Отворено е и
Daily Fantasy игра, каде што секој ден ќе можете да бирате 7 играчи кои мислите дека ќе ви донесат највеќе поени, од кои максимум 4 играчи може да бидат од една репрезентација. Пример за утрешниот натпревар бидејќи е само еден натпревар, може да изберете 4 играчи од Еквадор и 3 играчи од Катар или обратно.
И исто што е битно, имате опција 2 играчи да изберете од тие 7 секој ден како
Star Player. Кај тие 2 играча ќе се дуплираат освоените поени.
Играчите што сте ги поставиле како Star Player, може да ги менувате во текот на денот.
Пример во понеделник ги ставате Кејн и Фоден како Star Player и доколку не сте задоволни од нивните освоени поени, може подоцна пред 17ч. да ги промените и да ги ставите Депај и Френки Де Јонг кои играат од 17ч.
Задолжително е да изберете еден голман и најмалку 2 дефанзивци.
Може да играте со 1 напаѓач или максимум 2 напаѓача.
Во средниот ред најмалку 2 играча, а највеќе 3 играча.
Направив и Кајгана лига, повелете кодот кој сака да игра.
AP653OGF