Филолошки факултет - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
1. Современ англиски јазик 1
2. Граматика на англискиот јазик - Морфологија 1
3. Англиска книжевност 1 (драма/поезија)

+ 3 изборни предмети
Има нешто на нет да ги разгледам ове предмети?
 
Има нешто на нет да ги разгледам ове предмети?

nema, od ovie sovremen angliski ti e isto kako u sredno sto ucis kniga i rabotna samo nivo pogore, morfologija ti e u globala edna kniga koja mora da ja naucis na pamet i polozuvas, e knizevnost toa e malce zaebano pogotovo poezija, mnogumina tuka zaglavuvaat pogotovo onie koi ne sakaat da ucat mnogu ili mrazat literatura
 
А некој што оди на оваа катедра ако сака подетално да ми каже искуства пофалби и поплаки бидејќи оваа година сум матурант и планирам да одам англиски јазик и книжевност, но се двоумам. Фала ви.
 
Дечки да ве прашам нешто да ми подобјасните.
Ако земам прв јазик турска книжевност дали можам како 2 да го земам германски и 3 албански?
Има некој некоја слична комбинација?Или би ми препорачале нешто друго?
 
Дечки да ве прашам нешто да ми подобјасните.
Ако земам прв јазик турска книжевност дали можам како 2 да го земам германски и 3 албански?
Има некој некоја слична комбинација?Или би ми препорачале нешто друго?
Доколку сакаш да го земеш турски како немајчин,нема да можиш бидејќи нема кадар на професори за немајчин.Истото важи и за германски ми се чини.Кои да го земеш да ти биди матична катедра можеш другите два да ги земеш како изборни така да....

Колку што сум информирана толку ти кажав.....
:pipi:
 
А некој што оди на оваа катедра ако сака подетално да ми каже искуства пофалби и поплаки бидејќи оваа година сум матурант и планирам да одам англиски јазик и книжевност, но се двоумам. Фала ви.
Малку доцнам со одговоров но ќе ти кажам секако. Искрено, имам повеќе поплаки отколку пофалби. Има огромна неорганизираност. Ако си од тие луѓе кои сакаат да присуствуваат на сите предавања и вежби, треба да си спремен да дремеш од 9 до 18 часот на факултет. Присуството не е задолжително. Но, поарно за вас да доаѓате, затоа што ова е јазик, ако еден ден не си присутен, всушност многу си пропуштил и нема како да надоместиш. Имаш по 6 предмети секој семестар од кои 3 задолжителни и 3 изборни. Тие 3те изборни всушност ти се исто така задолжителни зошто катедрата те приморува да ги земеш ако сакаш успешно да го завршиш модулот. Во втора година ќе мора да се одлучите на кој смер сакате да одите: на наставен смер или на преведување и толкување. Наставниот и преведувачкиот смер 3те задолжителни предмети им се заеднички, останатите (изборни) на наставниот смер се Педагогија, Психологија, Методиките, Историја на англиски... и слично, додека пак на преведувачкиот смер во изборни спаѓаат: Теорија на превод, Преведување од англиски на македонски и обратно, Консекутивно толкување, Симултано толкување и така натаму. Во задолжителните предмети спаѓаат САЈ(современ англиски јазик), Книжевностите (драма, поезија, роман) и Граматиките на англискиот јазик. Најчести предмети на кои студентите заглавуваат се: книжевностите и граматиките. Лошо е што сите предмети меѓу себе се поврзани и ти влечат, така што на пример ако не можеш да положиш книжевност 4, а сакаш да полагаш книжевност 5, немаш право. Значи и задолжителните предмети и изборните се поврзани меѓу себе и ти влечат и не можеш да го полагаш наредниот ако го немаш положено претходниот предмет. За бескрајното чекање по ходници да земеш оценка од професор нема да зборувам зошто тоа го има на сите факултети. Факултетот не ти нуди никакви можности за семинари, обуки, патувања во странство. Мора да си спремен и да ги челичиш нервите за чекање ред во студентски прашања. На оваа наша катедра без исклучок, секогаш има најдолга и најширока редица за чекање. Има професори што навистина вредат и се трудат да те разберат како студент, но тоа се најмногу два-тројца. Сите останати се за никаде.
Не сакам повеќе да ти кажувам, за да не те разочарам и исплашам, но искрено ти кажувам дека многу ми е криво што јас кога се запишував, немаше некој вака ко јас тебе што ти кажувам сега, да ми ја покаже вистинската слика за Англиски јазик и книжевност на Филолошки. Со една реченица: сега да сум средношколка која треба да избира кај да се запише, никогаш не ја одбрала оваа катедра на овој факултет. Но сепак, на тебе е да одлучиш. Ако имаш некои дополнителни прашања, слободно прашај. Каде и да одлучиш да се запишеш, со среќа!
 
Како се преведуваат овие реченици од македонски на англиски?

1. Колку повеќе идеи имаш, толку подобро.
2. Колку повеќе вежбаш, толку си појак.
 
Здраво, дали можете да ми кажете некои лесни предмети што не бараат многу присуство и учење за втор семестар? Некои ги спомнаа агиологија и вештини на пишување, а други некои има?
 
Колеги, секогаш избирајте ги предметите што за вас може да бидат интересни или од некаква корист за студиите и за продлабочувањето на вашето знаење поврзано со материјата што ја учите, без разлика на тежината. Секогаш е полесно да правите/учите нешто што го сакате или нешто што ве интересира отколку нешто што ради реда треба да го завршите, бидејќи чим од почеток сте барале предмет што ради реда треба да го положите, значи дека и на самиот старт правите грешка и нема да ви биде лесен предметот. Пр. Агиологија го одбираат бидејќи се смета за „лесен“ и се полага со семинарски труд. Не знам колку за еден пр. преведувач/толкувач по германски, англиски итн. би биле интересни и корисни манастирите... :)
 
Агиологија не се полага со семинарски труд, туку се оди на завршен испит (нема колоквиуми). Предметот го држи професорката Добрила Миловска и има книга за Агиологија -- Житија на жени-светици (Taбернакул) од проф. Добрила Миловска. Нема предавања, се оди само на консултации (барем така беше минатата и пред минатата година, освен ако нешто се сменило во меѓувреме, не сум информиран).
 
Ја положив Агиологија кец со Википедија и телефон на испит, какви семинарски и книги од Табернакул зборите не знам :D
 
Такви циркузи сум видел и кај Саздов и кај Пандев, цели скрипти/книги сликани и препишување на испит од телефон. Е, сега, кому како ујдисува...
 
Последно уредено:
Ја положив Агиологија кец со Википедија и телефон на испит, какви семинарски и книги од Табернакул зборите не знам :D

тоа е по пропис, и ја така со интернет па контрастивна ми стави две шестке, опасна работа се телефоните, играње со оган:D и што е најтрагично ништо не препишав од тел, препишав од тие до мене, они добија 9ки ја 6 пошто ме виде :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom