Никола, кажи ми за која позиција бараш играч.
Пробај го Завон Хајнс, земи го на позајмица доволно е. Тој еден од најаките на играта ама што човек е појма немам. Никогаш го немам видено да игра во реалниот фудбал. Штом две ФМ верзии со ред е најдобар, значи е нешто добро.
А играта сега за сега е прелесна, не знам зошто кукавте досега зедов 3 играчи шо си сакав... тројцата за 10 милиони. Значи ако сакате да земите играч не давајте понуда одма, прво спријателете се со тренерот на клубот.
Пример го сакам Меси, се спријателувам со Рајкард... после давам позитивни коментари за Меси, па пројавувам интерес, па барам кој му е омилен играч на Меси, ако е некој од аргентинците... во случајов Интер е полн со такви, тогаш го препорачувам. Со секое пројавување на интерес за играч, кај него се зголемува заинтересираноста за вашиот клуб, а во исто време и паѓа среќата во тимот каде што настапува. За претходната верзија имав хак(можев да следам се за играчите, од оцени до среќа во клубот, до потенцијал), забележав дека со 7-8 вакви трикови играчот ве става во омилен клуб и многу послесно можи да дојди во вашиот тим.
Дека некогаш ќе потрошам 190 милиони за да земам играч, тоа тешко... цел дрим тим ќе соберам со тие пари.
Ете една поопширна анализа како да дојдите до саканите играчи, полесно да направите трансфер.