Fiat Barchetta

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.887
Се информирав имено дека Fiat barchetta со тврд кров доаѓа фабрички само кај одредени модели, најчесто кај limited edition. Има секако информации за набавка на вакво нешто од ebay.de со цени од 200 до 400 еур. но тоа со царини со превоз може да фати доста но ете има некој начин за набавка... Приметив дека има barchetta клуб во наша соседна земај Грција. Но нешто што опасно ме заинтересира е коментарот на господин NDarK кој сугерираше дека кај нас прават тврдфи кровови за кабриолети, пробарав на таа тема по интернетов ама без некој резултат, ако може некое инфо плус за ова би бил благодарен.

Во врска со потрошувачката свесен сум дека не е тоа мобил што троши 5л градска, но едноставно дизајнот е премногу добар па таа малце поголема потрошња спремен сум да ја проголтам.

@Torte Mobile™ Го погледнав oвој огласувач но некако бордо седишта многу е дрско, за мој стил. Дефинитивно не е кола за фамилија со повеќе од 2 члена + куче
@KiLian Незнам мајка ми има Fiat Punto незнам кое точно годиште и да не подречам ама освен основни делови кои се потрошни немало криза никаква, тивко е и поуздано ауто. 5.5 - 6 градска зависи колку ти е тешка ногата.

Инаку несакам модифицирани barchetta модели сакам автентична, затоа што не планирам да ја препродавам во животов.

Фала на сите досега за одвоеното време, секое инфо плус совет се добредојдени.
Мене ми се ептен фенси бордо кожните седишта на црната боја ама се е ствар на вкус (и храброст) :)
Ама подобро да ставиш навлаки какви сакаш боја или други седишта отколку да префарбуваш цела кола
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
процедурално, ептен женско количе :)
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
19
Во веќе далечната 1997 година, во Кисела Вода кај средното правно нон стоп се моташе една Баркета (превод од италијански: чамче, мал чамец). Тогаш беше нов модел, таа беше портокалова и изгледаше фантастично.
После 15 години, сеуште изгледа фантастично. Имаат интересни кваки на вратите, и така некои типично италијански детали.
Тоа е една од оние коли кои и после 100 години ќе изгледаат интересно.
Нејзини духовни предци се едни многу интерени модели на ФИАТ од 60-тите и 70-тите како на пр. 124 Spider, 850 Spider...
Машината е 1.7 со 130 и нешто коњи, сосема доволни за ветар во косата. Ниско се седи, скоро како на картинг, стабилна и убаво убрзува, со проверена фиатова механика.
Препорачувам да купиш исклучиво stock автомобил, бидејќи секое тјунирање на неа изгледа глупо. Дури и различни бандажи од неговите фабрички, ретко убаво му лежат.
Не држат некоја луда цена, а добиваш иден класик.
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/877221?searchID=6440084&Idx=1
Јас би го пазарил овој. Оригинален, без промени, освен бандашите кои се неговите оригинални, но префарбани црни. Тоа се решава за еден ден :)
На сликава одзади,ми изгледа како некоја тетка од 45-50 години,се се супер убаво е и моќно,ама ке троши како воз.Има и хјундаи купе,и тие се тука некаде,двоседи,разгледај си ги и нив,ниски,спортски од таа бранша се.Пишав оти имам и ја Фиат,и сега за сега сум задоволен генерално,некој погоре се жалеше па за тоа.Го реплицирав твојот пост ради огласот и сликата.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Сега се сетив, поточно ја видов, во малото имам една жолта барчета со ХАРД ТОП !!! од прилеп сум, незнам дали ја продава,дојди че се слушниме че те однесам кај него..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom