Формула 1 сезона 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата bavarec_oh
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ке биде шампион во 2008?

  • K.Raikkonen

    Гласови: 65 32,7%
  • F.Massa

    Гласови: 54 27,1%
  • L.Hamilton

    Гласови: 70 35,2%
  • H.Kovalainen

    Гласови: 0 0,0%
  • F.Alonso

    Гласови: 4 2,0%
  • N.Piquet Jr.

    Гласови: 2 1,0%
  • R. Kubica

    Гласови: 4 2,0%
  • некој трет...

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    199
Мекларен се закон, а за шампион да не зборам Хамилтон :)
 
Ако не украдат нешто од Ферари Мекларен ке ги биде... си велам.... по 2-3 години.
 
Ферари ако поработат повеке на болидот на Маса, Маса ке биде шампион.
 
Ферари ако поработат повеке на болидот на Маса, Маса ке биде шампион.

Според прикажаното од лани во првиот дел од сезоната мислам дека има шанси, и ако не го следи баксуз како минатата година..Мислам дека Раиконен пак ќе бидам, ама во едно сум сигурен...Ќе биде многу интересна сезона...
 
Кога почнуват немам никакви информации за оваа сезона а инаку редовно гледам Ф1.
 
Ќе биде интересно..На првиот тренинг прв беше Кими, втор Хамилтон трет Маса, Алонсо на 6та позиција....На вториот тренинг Хамилтон,Вебер, Маса, Кими на 6та позиција, Алонсо 13..Ќе бидат интересни квалификации...
 
Штета за откажувањето на Кими, највероватно му откажа менувачот, разочарување е и Фернандо Алонзо на 12-то место, и неговиот колега Нелсон пике на 20-то место.

Конечно Пол позиција за Хамилтон! 7ма во кариерата. извозени 14 круга
2. Кубица извозени 15 круга
3. Ковалаинен извозени 13 круга
4. Маса (не извози последен летечки круг) извозени 12 круга
5. Хајфелд извозени 16 круга
6. Трули извозени 17 круга
7. Розберг извозени 21 круг

Оваа трка ке биде тешка за прогнозирање. Никој не знае на која стратегија се болидите, така да се е можно. Очекувајте првите 3-ца да ги видиме во бокс за 10-15 круга. Исто така голема работа е исклучуваењето на traction control, па болидите многу лесно пролизгуваат и не го држат саканиот правец. Која стратегија е најдобра ке видиме утре.

Од толку кајганџии фанови на Ф1, само Кико е буден за првите квалификации во сезоната? Ајде бе луѓе ова го чекаме цела зима. Очекувам повеќе муабети утре, по завршувањето на трката :) Љубители на Ф1, скратете 2 часа од сонот (кои можете да ги надоместите по завршувањето на трката).
 
Оваа сезона BMW влегува во конкурентска битка, па ке биде интересно. Инаку очекувајте изненадување и од Тојота но најмногу од БАР Хонда која на чело го има Рос Браун поранешниот директор во Ферари во времето на Шумахер.
Инаку скандалозно најавуваниот Нелсон Пике Јуниор мислам дека тешко ке биде да се избори за бодови од 20-тата стартна позиција, а не да се качи на подиум како што беше најавуван-дека ке биде подобар од Хамилтон лани.
 
Баксуз Кими:(Се разочарав...Ептен...Очекувам Фелипе да ја спаси честа на Ферари, и доколку на Раиконен му го направат бодидот(ако не е толку голем дефектот)ако не, ќе си седи утрешната трка, зошто според новите правила немало резервен болид, но биле дозволени одделни делови да бидат променети за да може тој пилот да вози..БМВ ќе прават БУУУУМ оваа година, според овие квалификации се гледа дека имаат авион болид направено, и мислам дека ќе бидат во конкуренција за шампионска титула!Од Реното на Алонсо не очекував ништо повеќе!Ајде, ќе го дочекаме стартот на новата сезона, јас лично се надевам дека Кими ќе успее барем на 6место да заврши но зошто не и погоре:smir:
 
Шо се деси бе со Рајконен, шо му беше у пм.
 
Шо се деси бе со Рајконен, шо му беше у пм.

Му изгасна болидот (на ХРТ рекле дека бил менувачот)..Ама ипак..Ќе стартува од 16 место, а ако е од менувачот треба да му вградат нов, и автоматски со новите правила стартува од 5места подолу,т.е. последен:(Бидејќи и нема резервен болид...пак со новите правила;-)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom