- Член од
- 16 декември 2017
- Мислења
- 84
- Поени од реакции
- 86
Леле лол. Прејако! Факинг прејако!Лелеј Лол, со вас нема разбирачка.
Вие тука ми набројувате неважни аргументи, Лол![]()
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Леле лол. Прејако! Факинг прејако!Лелеј Лол, со вас нема разбирачка.
Вие тука ми набројувате неважни аргументи, Лол![]()
А што мислиш мажите од бес оделе во војна да загинат? Ни тие немале слобода на избор, значи биле уште пообесправени од жените, затоа што на неа и се заканувало силување или грабање за да биде роб, ако нивните мажи ја изгубат војната. А на овој во 90% од случаите му летала главата.Некоја жена еве, можела да наследи престол и да владее, али у исто време, мнозинството жени да нема право на политичко учество, нели. Тоа шо раѓањето било важно за опстанокот на заедницата не значи дека жените имале еднакви права или дека репродуктивната улога била слободен избор.
Па секој пост го почнуваш со извици на чудење. Дискутирај ако ти се дискутира, не јао кево, ЛоЛ...Леле лол. Прејако! Факинг прејако!
Лол лелеЈ. Еве не знаев дека сум на академска катедра.А што мислиш мажите од бес оделе во војна да загинат? Ни тие немале слобода на избор, значи биле уште пообесправени од жените, затоа што на неа и се заканувало силување или грабање за да биде роб, ако нивните мажи ја изгубат војната. А на овој во 90% од случаите му летала главата.
Автоматски споено мислење:
Па секој пост го почнуваш со извици на чудење. Дискутирај ако ти се дискутира, не јао кево, ЛоЛ...

Ti rekol nekoj tebe od deckovcite tvoi deka si edna golema cepidlaka?Али не е спорно дека имало жени владетелки. Или дека некои имале политичко влијание или дека жените имале одредени права у различни историски периоди. Спорно е дали жените како група имале еднаков пристап до политичко одлучување, образование, правна самостојност.
Некоја жена еве, можела да наследи престол и да владее, али у исто време, мнозинството жени да нема право на политичко учество, нели. Тоа шо раѓањето било важно за опстанокот на заедницата не значи дека жените имале еднакви права или дека репродуктивната улога била слободен избор.
Мислам, овде се мешаат две различни ствари. Постоење на поединечни жени со моќ и права на жените како општествена група. Не е исто.
На кои конкретно ситуации мислиш со ова, дека жените се повикуваат на слобода само кога им одговара?
А зошто обновувањето на населението после војна е обврска и задача само и исклучиво на еден пол? За тоа требаат двајца, од различен пол.Па да, на еден пол му се наметнува улога на воена жртва, на другиот еве, да го обнови населението после војна. Може да има некоја демографска логика у ова второво, нели. И можно е да е историски аргумент шо ја одржал поделбата. Али е биолошка можност ова, не е обврска, не е ни гаранција дека населението така ќе се обнови.
Не оделе сите мажи во војна, неодамна дознав зашто всушност ни растела брада, може да си ќелавица - сосема небитно но брада требало да имаш дека мазен како ронче кога прима удар у вилица одма му пука а брадата амортизира плус застрашува!што мислиш мажите од бес оделе во војна да загинат?
Се согласувам со ова на хартија, ама ете во практика, со Украина, што се вика народ близок на крв и менталитет и во ова поново време, се докажа дека не е баш така. Тие што имаат деца, јасно, и подобро да фатат патот, да ги штитат децата, тој е приоритетот и со надеж иднината на Украина. Тие без деца му го фатија путот, и веќе нема да припарат во Украина. Значи они дали имале морален, биолошки или законски долг, нема да навлагам каков е и дали е, единствено очигледно е дека нема да го исполнат. На друга страна на мажите им е забранет излез од државата и недај боже да те видат маж надвор да си купуваш нешто или да протегнеш нозе, пример, сакал нејќел у возило, на ти пушка и на фронт. Така да има понееднаква и позаебана страна, и тоа се мажите, затоа што мажите, сакале нејќеле, фронт за нив, а за жените ни фронт нит услов да мора да раѓа. Мора да се признае дека тоа си е привилегија во таквата ситуација.А зошто обновувањето на населението после војна е обврска и задача само и исклучиво на еден пол? За тоа требаат двајца, од различен пол.
Ако размислиш поубаво во војната се жртви цели семејства. Мажот можеби оди во војна, во први борбени редови, но жените се тие кои остануваат дома, гледаат деца, се грижат за семејството, за куќата и сл, и неретко и они страдале и биле малтретирани, без разлика што не биле активно вклучени во првите борбени редови.
Ако дојде до војна, сите сме во истото срање.
Ќути не им кажувај ова на западните и прозападните жени, после кој ќе чека ред за регрутација од толку жени што ќе сакаат војска да идат поттикнати од овие случаи. Глава нема да може да кренеме од жени војници...Жените можат да бидат вистински борци. Прочитајте или погледајте нешто за Роџава, жените кои го запреа ИСИС и многу други паравојски кои се изнедрија таму за време на војната против Асад. Жените од Курдска народност со оружје во раце се бореа рамо до рамо со нивните машки колеги. Имаше случај како една едина жена запрела група исисовци со еден ЗСУ-14,5.
Принудени е погрешен збор. Мислам не ја доловува вистинската суштина.Лол лелеЈ. Еве не знаев дека сум на академска катедра.
На сериозната страна. Мислам дека си у право. И ова е тоа шо уствари јас го спорам. Тоа шо го пишуваш е реална последица од војна. Мажите биле принудувани да војуваат и да ризикуваат живот, а жените биле изложени на други форми на насилство. Не оспорувам ниту една страна јас. Само шо не мислам дека е ова натпревар за тоа кој помалку, а кој повеќе права имал. И едните и другите имале наметнати родови улоги.
Во текстов всушност и сама си го даваш одговорот, имено одговорот на твоето филозофско прашање "зошто државата наметнала родово присилно мобилизирање само на мажи?" Сама си го даде а тоа е дека мажите биле сметани за воини,системот бил патријархат и морално во тоа време било тоа прифатливо, а во денешно време ти посочив примери конкретни од Европски држави кои ете законот го имаат сменето, значи штом жените во Македонија смеат да работат во војното, а ги има и во голем број вработени како професионални војници, значи жените во Македонија се сметаат за способни за таа работа, не би гледала зашто неможе денес да се смени законот и присилната мобилизација да важи и за жени во Македонија, а не само за мажи,да се исфрли тоа застарено од дедо Ное сфаќање дека само мажи се способни за таа работа бидејќи очигледно и жени има многу вработено како војници, родова поделба не треба да има ни во тоа поле, жените нема зашто да се исклучени од таа обврска, кога всушност се способни за тоа и тие морални застарени патријархални размислувања треба да се исфрлат.Го смени фокусот сега така малку.Ќе почнам еве, од интересното на сликата.
Еднаквост значи дека сите треба да бидат третирани исто у однос на правата. Различен третман мора да има оправдана причина. Пример еве, луѓето сеа, нели, плаќаат придонеси. Али не плаќаат сите исто. Некој плаќа помалку, некој повеќе, зависно од приходи, нели. Ова, не е нееднаквост. Пошо критериумот за приход е оправдана причина.
Суштината шо сакав да ја дискутирам сеа. Норвешка, Шведска и Данска, да не кажам, ама баш ќе кажам, се исклучок. Повеќето држави имаат задолжителна воена обврска за мажи. Али е ова правен аспект и не одговара на моето прашање. Али еве, дали е морално оправдано да биде институционализирана ваква поделба? Дали законот ја прави оправдана?
Значи, не пишувам за потребата од одбрана, ниту за причините шо една држава ги зима за валидни за да го оправда моделот у денешно време. Пишувам за потеклото на оваа поделба. Кои општествени, шо знам, норми, размислувања и односи на моќ еве, влијаеле?
Пошо види, историски, мажот се гледал ко војник и заштитник. Жената била гледана низ призмата на мајка. Значи, пишувам за традиционални родови улоги шо можеле да влијаат врз ова шо го иаме денес. Жените биле исклучени од политика, нели, биле ограничени у образование, професии и сл. И ова у свое време било и законски и општествено прифатено. Уствари, тоа шо една практика постои долго време, не значи дека од старт била заснована на добра причина. Не значи ни дека денес е праведна.
Автоматски споено мислење:
Никаде не тврдам дека жените треба да имаат право на избор, а мажите не. Напротив, не се согласувам со присилна воена обврска уопште.
Али пишувам нешо скроз друго. За можна историска причина за поделбата, не за тоа дека е оправдана. Тоа шо мажите се законски обврзани да идат у војна не значи дека жените треба да бидат обврзани да раѓаат. И двете се наметнување обврска врз основа на пол.
Скроз затоа и ја спорам поделбата, не ми ни паѓа на памет да ја оправдам.