Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Па веројатно тоа ќе да е :D, сум имал доста ниски очекувања со тоа што прв пат ги гледам на филм (а мислам дека и ова ним им е прва филмска улога, па како за прва не е лошо, го земав и тоа в предвид). Малку имаше фрки со ликовите, Нинџа ојде од неутрал у бед гај, па у гуд гај хироу за релативно кратко време, некако немаше консистенција во однос на тоа како го напишале карактерот, а на Хју карактерот беше чуден, онака непотребно злобен. Разбирам дека беше бед гај во филмов, ама некако ми излезе традиционалноно evil for the sake of evil. Другите проблеми со филмов ми беа поминорни, а се на куп не ми пречеше да ми остане филмов како еден од најдобрите што сум ги гледал сега во 2015та. Му се спремам следно на Ex Machina :).
џабе е да се навлегува у ликовите, како и да се напишани немаат рбет да глумат овие, дечките и статисти да се ќе стрчат.

ex machina - thought provoking е, јако напишана скрипта, јака глума
мал(евтин) сет - нема широк кадар, повеќе е психолошки трилер
 
Ако, ако, немам проблем со такви филмови и сетеови :D. Фала на мислењето, ќе гледам што поскоро да го гледам со некој.
 
Да не знае од кој филм е сликава?

struja1.jpg
 
Препорачајте некоја интересна комедија, крими-трилер филмови али да не бидат они must see, пошто скоро се' ми е гледано од страна на крими-трилер.
 
Seven Psychopaths
Filth
 
Препорачајте некоја интересна комедија, крими-трилер филмови али да не бидат они must see, пошто скоро се' ми е гледано од страна на крими-трилер.
комедија
29th Street (1991) http://www.imdb.com/title/tt0101252/
He Said, She Said (1991) http://www.imdb.com/title/tt0102011/
Four Lions (2010) http://www.imdb.com/title/tt1341167/

крими трилер

The Long Good Friday (1980) http://www.imdb.com/title/tt0081070/
Eastern Promises (2007) http://www.imdb.com/title/tt0765443/
Fracture (2007) http://www.imdb.com/title/tt0488120/
 
Ама не е, за многумина гледачи кои не спаѓаат во групата на луѓе чии единствени очекувања им се да се релаксираат со CGI ефекти исполнети со повеќечасовно мелење и дробење) - ќе биде тотално разочарување.

@Acid Визуелните ефекти се 20% CGI воглавном пустината и раката на Фуриоса,другото ти се реални ефекти,каскадери итн.
Си се заебал ако бараш приказна во филмов,луди макс го оправдува тоа за што е направен - претерана акција,убава кинематографија и boss battle која трае од почеток до крај.
Нема дијалог - нема ни потреба,коа веќе го фокусираш филмот на импресивна кинематографија и акциони сцени кои мора да бидат едитирани во 2 часа,непотребно ќе му дое развлекување со приказни и под-приказни.
Режисерот изјави уште додека го снимаа филмот дека ќе биде посебен reboot без развој на ликови и целосно насочен кон акција и убава кинематографија.
За тие 2 изведби филмов е 10/10 а ако бараме сценарио и развој на ликови и 2/10 ми е многу.

Не треба филм да биде паметен за да уживаш во него,исклучи логика ,чил аут и погледни визуелни ефекти шо ни CGI неможе да направи.
 
Последно уредено:
Тоа што најавил дека ќе биде плиток и без поента уште пред да излезе, не го прави добар филм, туку свесно - глуп. Патем, требале и на постерот да стават дисклејмер дека филмот е само showreel за визуелни ефекти и дека не треба да се обидеш да го разбереш. Ќе поминевме полесно така. Се радувам што барем некој уживал во срањево, јас не можев.
 
Не ни малку плиток туку супер осмислен и перфектно релизиран, да се разбереме ова е reboot на Мад Макс од 70тите, филм кој ги промени стандардите за како еден акционен филм треба да изгледа во тоа време а ако ти си очекувал длабока приказна од типот на The Godfather со долги дијалози во ваков филм тогаш тоа друга приказна
 
Оригиналниот Mad Max е сто пати подобар филм од ова америчкото срање. Американските студија веќе немаат нови идеи и земаат се странско и го преработуваат и прилагодуваат за американската зомбирана популација. reboot, remake...
ништо оригинално и квалитетно нема излезено од холивуд веќе цела деценија.
 
.
Истата Австралиска продукција од пред 30 години е,истиот режисер е.Не е толку америчко ко шо мислите.
Премногу лесно е новиов Макс да го окарактеризираш ко срање затоа шо има повеќе дупки и помалку дијалог од тв1000 порнич.
Очигледно е,но секој со своја поента.
 
Оригиналниот Mad Max е сто пати подобар филм од ова америчкото срање. Американските студија веќе немаат нови идеи и земаат се странско и го преработуваат и прилагодуваат за американската зомбирана популација. reboot, remake...
ништо оригинално и квалитетно нема излезено од холивуд веќе цела деценија.
Кенеди Милер е Австралиска продукциска куќа, не пиши вака напамет за некои работи.
Оваа година беше една од најдобрите филмски години у последни 15..
 
Тоа што најавил дека ќе биде плиток и без поента уште пред да излезе, не го прави добар филм, туку свесно - глуп. Патем, требале и на постерот да стават дисклејмер дека филмот е само showreel за визуелни ефекти и дека не треба да се обидеш да го разбереш. Ќе поминевме полесно така. Се радувам што барем некој уживал во срањево, јас не можев.

Што е со немине филмови од минатиот век кои немаат дијалог или многу малку, кои што го оформиле филмскиот свет каков што е денес, цело време што се листаат како класици пред класиците и основоположници на модерната кинематографија. Тие да не бликаа со дијалог-исполнети сценарија, комплексно изградени карактери и сл.? Не, ударната ствар била визуелната, презентирање на нови технологии на репродуцирање на слика во движење, тематски-придвижени приказни, наместо карактерно-раскажани.

Плитко и без поента е опис за ваков филм кога некој е навикнат суштина да има некој филм само ако има ликови кои поседуваат одредена длабочина и способност да говорат. Филмот е првенствено уметност, а после може да глуми и филозофија. Како уметност не секогаш постојат такви јасни правила што диктира суштина на некој филм.

И Mad Max е далеку од првиот таков филм, голем дел и од посовремените класици се такви.
 
Па што не јадеш живо место тогаш, порано така го јаделе луѓето и сега сме еволуирале па јадеме шарска плескавица. Споредбава со вредноста на филмовите со Чарли Чаплин и Мед Мекс ти вришти :)))
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom