Филмска потера по глава на коза што пловеше по Вардар
Полицијата, новинарите и граѓаните беа убедени дека бараат отсечена женска глава
Полициска потера како на филмска лента се случуваше вчера по кејот на Вардар во Скопје. Десетина полицајци и „алфи“, засилени со новинари на неколку медиуми и случајни минувачи, следеа нешто што личеше на отсечена женска глава, со долга црна коса и со потонато лице, кое гледаше кон дното на водата, за на крајот од неколкукилометарската потрага да се утврди дека станува збор за коза. Потрагата веројатно ќе траеше и подолго доколку вирот во реката не ја однесе главата до брегот, по што две момчиња со стап ја извлекоа главата.
Драмата започна околу 12,30 часот кога дел од фоторепортерите на скопските редакции на кејот на Вардар кај плоштадот во центарот на Скопје забележале нешто сомнително во водата. Стравувајќи дека станува збор за женска глава, ги информираа редакциите и самоиницијативно почнаа да ја следат главата по текот на Вардар. Во меѓувреме, за случајот беше информирана и полицијата, која само по неколку минути се придружи во потерата. По реката, преку хотелот „Холидеј ин“, комплексот банки, спортската сала во населбата Јане Сандански, главата стигна до мостот „Близнак“, каде што беше пречекана од новинарите и полицајците.
Следуваше потера како на холивудските филмови. Од една страна на кејот, по калливиот пат, се движеа еден полициски „лендровер“ и еден автомобил без полициски ознаки на „алфите“. Зад нив три автомобили на новинарските куќи. Дел од „алфите“ се движеа пеш и ја следеа главата. Слична ситуација и од другата страна, само што тие беа засилени со две момчиња, кои со стап се обидуваа да ја фатат главата. Сите беа убедени дека бркаат глава од жена. Почнаа да се вртат неверојатни приказни, да се шпекулира кој и зошто би можел да го изврши убиството. Се споменуваа слични приказни од минатото.
Немаше никој храброст да влезе во водата. Силниот ветар и струењата во водата ја одвлекуваа главата кон средината на реката. Никој не знаеше кога и како ќе заврши потерата, кога еден од вировите почна да ја носи главата кон брегот. Кога конечно запре, се бараше јунак, кој ќе види за што станува збор. „Глава е, глава е“, беше најчестото што можеше да се слушне.
Неколку секунди подоцна настана огромна смеа, кога сите присутни сфатија дека станува збор за коза. По едно и полчасовна потрага, авантурата заврши.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=444C4D69BC7F01499C97E214C5EB2ECE

барем новинарите си добиа вест за насловна