Forever

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Локација
Македонија

_1400004135.jpg
Forever е драма во која се работи за бесмртниот човек Хенри кој бара друга личност која е идентична како него, бесмртна. Хенри после „секоја смрт„ неговото тело го снемува од местото на убиството и тој излегува во реката на градот. За неговата тајна знае само една личност, личноста со која живее, неговиот најдобар пријател Ејб.

Секоја епизода започнува со ново убиство и низ целата епизода детективката Мартинез го истражува убиството а Хенри е задолжен за обдукција на телото, но тој често знае да се меша и во детективските работи.

Наскоро, за тајната на Хенри дознава уште една личност, која истотака е бесмртна, Хенри ќе добива повици, ќе разоговара со личноста преку телефон но тој нема да ја открие. Личноста која е иста како Хенри живее многу повеќе од него, Хенри живее веќе 200 години и се бори со бесмртноста, а другиот живее 2000 години. Последната епизода е врв..

Во некои епизоди бегаат од темата, но сепак последната епизода беше врвот на целата серија. Најдобрата епизода засега.
 
Фина серија за тепање време, потсеќа на менталистот, само се надевам дека нема негативецот да го снајди судбината на џонија.

И не му е најдобар пријател, туку му е син. :pipi:
 
Сакав да отворам тема пред некое време ама гледам скоро никој не ја коментира по темиве и си викам дека само ја сум будала да ја гледам :D

Мене ми е сосема ок серија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom