Епа бидна и тоа.
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
ПО ДИРЕКТИВА НА УПРАВАТ ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
И нотарите се фискализираа
[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
За заверка на изјава кај нотар, услуга која чини 150 денари, фискалната сметка што ви ја даваат содржи два елемента - награда 100 денари и државна такса 50 денари. Идентични податоци како и на печатот на заверениот документ. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
По наредба на Управата за јавни приходи, и нотарите се фискализираа. Ако отидете да заверите документ кај нотар, сега, покрај печатот на кој пишува се за таксата и наградата, ќе добиете и фискална сметка со истата потврда, т.е. информација колку од парите кои сте му ги платиле на нотарот одат за државата, колку за него како награда.
На пример, за заверка на изјава кај нотар, услуга која чини 150 денари, фискалната сметка што ви ја даваат содржи два елемента - награда 100 денари и државна такса 50 денари. Идентични податоци како и на печатот на заверениот документ.
"Точно е дека се фискализираа и нотарите. Аргументот на УЈП е дека се што е готовинско плаќање во Македонија, треба да се фискализира, иако ние и досега на печатот од сите документи кои ги заверуваат граѓаните заведуваме колкава сума оди за такса, а колку за награда. Буквално сите нотарски услуги ги евидентираме во уписници, во регистри. Фискалната сметка ќе биде дупликат потврда, никакво дополнително оптоварување за никого", објаснува за "Вест" претседателот на Нотарската комора на Македонија Златко Николовски.
Николовски вели дека сите нотари во државава си ги купиле фискалните каси уште пред новогодишните празници. "Фискалните каси ги набавивме преку 'Дуна компјутери'. Една чини 14.600 денари. Ги купивме од свој џеб, со тоа што парите потоа ќе треба да ни ги врати државата", објаснува Николовски.
За разлика од нотарите, извршителите се уште не се фискализирани, иако и тие имаат писмена препорака, односно наредба од УЈП за задолжително давање фискални сметки за наплатите во кеш. Нотарите се приоритетни во фискализирањето, објаснуваат извршителите, зашто тие за услугите наплатуваат во готово. Извршителите наплатуваат главно безготовински, преку сметка, и многу ретко во кеш.
Извори во УЈП тврдат дека фискализацијата кај извршителите е во тек, дека некои од нив имале набавено фискални каси уште лани, но не се знае кога ќе биде официјалниот старт со давањето фискални сметки по спроведените извршувања. (С.К.Д.) [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
http://vest.com.mk/default.asp?id=161894&idg=9&idb=2569&rubrika=Makedonija
[/FONT]