Феноменот гастербајтер/ка

  • Креатор на темата Креатор на темата Nostalgia
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би се омажиле со гастербајтер

  • Да, за пари или за да емигрирам и јас

    Гласови: 21 23,9%
  • Да, од љубов, убајни...

    Гласови: 30 34,1%
  • Не

    Гласови: 30 34,1%
  • Друго, ќе елаборирам во темата

    Гласови: 7 8,0%

  • Вкупно гласачи
    88
Би се омажила...со човекот што го сакам! А после сите овие мислења што ги прочитав, чинам срам би ми било ако кажам дека сум заљубена во некој што оддамна живее и работи надвор од Македонија. Повеќето од вас со исмејување зборувате за бракот како да зборувате за билатерална трговија. Не ве познавам лично и не ми се обративте на мене лично, но се чувствувам повредена и разочарана...како да е лошо ако посакаш да заминеш со таа личност онаму каде што живее и работи и таму да почнеш да градиш нов заеднички живот за вас двајцата. Нема ли случаи во самата Македонија, или во било која друга држава да се венчаат двајца од различен град и невестата да замине од родниот град и да живее во друг град само заради мажот...
Не може така да ги категоризирате и етикетирате луѓето...Секој со својата среќа, секој по својот животен пат...И зарем не е прекрасно кога два патишта се спојуваат заедно? Маж и жена да бидат...мајка и татко да станат...Фамилија да створат...
Барем кога зборуваме за нешто толку свето како што е фамилијата, да се обидеме да ги тргнеме на страна сите тие пресметки и калкулации.
Ништо не се знае во животот. А како што постои бракот, така постои и разводот. Човечко е да се згреши...но човечко е и да уживаш во благодетите на животот доколку го направиш вистинскиот избор.
без лигушки и плачки плиз, од авион се гледа кога некој “из љубави“ се решава на вакви чекори........
 
Секогаш од друштво,пријатели или околината ако некој ти се допаѓа се распрашуваш кој/а,каков/а е материјалната состојба каква е па ако одговараат бараните карактеристики настапува таканаречената љубов.

Ретко кога врската или бракот биле од љубов независно од тоа дали партнерот е од Македонија или гастербајтер.
 
Ретко кога врската или бракот биле од љубов ако се распрашуваш за материјалната состојба на некој.
 
Ретко кога врската или бракот биле од љубов ако се распрашуваш за материјалната состојба на некој.
А ти гледаш само надворешна и внатрешна убавина друго демек не те интересира нели?
Ако треба ќе живееш под ведро небо и од воздух само од љубов да е?
 
Секогаш од друштво,пријатели или околината ако некој ти се допаѓа се распрашуваш кој/а,каков/а е материјалната состојба каква е па ако одговараат бараните карактеристики настапува таканаречената љубов.

Ретко кога врската или бракот биле од љубов независно од тоа дали партнерот е од Македонија или гастербајтер.

Да беше до материјалната состојба пола од македонските мужи немаше никад девојка да фатат, а не да се оженат, затоа не се филмајте.
 
Да беше до материјалната состојба пола од македонските мужи немаше никад девојка да фатат, а не да се оженат, затоа не се филмајте.
Па ако погледнеш пошироко ќе видиш дека тие што имааат само љубов ќе видиш дека се стари ергени или моми.
Сега кога почнаа да се делат субвенции полека им се намалува бројот.

И немој да ми кажеш дека ти си се омажила само од љубов.

А јас ќе ти одговорам дека со сопругата сме 60% интерес,40% љубов па функционираме 18 години
 
А ти гледаш само надворешна и внатрешна убавина друго демек не те интересира нели?
Ако треба ќе живееш под ведро небо и од воздух само од љубов да е?

Гледам и карактер, заеднички интереси...

Па ако погледнеш пошироко ќе видиш дека тие што имааат само љубов ќе видиш дека се стари ергени или моми.
Сега кога почнаа да се делат субвенции полека им се намалува бројот.

И немој да ми кажеш дека ти си се омажила само од љубов.

А јас ќе ти одговорам дека со сопругата сме 60% интерес,40% љубов па функционираме 18 години

Убаво. Тоа што ти си таков случај, не значи дека ќе бидат и сите останати.
 
Tender girl даде добар одговор.

Глупаво е да се расправа какви биле иселениците или жените бидејќи како прво се прави генерализација, а како второ таквите заклучоци немаат никаква вредност. Секој човек е различен.

Тука е добро да напишете некое искуство, дали лично, дали на некој од околината ваша, ваши гледишта околу проблемите со кои би се соочиле идните сопружници.
 
Гледам и карактер, заеднички интереси...

Убаво. Тоа што ти си таков случај, не значи дека ќе бидат и сите останати.
Се надевам дека си доволно голема да сватиш дека парите го вртат светот и ја одржуваат љубовта во живот во спротивно имаш време тоа да го сватиш на потешкиот начин.
 
И немој да ми кажеш дека ти си се омажила само од љубов.

Не сум мажена и не планирам да се омажам за пари, ако се мажам, тоа ќе биде со некој што го сакам.
Не ми е поентата да глумам светица, имам еден живот и не мислам да го поминам со некој што не можам органски да го поднесам, налет и пари и се` ако секое сабајле ме пука нервоза коа ќе го видам тој до мене.
 
Се надевам дека си доволно голема да сватиш дека парите го вртат светот и ја одржуваат љубовта во живот во спротивно имаш време тоа да го сватиш на потешкиот начин.
Дај бе достате еднаш со тие пари. Пари та пари. Да даде господ до крај на живот железни пари од глава да му скокаат на следниот што ќе спомне пари во темава и на други слични теми.

Да битни се, ама ако си средна класа, здрав и работоспособен повеќе немаат никаква врска. Ај сега нешто попаметно може.
 
Не сум мажена и не планирам да се омажам за пари, ако се мажам, тоа ќе биде со некој што го сакам.
Не ми е поентата да глумам светица, имам еден живот и не мислам да го поминам со некој што не можам органски да го поднесам, налет и пари и се` ако секое сабајле ме пука нервоза коа ќе го видам тој до мене.
Сабајлето е најмалиот проблем.
 
ах љубов......секој ден се заљубуваш во друг/а , ако збораме за таква љубов ОК
 
Секогаш од друштво,пријатели или околината ако некој ти се допаѓа се распрашуваш кој/а,каков/а е материјалната состојба каква е па ако одговараат бараните карактеристики настапува таканаречената љубов.

Ретко кога врската или бракот биле од љубов независно од тоа дали партнерот е од Македонија или гастербајтер.

Јас па глупа, цел живот мислам дека кога ти се допаѓа некој, прво гледаш дали ти оди муабет и останати пропратни карактеристики од типот на дали сте компатибилни со темпераментот и карактерот, кога ете видиш, ти доаѓаш со теоријава да не' просветлиш и да ни кажеш како било.

Ова е најнеточното нешто што сум го прочитала. Можеби било точно пред 100 години, кога имало договорени бракови, а денес, со исклучок на девојки/момци кои само тоа ги интересира, тоа не постои.

Кога станува збор за нормални, просечни луѓе, прво нешто што прават кога им се допаѓа некој е: се распрашуваат за контакт, па стапуваат во контакт, па излегуваат, па ако се најдат во муабет, продолжуваат со излегување, ако им е убаво влегуваат во врска, ако врската им се развива во нагорна линија и веќе станува стабилна продолжуваат со врската и на крааааааааај, после одреден временски период, ако сметаат дека си одговараат стапуваат во брак, ако не, секој си оди по својот пат. Е толку е едноставно.

Јас навистина не знам кои се муабетиве со распрашување за нечија материјална состојба. Или јас живеам на Марс или ти се движиш во некои чудни кругови.

Никогаш до сега не ми се случило да чујам некој да се распрашува за нечија материјална состојба, али како што реков, можеби живеам во паралелен универзум, никад не се знае.

Тоа дека ниедна врска/брак не е од љубов, тоа мало морген. Разбирам дека сите во одреден дел од животот се огорчуваат од погрешни избори и лоши врски, ама тоа не значи дека автоматски значи дека љубов не постои и дека ниедна врска/брак не е од љубов.

Ако ти го правиш тоа, тоа веќе си е твој избор и твој живот, ама не мора да го пишуваш тоа као да е универзално правило, кога апсолутно не е.
 
...
Никогаш до сега не ми се случило да чујам некој да се распрашува за нечија материјална состојба, али како што реков, можеби живеам во паралелен универзум, никад не се знае.
...

Малце е посуптилно од директно прашување, ама и те како е фактор, и тоа кај повеќето девојки, па и момци. Дали е пресметливост поради немаштија, комплекс на пониска вредност, погрешни приоритети, незнаење за љубов / сродни души, воспитување, или се` тоа собрано ... едноставно пречеста е појавата за да не се забележи, барем на нашиве македонски простори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom