FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Revanche (2008)


Алекс што личи на Роберт Карлај односно Бегби од Треинспотинг е поранешен затвореник којшто работи нешто као обезбедување за еден макро и е во тајна врска со една од проститутките, украинка, Тамара. Овој одлучува да ограби банка и да избега заедно со Тамара негде за да си почнат нов живот.

Е ова што го напишав трае буквално 1 саат, точно на средината овие идат да ограбат банка и тука се дешава едно убиство.

Во вториот саат од филмот гледаме двајца ликови директно засегнати и поврзани со убиството како психички се борат со самите себеси за истото. Ако добро го напишав ова.

Све е океј, поштувам идејата, реализацијата е онака баш европска, атмосферата спора депресивна, мокра. Целото дејствие е споро, премногу споро. Барем глумата да беше погодена и одиграна како што треба. Овој бркото беше добар до негде.

6ка ќе му дадам ајде, ради клубов.

Има некоја Пејчиноска тука, ваљда е наша.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.983
Поени од реакции
37.261
36. Tomcat (2016)

1661286008004.png

Каква глупоштина од филм! Го одбрав пошто некаде го прочитав зборот хорор, па некако маче и хорор ми изгледаше примамливо. Ама тука ни Х од хорор немаше, а од примамливото ни трошка не остана. Се работи за двајца хомосексуалци кои живеат заедно и чуваат мачор по име Мојсеј (премногу експлицитна голотија во првата третина од филмот, ете уште една причина да не го гледате). Во првата третина фокусот е ставен на нивната врска, на блискоста, довербата меѓу нив и колку тие се сакаат. Наеднаш се случува еден изблик на насилство од страна на едниот од нив, што го урива се она од почетокот како кула од карти. Нема веќе ни блискост, ни доверба, а се чини ни љубов. Поентата на режисерот е да прикаже дали после една таква грешка, после еден таков насилен момент, една ваква врска може да опстои и се да биде како некогаш. До некаде ја разбирам и одлуката парот да биде со хомосексуалци, мажи, зашто во секоја друга комбинација ќе имаше некој друг момент кој ќе пречеше во прикажување на таквата поента. Не би да објаснувам повеќе на што мислам, ако некој некогаш се нафати да го изгледа филмов (а не препорачувам), можеби ќе сфати. Само 4/10. Очекував нешто сосема поинакво.

37. The White Ribbon / Das weisse Band - Eine deutsche Kindergeschichte (2009)

1661286671318.png

Уффф, каков филм! Не можам да сфатам како вакви ремек дела имам испуштено од вид. Конкретно за овој мислам дека ме одвраќаше некоја идеја која ја имав дека се работи за WWII филм, а не знам од каде такво нешто. Станува збор за едно германско селце пред почетокот на Првата светска војна каде се случуваат мистериозни инциденти за кои возрасните не можат ни да претпостават кој е одговорен. Навидум идилично место каде децата се најстрого воспитувани да го почитуваат патријахалното семејство и христијанството, но очигледно родителите (сите возрасни тука се наречени според улогата која ја вршат во општеството: пастор, учител, доктор (...) , ничие име не дознаваме, единствено ни се познати само имињата на децата) потфрлаат во растењето на една цела генерација која подоцна ќе биде темелот на нацизмот и на фашистичка Германија. Многу јака порака од Ханеке тука, навистина ме воодушеви. Начинот на воспитувањето на децата од страна на родителите е во голема мера одговорен за нивното однесување и постапки не само како деца, туку и кога ќе пораснат како возрасни личности. Има само едно детенце, најмалиот син на пасторот кој невино и наивно му го дава своето милениче - врапче на таткото откако неговата птица ќе биде убиена, само за да не биде тажен, што покажува дека и во таа генерација не е се труло, дека ќе има личности кои ќе се спротивстават, ќе премолчат или ќе помогнат таму каде е потребна помош. Но неговата улога во се тука беше толку мала, па како и да е, ќе потоне во бранот ужаси кои следуваат. Или покрај другите, ќе почне и тој да скапува. Многу, многу моќен филм! Не спомнав, ова е пак Ханеке: мојот трет негов на патувањево, или петти вкупно, и најдобар до сега! Најтопла препорака за сите кои сакаат филмови во кои мора да се чита и помеѓу редови. Чиста 10/10!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Amour (2012)

Спор ми е овој Ханеке и не ми се по кејф нешто неговите филмови, од тоа што имам изгледано. Ама овој некако сакав да го гледам.

По самиот опис на филмот отприлика знаев што ќе гледам, не очекував ваков крај да бидам искрен.
Поштувам, све океј, се согласувам дека брачните другари треба секогаш да се грижат еден за друг до самиот крај, па дури и го сфаќав стариот кога се одлучи на последниот чекор кога и раскажуваше приказна од детството, се тоа беше фино и убаво.

Само многу досадно и споро, до негде предвидливо со оглед на почетната сцена, а и без тоа мислам дека впечатокот ќе беше ист. Фалеа емоции, а можда режисерот и нејќе емотивно да не закача, туку на ваков начин сака да ја прикаже љубовта.

Не знам што зборам. Ме мрзи да пишувам и да замарам.

Добар филм, се мислам меѓу 6 и 7 ама ќе му дадам 7 ради клубов а и поради тоа што мислам дека ќе ми остане во сеќавање, барем тематски.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Изгледав уште 2 шпански во рок, али ме мрзеше да пишувам.

Ако може да се вклучат и оцениве ок, ако не пак ок, нека стои дека се изгледани.
* Jamon, Jamon (1992) - 2/5
Ништо посебно. Секој секого ебе во филмот. Едино вредно беа цицките на Пенелопе, али може да ги видите и без да губите 2 саати на филмов.

* Volver (2006) - 4/5
Ова е веќе Алмодовар што сакам да го гледам. Одлична семејна драма со Пенелопче.


Австрија

Ќе го испуштев возот за Виена, али гледам La pianiste бил австриски, а го имам пред некои 3 години симнато и му дојде редот денес.

Од Ханеке сум го гледал Cachè и не знаеше кај тера и што сака да покаже со тој филм. А беше демек трилер. Појма нема човекот што е трилер.

La Pianiste (2001) или Пијанистка од друга страна е драма, али држи внимание.
Веќе e кажано што се случува, да не повторувам.

Fucked up parents растат fucked up kids у принцип. Иако секогаш може да има исклучок. Овде немаше.
Пијанистката беше растроена, али мене повеќе ми идеше на курац мајка и' што својата 40-50 годишна ќерка ја третираше ко тинејџерка со забрани, кај си досега, барање на 5 минути, зошто не се јави кога те барав, шлаканици што не дошла на време и слично. Не може некој да ми каже дека тој психо мајндсет што ќерката го имаше не е ради "воспитувањето". Премногу притискање и забрани водат до пукање што и на крајот се деси.

Изабел Ипер одлична во главната улога.

Оцена 4/5.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
The White Ribbon (2009)

Се враќаме повторно на патувањето низ Европа. Кога видов дека е Австрија на ред, прво си помислив дека не знам ни еден австриски филм, но испадна дека филмовите на Ханеке се сметаат за австриски. Имав два филмови негови на watchlist, овој и Amour, ги симнав и двата и решив прво да го гледам овој, со оглед дека имав чувство како да го гледам три дена кога го гледав, Amour ќе остане да се гледа во некои подобри наредни времиња.
Досега сум ги изгледал од Ханеке: The Piano Teacher, кој не се ни сеќавам што се работеше ама не ми остави добар впечаток, Cache што ми се допадна пред се поради мистеријата и Funny Games оригиналниот кој е еден од ретките филмови што ме има исфрустрирано во крајни граници.
The White Ribbon ми е како мешавина од претходниве. Има мистерија што не се разреши, имаше weird приказни и карактери што радо би ги дигнал во воздух и кои прават да се чуствуваш неубаво. Бавно дејство, на моменти заинтригира ама не донесе посакуван заклучок. Setting-от беше одличен, црно-белата слика помогна многу во тоа. Глумците си беа одлични во глумење на социопати од некое забутано село во почетокот на XX век.
Не е филм во кој уживав, не би го препорачал на никого кој не е запознат претходно со Ханеке, но сепак поради одличната кинематографија и глума ќе му дадам 7/10 ама оди кон просечна оцена за филм.
 
Член од
31 август 2021
Мислења
18
Поени од реакции
13
Бидејќи денеска е последниот ден од патувањето во Австрија, а сакам да се качам на возот кој вози низ Европа и ги запознава културите преку филмот, затоа денеска го одбрав првиот филм кој ми се падна на онлајн страниците и го одбрав овој филм. Инаку има интересна приказна според вистински настан.

The_Counterfeiters_(2007_film).jpg


Фалсификаторите (германски: Die Fälscher) е австриско-германски драмски филм од 2007 година, напишан и режиран од Стефан Рузовицки. Ја фиктивизира операцијата Бернхард, таен план на нацистичка Германија за време на Втората светска војна да го дестабилизира Обединетото Кралство со преплавување на нејзината економија со фалсификувани банкноти од фунтата на Банката на Англија. Филмот се фокусира на еврејскиот фалсификатор, Саломон „Сали“ Сорович, кој е принуден да помогне во операцијата во концентрациониот логор Заксенхаузен.

Филмот е заснован на мемоарите на чешки јазик од 1983 година Komando padělatelů „Командото на фалсификаторите“ од Адолф Бургер, кој на крајот ќе биде објавен на англиски како „Работилницата на ѓаволот“. Бургер бил еврејски словачки типограф кој бил затворен во 1942 година поради фалсификување на крштевки за да ги спаси Евреите од депортација, а подоцна бил интерниран во Заксенхаузен за да работи на операцијата Бернхард. Филмот освои Оскар за најдобар странски филм во 2007 година на 80-тото доделување на Оскарите.

Искрено мене ми се допадна филмот го оценувам со 7,5 од 10 и го препорачувам да си го гледате кога ќе имате време, интересен филм.

До следна дестинација. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.983
Поени од реакции
37.261
Помина Австрија со само 10 филма изгледани (имаше и полошо - три држави имаа по 8). Но средната оценка за нив е 7,05, што сега ја прави Австрија втора најсилна по Македонија (Шпанија падна по последните 2 филма на @Shawn Spencer , па сега е дури на 4 место).

-јас изгледав 4 со средна оценка 7,25
- @Filip Telford 2 со средна оценка 6,5
- @Shawn Spencer , @The Cooler King , @Violetova и @Jon The Snow по 1 со вкупна средна оценка 7,13

@devilko , @Dumbledore , @Shutmanga , @Mark Renton , @grande-juve , @moongoses , @Keyser , @Corvus , @Imperatorot , @zmija1 , @Варвара , @Darling и @Agda Beata не стигнаа во Виена.

Одиме до следна дестинација. 16 држава на нашето патување е:

Italy.jpg

ИТАЛИЈА 26.08-01.09.2022

Од тука барем нема да имаме проблем со наоѓање филмови. Антониони, Фелини, Бертолучи, Арџенто, Де Сика, Торнаторе... - чекаат на вас.

Некои листи:

Letterboxd 50: Italy
Every Italian film nominated at the Oscars
List of Italian submissions for the Oscars
Film Movement - Italian Neorealism (1942–1951)
The Best From Italy
Italian Cinema Catalog
Italian
Italian Cinema (Top 100)
Top 200 Italian Giallo Films As Rated By The Letterboxd Community
Italy
Italy

Divertitevi!
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.938
Поени од реакции
25.399
Јас Италија не ја пропуштам! :)

Malèna :love:



Дејството се одвива во Италија(duh!), на почеток на втората светска војна. Преубавата Моника Белучи, која ја игра улогата на Малена, е една од најпосакуваните жени во градот. Сопругот на Малена е војник на служба, таа живее сама и во меѓувреме се грижи за нејзиниот татко. Токму поради нејзината состојба, таа е мета на многу мажи во градот. Еден од нив е и младиот Ренато, кој е опседнат со Малена и будно го следи секој нејзин чекор. Поради неговата опседнатост со неа, тој ќе сведочи многу непријатни настани низ кои ќе поминува оваа убава жена. Имено, Малена станува вдовица, татко ѝ починува и Малена е принудена да стане проститутка за да се прехрани и да опстане во воената состојба.

