ФИН пројект (FIN Project)

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Мислам дека дечките заслужуват посебна тема. Најмногу поради промоција на високо квалитетна македонска музика.

Промовиран албумот „FIN Project - beats & ornaments“ на Никола Стојковсски



FIN Project - beats & ornaments (Фин проект - тактови и украси) е насловот на новиот, втор по ред албум на Никола Стојковски, во коавторство со Флоријан Наумов.

Промоторот на албумот, кој носи поднаслов „Inside Macedonia/Македонија од внатре„, Александар Темков на вчерашната прес-конференција посочи оти станува збор за дело на новите модерни музики кои се издаваа во последните години, а претставува спој на современата ритмика, која наоѓа инспирација во традицијата.

- Тактовите се всушност прогресивниот ритам на прогресивниот хаос, а украсите се лириката, текстуалноста и музичкиот амбиент кој се зема од традицијата и од народната музика, рече Темков.

Преслушувајќи го албумот чиј наслов FIN Project ги обединува иницијалите на Флориан и на Никола кои го создадоа овој проект, Темков посочи оти албумот нуди соничен, амбиентален хаос и не станува збор за ремикс на познати песни туку повеќе личи на еден диск џокејски микс.

Стојковски, кој е автор на аранжамните и продуцент на албумот, за мотивите за ова ЦД кое претставува музичка фузија, рече дека е спој на она што го носел во себе слушајќи ги своите музички идоли и на неговиот личен уметнички интерес. Инаку, на публиката Стојковски и е познат и како Ди џеј Нино, а негов прв деби албум во стилот на house and progressive звукот е „Mirror“ („Oгледало“) излезе во 2004 година.

Соработници на албумот се Даниел Маневски на кавал, Боби Серафимовски на гитара. Гости се и вокалите Елена Христова која е реномирана пејачка со меѓународна кариера и Теа Богатинова млада талентирана композиторка, студент на ФМУ, која допрва доаѓа на сцената.

Проектот е во издание на Литиум Македонија, а е поддржан од Министерството за култура. Албумот е издаден на крајот од 2012 година, а првиот сингл „Јано мори севдалино“ веќе беше број еден на листата на најпопуларни и Топ 10-денс песни на една од домашните радио-станици.

Извор: http://grid.mk/read/news/502587615/...project-beats-ornaments-na-nikola-stojkovsski

Уште еден текст како дополнување:

„ФИН ПРОЕКТ“ со битови и орнаменти од Македонија

„Битови и орнаменти / Во Македонија“ е насловен албумот на ФИН ПРОЕКТ што се појави деновиве и зад кој се „крие“ диџејот и продуцент Никола Стојковски со своите соработници. Станува збор за објава во која мотивите од традиционалната македонска музика се поминати низ современи електронски аранжмани и за понуда која што освојува на прво слушање.


Љупчо Јолевски

10.02.2013
И
дејата за конкретниот проект е базирана на моето долгогодишно диџејско искуство кое трае некаде деценија и половина, а спојот со традиционалната македонска музика е оној спој кој е природен и кој доаѓа од самата душа на сите оние кои учествуваа во неговата реализација, почнувајќи од мене како негов автор, преку гостите инструменталисти и се до издавачката етикета „Литиум“ која имаше сенс за добрите вибрации – вели Никола Стојковски, во пресрет на промоцијата на албумот на ФИН ПРОЕКТ насловен како „Битови и орнаменти / Во Македонија“ што треба да се случи во среда на 13 февруари.
Тие теми се искористени како мотиви кои потоа се разработувани и импровизирани на едно поинакво ниво од она на кое бевме навикнати да го слушаме во современите македонски обработки независно дали се работи за рок или поп музика. Ова се малку посовремени електронски аранжмани кои дефинитивно, во последнава деценија, одлично поминуваат на светската музичка сцена.
Никола Стојковски, диџеј и продуцент.

На албумот авторот посега по мотивите на четири македонски традиционални теми ( „Јано, мори Севдалино“, „Со маки сум се родила“, „Билбил пее во планина“ и „Си заљубив едно моме“) и обнародената „Ако умрам ил загинам“ на бардот Јонче Христовски, и нив ги донесува во современи електронски аранжмани. На тој начин, Стојковски претставува нов и поинаков (самосвоен) пристап кон нашата актуелна звучна слика.
​​
„Тие теми се искористени како мотиви кои потоа се разработувани и импровизирани на едно поинакво ниво од она на кое бевме навикнати да го слушаме во современите македонски обработки независно дали се работи за рок или поп музика. Ова се малку посовремени електронски аранжмани кои дефинитивно, во последнава деценија, одлично поминуваат на светската музичка сцена.
Јас сум од оние генерации кои ги живееја „Мизар“, „Анастасија“, „Архангел“...и тој звук на мене многу влијаеше иако беше концепциски различен од таа електронска сцена на која јас и припаѓав. Сепак со текот на времето, со фузиите во музиката, таа идеја си доби една конкретна димензија и еве резултираше со овој проект.“
Знам дека Македонија е полна со квалитетни музичари и вокални интерпретатори, меѓутоа мојата желба беше да пронајдам луѓе кои ќе ја доживеат мојата музика на вистинскиот начин. Мислам дека овој спој, според фидбекот кој го имаме, е добитната комбинација.
Никола Стојковски, диџеј и продуцент.

Во процесот на креирање на материјалот, тој нашол идеални соработници во Даниел Маневски на кавал, Боби Серафимовски – гитара и пијано и Елена Христова ( „Баклава“ ) и Теа Богатинова како вокалистки.

„Знам дека Македонија е полна со квалитетни музичари и вокални интерпретатори, меѓутоа мојата желба беше да пронајдам луѓе кои ќе ја доживеат мојата музика на вистинскиот начин. Мислам дека овој спој, според фидбекот кој го имаме, е добитната комбинација. “

Никола Стојковски, како диџеј и промотер, во светот на музиката влегува во 1998 година со групата „Перкашн дискашн“ од Скопје. Со својот пријател Зоран Георгиев, попознат како диџеј Лефонк, започнуваат со своите сетови на најпопуларните радиостаници во земјава, а потем се јавуваат и како организатори на бројни перформанси на повеќемина современи артисти.

Во 2004 година тој преку сопствената продукција за хаус и прогресивна музика ќе го потпише деби албумот „Mirror“ , од кој синглот „Be There“ ќе излезе и за „Прогрес рикордингс“ на Тони Томас во Велика Британија и ќе стане не само составен дел на сетовите на бројни светски диџеи туку повеќе од солидно ќе помине и на специјализираните топ листи.

За одбележување е и неговата соработка со Тони Зен, Тамара Тодевска и Дани Димитровска документирана на изданието „FIN Project Remix Contest“, по што во текот на минатата година артистот ќе го сними својот втор албум „Beats & Ornaments / Inside Macedonia“ („Битови и орнаменти / Во Македонија“) и прв со името ФИН ПРОЕКТ. Она што посебно е интересно е што синглот со песната „Јано мори, севдалино“, и пред официјалната објава на албумот, со метеорска брзина се искачи на врвовите на топ листите на неколку домашни радио програми .

„Оваа наша музика добро поминува и на радио станиците што емитуваат странска музика. Тоа значи дека македонската музика, поточно конкретниов проект, достигнал едно ниво за да може да се носи со светскиот звук кој е во моментов актуелен.“

Наскоро ќе следува и концертна промоција на албумот со комплетната екипа на сцена, а Стојковски веќе ги бележи и идеите за следбеникот на „Битови и орнаменти / Во Македонија“.
http://www.makdenes.org/content/article/24898110.html

Линк за песната: http://www.youtube.com/watch?v=rxcBtYFNV-M
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom