Денес го прочитав распоредот на 18те трки за сезоната 2009. Има неколку поместувања кај трките кои ќе се одржат летниот период, дебитантската трка во Абу Даби ќе биде последна календарска трка (15.11.2009). но највише од се ме изненади тоа што (верувале или не) една од најдобрите и највозбудливи трки, Канадското ГП е тргнато од календарот, односно идната сезона нема да се вози во Северна Америка (по овогодинешното исфрлање и на Индијанаполис).
Навистина не ми е јасно како се случи тоа и не знам кој има умечано прсти во ова, пошто конкретни причини поради отфрлањето на Канада не се воопшто наведени. Дали овде можеби Европејците водат битка против Азијците, за овие да не ги надвладеат во трките на Истокот. Пошто јасно беше кажано уште на почетокот на сезоната дека догодина нема да се вози во Франција, а под закана беше и Велика Британија, за одземање на тамошното ГП во 2010 доколку патеката не се модернизира. Па оттука, по се изгледа политиката на сите во ФИА е да се задржат што е можно подолго најголемиот број на трки на Стариот Континент, бидејќи во последно време, више него јасно се глеа дека Азија е во голем подем и сериозно може да ја загрози позицијата на Европа во однос на трките кои се одржуваат таму и нејзиниот примат.
Сега за сега, бројот на трки во Европа останува ист (10), Азија доби едно ГП повеќе т.е. (6), а другите две трки се во Австралија, односно Бразил.
Решение на ФИА за исклучување на Канада, сеуште нема наидено на некои противења од ничија страна, така да можеби и полека станува јасно дека Европа се служи со секакви потези за да си го задржи тоа што го има, а притоа не пристапува кон нови планови, пред се за модернизирање за истите патеки, а да не зборам пак за воведување нови. Така да од таа страна, Азија и покрај тоа што има 4 трки помалку (за сеа), јасно се гледа дека тамошните ГПија се далеку помдернизирани и ги исполнуваат сите зададени услови на ФИА, па дури и повеќе од тоа, за разлика од Европа која се крие од позади без покренување на никаква иницијатива за враќање на сјајот на тамошните трки, па затоа се служи со вакви работи кои му носат штета, општо на целиот спорт и тоа од секој гледан аспект, пошто отфрлањето на Канада е мислам голем срам за сите што се одговорни поради тоа одговорни во ФИА ...
Btw, еве го и распоредот за 2009 :
http://www.formula1.com/news/headlines/2008/10/8483.html