Филмот, меѓу другото, одлично го доловува „расипаното“ во умот на човекот и ја покажува несовршеноста на човековата природа во дадени ситуации.

10/10
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
За Австрија немав време, но конечно најдов време да го изгледам

IMDb: : Cinema Paradiso
https://www.imdb.com/title/tt0095765/

Зарем треба да се коментира?

Секој еден што ја подзагубил љубовта спрема кинематографијата, со филмов ќе ја врати.

Сакам да одиме со татко ми на кино.

20/10 оценка, да се забележи.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ennio (2021)
The Glance of Music
ennio.png

Како другачие да го почнеш патувањето низ филмска Италија ако не со најпознатиот лик што произлегол од италијанската кинематографија?

Документарен филм за музичко-филмската историја на Маестро Енио Мориконе, во режија на Џузепе Торнаторе, режисер кој (ако не се лажам) има највеќе филмски соработки со Мориконе.

Не знам каква рецензија да напишам, не знам што да кажам.
Мориконе практично си ја раскажува животната историја, од самите почетоци пред да се вклучи во филмовите, кога работел само со музичари, низ сите свои дела, најпознатите филмски остварувања, соработките со многу познати ликови, концерти, награди и до конечниот Оскар заработен во 2015та година.

Зборуваат за него, меѓудругите и Клинт Иствуд, Брус Спрингстин, Бернардо Бертолучи^, Квентин Тарантино, Ханс Зимер, Оливер Стоун, Дарио Арџенто и многу други композитори, пејачи, музичари.

Енио Мориконе никогаш не ја дочека премиерата на документарецот чија премиера беше на годишнината од смртта на Маестрото, на 7-ми јули 2021ва година.

Оценка, 10.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
171
Поени од реакции
776
^ Кога кажа дека Кјубрик го барал за пеколниот портокал...е вака, исто!
26651550.jpg

Тргнав со намера, како добро учениче, распустот да го искористам за да пуштам нешто од Норвешка, Црна Гора и Грција. И како што обично бива кај мене, обратно од планот, пак заглавив на исто.

Хрватска: Глоговац е маестрален во Ustav Republike Hrvatske. Не знам што им требаше да го упроспастат ликот на Маја со таква глупава замисла, до таа точка ми беше супер. 6/10

Португалија: Во 2006та, Сарамаго почнува ја пишува последната книга, „Патувањето на еден слон“. Овој документарен филм го следи патувањето на писателот. Ме потсети на непријатноста на првите средби со големи луѓе и на тоа зошто толку многу ја сакам литературата. Сакам некогаш да ја посетам куќата на Ланзароте и, кога ќе пораснам, да бидам борбено жениште како Пилар. 8/10 :love:

Бугарија: Имав (пре)големи очекувања од Слава, кои секако не ги исполни. На почетокот чувствував страшна тежина и мачнина. Чувството ми испари, филмот не мрдна од истата почетна точка. Поради носечката идеја и актерите, 6/10

Шпанија: Под принуда го гледав El laberinto del fauno и не знам зошто толку долго сум го одбегнувала. Ме однесе на друга планета. 8/10
Große Freiheit (2021)

Како што не можам да го замислам 120bpm без Бискајарт, така не можам да го замислам ни овој филм без Роговски. Ми се допаднаа прашањата кои ги покрева преку антагонизмот на Виктор, преку прегратката која станува симбол на отпор против системот, преку големото ослободување на Оскар. 7/10

Кога Ханс го искриши излогот помислив дека се жртвува поради самотијата на Виктор, но отпосле сфатив дека за него товарот на слободата е претежок, дека е казна или birds born in a cage think flying is an illness.

Најпосле дојде неделата за да ги гледам сите филмови кои ги поттурнувам додека трошам време на Мастројани. Ги планирам L'Eclisse, Indagine su un cittadino al di sopra di ogni sospetto, C'eravamo tanto amati, Amici miei и ако имам нерви за три саати - Cristo si è fermato a Eboli. Не знам колку ќе успеам, битно сум амбициозна :icon_mrgr:

One Hundred Steps / I cento passi (2000)
icentopassi.jpg
La mafia uccide, il silenzio pure.

По убиството на вујко му (клучен настан што ќе го дефинира), Џузепе Пепино Импастато жестоко се врти против мафијата во Чиниси. Како активист и новинар, го посветува својот живот на обелоденување на криминалните активности на дон Тано, во време кога во Италија не смее на глас да се изговори ни зборот мафија. Филм за неговата храброст и секојдневна борба.

Го доловува духот на времето, атмосферата која владее на Сицилија во седумдесеттите, семејните релации и односот на побунетиот син и таткото близок до мафијата. И е пример како промашена актерска екипа може да го упропасти цел филм. Барем за мене. 6/10
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Бонџорно.

Следен филм е
IMDb: : Gomorrah
https://www.imdb.com/title/tt0929425/

Години ми лежи на листа и конечно дојде време.

Бев запознаен со тематиката, и филмот е од времето на експанзија на мафијашки серии на Балканот.

Фамата стигна и до нашите вести во тој период, ако се сеќавате на радиоактивно ѓубриво и италијанската мафија.

Повеќе класни групи се обработени, а во центарот е матицата - криминалот.

Добар филм, 2 часа ми минаа брзо и сакав уште, па ја симнав и серијата од 2014 година. (Ако ме снема со филмови, значи сум заглавил со неа).

Ќе му дадам 9/10
Крајот беше најдобра порака. Од сите тие ликови, си го добија младите дечки, бунтовите и непослушни

И то.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Postman (1994)
Il postino


Италија пост Втора светска војна, кај населението се менува политичкото размислување и се повеќе се ориентираат према демо-христијанството на сметка на комунизмот кој е во умирање.
На едно мало островче пристигнува Пабло Неруда кој е протеран од Чиле.
-Ова е фикција пошто Неруда никогаш не бил у Италија туку се криел во Аргентина.

Има и такви кои го сакаат, еден од нив е шефот на поштата кој најмува специјален поштар кој ќе ја носи поштата само кај Неруда.
Поштарот се вика Марио Руополо, харизматичен и малце смотан 40тина годишен самотник кој живее со татко му.
Полека полека ќе се зближи со Пабло, ќе научи да ја сака поезијата и истата ќе ја користи да ја шармира и ќари преубавата Беатриче. Олд скул ќарување со комплименти и поезија или што би рекле во филмов, метафори.

Се протнува и хумор, малце од смотаноста на Марио, малце од затуцаните размислувања на локалците меѓу кои тетката на Беатриче и попот кој рече дека комунистите од Русија јаделе бебиња.

Многу убава драма, емотивна, мирна, пријатна.
Многу ми беше симпатичен ликот на Марио кој всушност е и ко-сценарист и ко-режисер на филмов чија премиера никогаш не ја дочекал, починувајќи 12 саати по завршувањето на снимањето на филмот, од срцев удар. Ја откажал операцијата само за да може да го завршат проектот.
Ова сега го дознав кога отворив да видам подетално за филмот, за наградите и номинациите.

Луис Бакалов има Оскар за најдобра музика.
Мајкл Редфорд номинација за режија.
Масимо Троиси постхумна номинација за главен актер.
Ил Постино номиниран за најдобар филм.

Така убаво ми легна ноќеска што не ни приметив колку брзо ми помина.
Преубава е Беатриче, ама доека го гледав филмов цело време сакав тоа да е Моника Белучи во соработка со дуото Торнаторе-Мориконе.
едит: Знаев дека ми е позната од негде. Ова е актерката од Сопранови, таа убавата комшика на Тони, од Италија студентката. Maria Grazia Cucinotta, заблагодарете ми се подоцна.

8/10 оценка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom