Секој што има право на глас е граѓанин. Група, толпа, маса, од граѓани е народ. За одредени процеси, еве конкретно за семејното насилство како старо-нов општествен проблем, партијата на власт потфрли. Не може да се застане зад насилници и да нема апсолутно никакви правни и политички последици по нив. Да имаше решителен политички став, досега ќе беа протерани од партијата и тоа ќе биде вест број еден во државава. Наместо тоа, имаме копиле кое од притвор не е спроведено во судница и родители каде постојат основни сомневања дека вршеле институционален притисок за да се забошоти истрагата, нема кривични пријави. Е ова е локалниот политички чекор кој мораше да беше преземен за тие локални вмровски шерифи. Со празна слама, реторика напишана со помош на вештачката интелигенција, колку да се адресира проблемот, а насилниците се во закрилата на партијата и го пролонгираат судскиот процес, проблемот стои во воздух. Да, заслужувате народ, каков и да е, затоа што за година-дена власт, ништо конкретно не е спроведено, вклучувајќи ја и националната платформа со која дојдовте на власт. Мислам дека сега е малку појасно.