Фестивал на Храна во Скопје 20...та?

  • Креатор на темата Креатор на темата silmarillion
  • Време на започнување Време на започнување
S

silmarillion

Гостин
Со оглед на тоа што помалите градови во државата имаат разни питијади, пастрмајлијади и слични "јади", безврска е главниот град да нема никаков фестивал за храна.

Со такви настани може да се пробијат и домашни производители, угостители, и општо да се дигне левелот на квалитет на гастрономијата. Да не зборам дека АКО се изработи профи и земат активно учество голем број на угостители и гастрономи може да се збори и за туризам.

Значи не збориме за штанд со распалена скара на 50 метра ко на Гуча, него со вкус направено каде што за симболична цена гостите ќе се запознаат со различни специјалитети.

Може да се користи темава ваљда за промоција на такви настани ако воопшто го има кај нас и во околината. Солун знам дека има и саем, али они се сепак друго ниво. Ние да почнеме од негде...
 
Ееее ова е добра тема.
Да во право си може и би требало да се организира некој ваков настан. Супер би било, му треба ова на градов.
Всушност и не мора да има едно јадење, може да биде нешто со повеќе јадења кои се традиционални за Мкд.
Пример би можел настанот да се вика МАКЕДОНИЈАДА или МАКЕДОН... И да се рекламираат со тоа македонски традиционални јадења- гравче тавче, некои пинџури, ајварот, традиционални десерти.
Но ова би требало да се истражи малку подобро за да се види кои јадења се токму македонски традиционални затоа што има некои за кои велат дека се македонски како баклавата и мусаката, а тие се всушност турски итн.
Би можеле да се смислат и нови јадења, некои попосни и поздрави слатки каде маџунот(гроздовиот мед) би бил замена за шеќер пошо имам слушнато дека и тој мед е традиционален.
За туризмот би било добро бидејки вака ќе се рекламираат и традициите во Мкд. Па да можат туристите да ја фалат државата и кога ќе се вратат дома.
Само нормално да не се претера со јадења да се изберат доволен број на јадења само колку да има разнобојност на настанот и да се гледа да се исклучиво македонски.
 
Барокијада е одличен назив за ваков настан.
 
Појадок на мост? :pos:

Нели имаше пред некое време шведска/холандска амбасада нешто, па ваљда може да се научи од тоа искуство...ама само Коце да не е проект менаџер.
 
СС....Скопска Симитијада
симит и погача, само во Скопје и Стамбол и нигде на друго место.
 
Јако ќе биде. Храната ќе биде посрање и поскапа секоја година, организаторите ќе се испокараат со учесниците(пекарите), ќе настапуваат сарс, нокаут, Тамара, Тијана, Чваре, Славе, Гоце САФ и млади бендови, и галиба ќе го преместуваме ако испадне некој неочекуван настан кога ќе доаѓаат странци. edvai cekam ^-^
 
Ваков фестивал треба да има во секој град за специјалитети специфични за тој град. Интересно би било името Гурман фестивал. А уште би било подобро готвачите да бидат луѓе кои претходно учествувале и биле избрани во подобрите во еден натпревар за храна кој ќе се емитува на телевизија.
 
Ваков фестивал треба да има во секој град за специјалитети специфични за тој град. Интересно би било името Гурман фестивал. А уште би било подобро готвачите да бидат луѓе кои претходно учествувале и биле избрани во подобрите во еден натпревар за храна кој ќе се емитува на телевизија.

Шо е специфично за Скопје? Бургери со салмонела? :icon_lol:
 
Имаме саем на вино и сирење во Охрид, на сред лето на 30 степени на сред плоштад. Сирење, црвено вино, 30 степени, плоштад....толку.
 
Ова треба да е цел месец. Значи да се поминат сите градови и сите села како што има културни лета во повеќе македонски градови. Како што храната на ваквите фестивали е традиционала специфична за секој град така и музиката да е а не Слаткар или Гоце Саф да пуштаат и пеат Хип Хоп/ Рап на Ајваријада или Грав не иде. На штандовите пред да си купиш порција да пробаш малку па ако ти се допадне ќе си земеш а цената да е симболична. Плус сето тоа да е добро направено традиционално од чинии, чаши до секој мал детал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom