
Еве ги резултатите од квалификациите.

Хамилтон ќе стартува прв, заедно со него во првиот ред е Кими, од третата односно четвртата позиција ќе стартуваат Ковалаинен и Алонсо, а Маса од петта позиција. Овој распоред навистина мноогу ветува за утрешниот старт на трката и очекувам да биде еден од најинтересните оваа година.

Еве го и распоредот на сите возачи

http://www.formula1.com/results/season/2008/802/6573/


И да за малце ќе забораев, веднаш после денешниве квали. и подобриот пласман на Кими во однос на Маса, придонесе за отварање нова еднодневна анкета на http://www.formula1.com/ , а прашањето е :

Раиконен е во предност сега, но Маса е претендент за титулата. Кој пилот на Фераи ќе заврши повисоко во Јапонија во недела ??

Ја гласав за Кими, па баш ме интересира и вашето мислење околу тоа т.е. дали Финецот ќе има разбирање кон Маса и евентуално ќе му попушти утре ...

:helou:
 
Их... прво Маса треба да го стигне Кими, па да почне да размислува за попуштање.... Вака сега се е само гола вода и празен муабет. Инаку, би можел Кими да му даде некаква предност на Маса, посекако за него шампионатот е завршен, а на Маса му е битен секој бод.
 
Во колку саат почнува трката по македонско време?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom