Football Manager 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата jovanovski
  • Време на започнување Време на започнување
ОООООО Партизанеее волимо те из срцем свииимммм, где год ти да играш ту су твоји гробари само теби верни само теби одани.. ооооооооо партизанеееее :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:



се разболев и имав време да доиграм иначе ќе киснев на работа :)

Serbian SuperLeague_ Matches Fixtures & Results.png


последно коло :) чекав Напредак да изгуби зошто ако добиеа или нерешено они беа шампиони :) среќата ми се насмевна :)


Serbian SuperLeague_ Overview Stages.png

:) најдобар стрелец касалица со 20 гола најдобар асистент нинкович 17 . и да за крај ....



лагао вас неко ... :cool::cool:
 
Football Champions Guide - chapter Man United, vol.1
Екипа : Man United
Менаџер : лично јас, Бавча.

Филозофија : напад и само напад. Стратегија : напад. Концепт : напад.
Успеси во прва сезона : Комјунити, Премиер и ЛШ. Испаѓање од ФА (Ридинг 0:2) и Лига куп (Сандерленд 1:0) поради лоша ротација.
Комјунити - победа над Виган од 3:0
Лига - исто како и мојот претходник сер Алекс завршив со учинок :
28поб / 5 пор / 5 нер / 87:24 / 89 поени
ЛШ - финале против Реал М, кое по завршените 1-1 беше одлучено на пенали со вкупен резултат 5:4 во корист на мојата екипа.
Во првата сезона играв напаѓачки фудбал со тактика 4-4-2 каде :
бековите имаа инструкции да одат во напад со крилата, со еден плеј и еден тепач или бркач на топки во средина. Нападот беше резервиран за лажна 9ка и класичен напаѓач. Можам да кажам комотно дека тактикава е една од најдобрите кои сум ги играл и применил и каде играчите давале максимален напор да победат. Дефинитивно мечевите ги следев во блажена состојба, без грам стрес.
Играчи кои ги купив во првата сезона :
Тимо Вернер - Штутгарт - 17 год - 4,5м евра
Џетро Вилемс - Псв - 17м евра
Лукас Ромеро - Велез - 7,5м евра
Хонда - Цска - фри
Играчи кои ги продадов во првата сезона : нема, се на лоун отиде.
На почетокот на втората сезона го купив Лук Шо за 32м евра, за да ги продадам Андерсон во Шалке за 10м, и Нани во Реал за 40м евра. Тоа ме примора да го земам Робен од Баерн за фантастични 1,8м евра и плата поголема од Руни и секако повредата на Фелаини на 4 месеци и трансферот на Коке за фантастични 28м евра. Се на се профит од 75м евра од продажба наспроти потрошените 55м на нови играчи, резултираше со ок однос од одборот кон моите менаџерско финансиско аналитички способности и моќи. Освоив Супер куп против Зенит (3:1) и Комјунити против Виган (пак) со резултат 3:0. Заборавив да напоменам дека и Дени Велбек го шитнав за 25че во Јуве.
И повторно ја играм истата тактика со тоа што сега ќе ви претставам како тоа изгледа.
Од аспект на тренинзи и чуда, ги форсирам ко говеда и освен вери хај не признавам ништо друго. Ипак е премиер лига и мора интензивно да ги јачаш за да останат константни. Сеуште ме разочарува Кагава кој што се мачи да се пробие во првиот тим зошто е малце лигав и кенкав, за разлика од Хонда кој многу брзо се проби иако не игра во прв тим. Тоа би било во глобала, сега за сега.
image.png
 
Ахахахаа победа од 5-1 ми вика scrappy win enough. Чудесии
 
Со Ридинг почнав одново, ме испердаши Унион Берлин во пријателска 6-1 ама со 2 црвени бев:ROFLMAO:, после наредната се вратив во стил и победив 5-0 против Абердин:D.
Нгог, Ди Ваио и Ларнел Кол во ист ден *џглап*. Па овај Вејн Бриџ која курва е за пари:tapp:
 
Како се мести ова?
Кај сетинзите за attacking corners, намести го тој што ти е највисок, најкорпулентен на challenge keeper.
 
Немаш проблем со повреди со тренингот на very high? Ја се плашам да не се повредуваат многу, па си држам на High, али ете приметив дека пак има добар број на повреди уште на почеток од сезона.
 
Немаш проблем со повреди со тренингот на very high? Ја се плашам да не се повредуваат многу, па си држам на High, али ете приметив дека пак има добар број на повреди уште на почеток од сезона.

Ретко, многу ретко. Претежно ми ги кршат по утакмици.
 

Цело време вака си фураш? Или мењаш нешто во текот на неделите?

Сакам да сменам нешто кај мене со Фиорентина пред да ме избркаат.. Ич не ми иде со таа 4-3-3 па ќе си се вратам на 4-4-2, на сите менаџери до сега си фурав 4-4-2/4-2-3-1.
 
Цело време вака си фураш? Или мењаш нешто во текот на неделите?

Сакам да сменам нешто кај мене со Фиорентина пред да ме избркаат.. Ич не ми иде со таа 4-3-3 па ќе си се вратам на 4-4-2, на сите менаџери до сега си фурав 4-4-2/4-2-3-1.

Мењам, во зависност од противникот. Ако играм дерби преферирам def. set pieces/def. poss. и користам деструктивец ко џонс во тактика. Ама против обични екипи фурам атакинг зошто 2цата во средина само бркаат топки и ги пуштаат напред, па во напад чуда се дешаваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom