Фолтин

  • Креатор на темата Креатор на темата Fackasta
  • Време на започнување Време на започнување

Fackasta

Ама друже .. ЗАШТО ?!
Член од
2 мај 2009
Мислења
120
Поени од реакции
13
Необичен состав чија музика не може да се смести во ниеден жанр... користат необични инструменти,креираат неверојатна, уникатна музика...џез, фанк, боса нова, чалгија, клезмер, амбиент и филмско/анимирана музика...се само дел од нивниот неверојатен звук...

Пишете нешо за нив ( :
 
премногу се јаки..ги имам гледано неколку пати и ме воодушевиле. Стварно неможеш да ги сместиш во ниеден жанр на музика. Перфектно ја праат музиката.:back:

ова им беше стварно ремек дело
 
Фолтин се најбоље. Се знам јас со тапанарот (иако незнам дали уште свири со нив) пошо свири и у Паркети. Мн добра музика!
 
Стварно одлична музика. Одличен склоп на стилови. Од песни би ги издвоил Везилка, Лолитату, Дон Кихот...
 
Ги гледав на Таксират 007 малку пијани беа сите али ок се ма каков ок супер се :D
 
ако некој сака линкови за даунлоад за било кој албум нека каже=)
 
Многу иновативен и оригинален бенд ... ги ценам . Единствена песна која шо не ја сакам е везилка .... тип оф да тонг ми е најдобра а и милица веднаш после неа .. =)
Во живо се инзвонредни =) :vozbud:
 
Сум ги глеал 2-3 пати у живо и ми прекурчија више, нема шанси да им идам на свирка више. Што знам, тапа ми се некако. Идев да ги глеам зашо некои други свиреа после или пред нив па овие да ги вклопам у шемата...
 
ЦАРЕВИ!!! Закон!


Ги имам слушано 5-6 пати во живо и сум си поминал НАЈ НАЈ НАЈ ПРЕ убаво!

Ги иам сите албуми и да,си го иам муабетот со Пеце кларинетистот и со Славе(Паркет) тапанарот :smir: :pipi:


Сум ги глеал 2-3 пати у живо и ми прекурчија више, нема шанси да им идам на свирка више. Што знам, тапа ми се некако. Идев да ги глеам зашо некои други свиреа после или пред нив па овие да ги вклопам у шемата...
До тебе е,не е до нив.ТВРДАМ! :smir:
 
Различни, уникатни, иновативни... Што да кажувам друго?
Омилени песни: Лолитату, Везилка, Милице, Во јули Битола...

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lyn
Мај секнд лав..... сакам да ми свират на свадба.... закон се луѓево дефф браво !!!:zver:
 
Иновативни и Уникатни да ама не ми се по вкус
вака гледам на тоа,без навреда и желба за flame-war
unique-demotivator-poster.jpg
 
Фолтин го исцртуваат Кавкаски круг со креда

57E02A742E9AD54180B2CDC025BCF0B3.jpg
Извонредните Фолтин, кои себеси се нарекуваат псевдо-емигрантско кабаре, по успешната соработка со режисерот Александар Поповски повторно работат музика за театар, но овојпат во Прилепскиот театар – јави Време.

Тие минатата година имаа успешна година со екипата од овој театар, со претставата Тапани во ноќта. Битолчаните ја правеа музиката за загрепската претстава Пер Гинт, која неодамна беше премиерно изведена во загрепскиот театар Гавела.

Во моментов сме во Прилеп каде ударната екипа од Тапани во ноќта, на чело со Мартин Кочовски, жилаво ја подготвува Кавкаски круг со креда. Повторно Брехт и нормално повторно сме на сцена. Премиерата ќе биде некаде во април. Потоа продолжуваме со густа програма. Ако оди се по планот, летово ќе си ги заслужиме и морето и сонцето – велат од Фолтин во изјавата за Време.

Од концертните гостувања на групата засега е познато само дека на петти мај тие ќе гостуваат на фестивал во Кан, Франција. На почетокот на годинава тие имаа неколку настапи во Словенија, а како што кажаа неодамна во интервју за хрватскиот Т-портал, годинава имаат доста работа на музика за театар, додека, пак, материјалот за новиот албум е се уште во фаза на фетус.
 
Најзастапениот хормон што ја има во моето тело кога го слушам гласот на Бранко, е естроген.
 
Брее, сите женски што ги знам кои ги слушнале Фолтни се палат на гласот на Бранко :)

Супер се луѓево. Музичари невидени, ретко кој наш бенд успеал да се издигне толку, а да не стане commercial shit.

Кога пред две лета дојдоа кај нас на плоштад, дојде полиција и ги избрка демек многу гласно било. Мајката нивна, готов бев да им скокнам таму да ги испотепам. Дали ќе ја избркаа така и Цеца или сите ќе и` се клањаа. Самите не си го цениме своето и после некој трет ни е крив. Нема иднина за музиката во Македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom