Феноменот на екстремно долги врски

Мислиш сиромав :LOL:

Немам јас мака со швалерки туку гледам општо наоколу шо се дешава.
Комбинација сиромав + убав никако....ќе направи 40 и ќе мисли Господ за муда го фатил и ќе почне да забегува. Средно богат и не толку убав тоа ти е bullseye иначе жените знаеш какви се....ќе ти го украдат.
 
Ne znam ajde no mene drugo mi e poveke character red flag, zosto tie.. odamna zenetite sto napravile se po priracnikot i vo utvrdeno vreme epten gi mislat i im berat gajle na tie sto ne go storile seuste toa? Od sto rezultira ovoj pritisok pa za da si ja zemete voopsto taa sloboda? Site znaeme no samo edni ne si priznale uste. :p
Ако се заебам, мене ми е битно и другите да бидат заебани, а не јас да се одзаебам.
 
Комбинација сиромав + убав никако....ќе направи 40 и ќе мисли Господ за муда го фатил и ќе почне да забегува. Средно богат и не толку убав тоа ти е bullseye иначе жените знаеш какви се....ќе ти го украдат.
А за жена не важи истото правило ?
 
Пред некој ден имав муабет со пријател кој е во шест и пол годишна врска, има 39 години а партнерката 38 и сеуште не се во брак. На прашањето зошто, одговори дека имало време, сеуште не се гледал себеси како семеен човек (!?). Имајќи предвид дека се работи за сексуално и емотивно ексклузивна врска, се поставува прашање што е навистина причината за вакви врски?
Една роднина живееше со хајскул свитхарт 16 години значи од нејзини и негови 16 до 32 но за среќа се решија за свадба и брак. Друг случај, 11 годишна врска, раскид, пар години земање здив и менување навики за да подоцна стапи во брак со особа која ја знаел половина година ако и толку и сега е во тек бракоразводна парница, се во опсег од 4 години.

Настрана од тие екстреми, има полно случаи на врски од 4-8 години кои навистина не можам да ги сфатам, особено за лица над 30 или скраја било 35 години. Значи живеат заедно, делат добро и лошо ама не се решаваат за официјализирање на она што е де факто правен брак (не сум сигурен колку треба да се живее заедно за да легално врската се важи како брак). Некои дури имаат и вонбрачни деца.

Што е тоа ги плаши луѓето од свадба?
Често сум слушал како жените се разочарани што после икс години заедно, машкото не ги побарало за жена па така врската одумира.
Друг феномен е rebound влегувањето во нова врска со цел да се намали страданието поради раскид на децениска врска и нормално после 3-4 месеци стапуваат во брак. Дел од овие веројатно варале и се онаделе со идниот сопруг/а уште пред да раскинат па затоа делува дека се знаеле само 3-4 месеци а тоа може да се сексале пар години пред тоа.

Како гледате на овие екстремно долги врски без брак?
Јас на другарот му советував да ја побара девојката (зрела жена али ај) за сопруга пошто коа ќе влезе во 40-ти сериозно ќе се намалат можностите за избор. Особено за квалитетен избор. Кога веќе е емоционално и физички инвестиран во некоја, зошто да не засноваат семејство, од каде тој страв?
Јас од противник на бракот (она као што ќе ти е парче хартија тоа ништо не менува) станав негов голем застапник благодарејќи на сопругата која беше во право, не е исто збор даден пред Бога, пред семоќниот, пред Креаторот над се`, пред самиот себе, пред неа, пред сите присутни, во добро и зло, чин кој ниеден човек не смее да го растури, се додека смртта не не` раздели.

Дали сте советувале некој во овој поглед?
1680017021292.png
50-50 ако нема предбрачен ;)

Околу бракот и Госпо, се помалку имаш верници, така да и со тоа никој не се замара. И тие што глумат верници се пердашат пред брак, така да тури му калапо.

Премногу избор во животот, не е само со бракот туку со се. На времето една работа од почеток до пензија, сега менуваат по 20 фирми во истиот период.

Ако навистина се почитуваат не треба да има никаква пречка за брак (зборувам за законската процедура), ако некој има сомнеж поарно да не си го троши времето.
Како беше поговорката: единствено поголема глупост од бракот е разводот.

И освен ако не ми е член на најтесно семејство, или некој од другарите со кои сум откако знам за себе, не би советувал никој за ваква одлука.
 
А за жена не важи истото правило ?
Може да се каже...ако е богата тури и пепел, нема ништо од нејзе освен ако не сакаш да се докопаш до богатство. Што посиромашна и пообразована тоа подобро, а лепотата не е толку битна.
 
Најди жена на 28 ожени се, имај швалерка, карај се по дома, собери 2-3 деца, купи стан и кола, работи од 8-16 до 64 години оди на одмор 2 пати годишно со цела фамилија некаде поблиску, гледај фудбал, гледај коли, збори колку горд македонец си, следи кјуанон воук и трамп, пи ракија и пиво, збори што би направил ти кога би бил премиер и тренер за реал мадрид...јади кебапи, хамбургер, печење, пуши цигари, клади се на утакмици, збори како знаеш да направиш преку ноќ илјадници евра, купувај станови, играј игри, бистри политика и после 64 гледај што прават децата и внуците и командај.
 
1680020836510.png
 
ти барем едно од овие работи не исполнуваш?
 
Да 99.9% ги прават ама дали тоа носи среќа?

стеф, штом го прават тоа значи дека им носи среќа. Тоа е делот од човекосувањето на оваа планета. Тебе ако не ти носи е др работа
 
стеф, штом го прават тоа значи дека им носи среќа. Тоа е делот од човекосувањето на оваа планета. Тебе ако не ти носи е др работа
За која цена е таа среќа и кои се последиците?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom