Finalissima 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Или во превод Големото финале, е настан каде силите ќе ги одмерат победниците на јужно американската Копа Америка и Европското првенство во фудбал.

Ова е трето издание а првпат насловено како Финалисима откако претходните 2 изданија го носеле името Артемио Франки куп.
Победниците на Копа Америка и ЕУРО за прв пат се сретнале во 1985та година во Париз на Паркот на принцовите каде европскиот шампион Франција ја совладала селекцијата на Уругвај со 2-0.
Вториот натпревар од Артемио Франки купот се одиграл во Мар де Плата, Аргентина, каде домаќинот и победник на Копа Америка `91 победил против европскиот шампион Данска со 5-4 на пенали откако во регуларниот дел и после продолженијата резултатот бил 1-1.

finalissima%20logo%20%281%29.jpg


22ка. Аргентина - Италија на Вембли во Лондон.

Главен судија: Пјеро Маза од Чиле
Помошници: Кристијан Шиман и Клаудио Риос.
Четврти судија: Хесус Хил Манзано од Шпанија.
ВАР судии: Алехандро Хернандез Хернандез, Хуан Мартинез Мунуера од Шпанија и Тијаго Мартинс од Португалија.

Правилата се 90 минути, без продолженија, пенали ако е нерешен резултатот.
12 резерви, 5 измени.

Состави:
Аргентина е освојувач на Копа Америка 2021 oткако во финалето го совлада Бразил со 1-0.
Ова е списокот од 23 играчи повикани од селекторот Лионел Скалони.
Капитен на репрезентацијата е Лионел Меси.

Голмани:
Франко Армани (Ривер Плата)
Херонимо Руљи (Виљареал)
Емилијано Мартинез (Астон Вила)

Одбрана:
Хуан Фојт (Виљареал)
Николас Таљафико (Ајакс)
Херман Пецеља (Бетис)
Маркос Акуња (Севиља)
Кристијан Ромеро (Тотенхем)
Лисандро Мартинез (Ајакс)
Николас Отаменди (Бенфика)

Средина:
Родриго Де Пол (Атлетико Мадрид)
Езекиел Паласиос (Баер Леверкузен)
Николас Гонзалез (Фиорентина)
Гвидо Родригез (Бетис)
Џовани Ло Селсо (Виљареал)

Напад:
Лионел Меси (ПСЖ)
Анхел Ди Марија (ПСЖ)
Алехандро Гомез (Севиља)
Пауло Дибала (Јувентус)
Лаутаро Мартинез (Интер)

Италија е актуелен Европски шампион откако лани на Вембли ја совлада Англија на пенали, 3-2.
Селектор на Аѕурите е Роберто Манчини.
Капитен Џорџо Киелини кој ќе се збогува со репрезентацијата на Италија на овој натпревар.

Голмани:
Алесио Крањо (Каљари)
Алекс Мерет (Наполи)
Џанлуиџи Донарума (ПСЖ)

Одбрана:
Џовани Ди Лоренцо (Наполи)
Џорџо Киелини (Јувентус)
Леонардо Спинацола (Рома)
Мануел Лацари (Лацио)
Алесандро Флоренци (Милан)
Емерсон Палмиери (Лион)
Франческо Ачерби (Лацио)
Леонардо Бонучи (Јувентус)
Алесандро Бастони (Интер)

Средина:
Мануел Локатели (Јувентус)
Жоргињо (Челзи)
Федерико Бернардески (Јувентус)
Матео Песина (Аталанта)
Брајан Кристанте (Рома)
Николо Барела (Интер)
Лоренцо Пелегрини (Рома)

Напад:
Андреа Белоти (Торино)
Матео Политано (Наполи)
Џанлука Сакамака (Сасуоло)
Џакомо Распадори (Сасуоло)

Можни состави:
schermata_2022-06-01_alle_09.20.10.png


Почеток на натпреварот 20:45.
Марко Тардели од Италија и Хавиер Занети од Аргентина заедно со синовите на Диего Армандо Марадона и Паоло Роси ќе бидат официјални лица и претставници на натпреварот како и доделувачи на наградите за победникот. Специјална посвета за покојните фудбалски легенди на двете земји како и поздрав и испраќање во репрезентативна пензија на Џорџо Киелини кој практично и завршува со европскиот клупски фудбал.
 
Што напад извади Аргентина од прва минута, браво...
 
Што е со Песина како стартер, а грее клупа во Аталанта?

Локатели, Пелегрини и Тонали?
 
3:1 за Аргентина!
Автоматски споено мислење:

Меееси Мееееси Мееееси
 
Последно уредено:
Бохохохоохохохохохонучи како приколица проба да се закачи. :pos: :pos: :pos:
 
Донарума ги спасува италијанциве од блам.

На ништо не личат, ко за инат се појавени на утакмицава. Ваљда уште ги држи шокот од фијаското против нас.
 
Back
На врв Bottom