Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
@wot е женет (ваљда) па е феминиста, ама и некогаш кога пишува некохеретно се чудам дали е нормален, така да опростено му е :D
Се лимитирате да разберете некои работи кога стоите фиксно зад сите овие зборови... женет, феминист, нормален...

Ви влагам во статистики бидејќи сум бил женет, а јас само сум се потпишал некаде за да смалиме бирократија при мигрирање. Многу наивно од тебе ако мислиш дека таков еден потпис менува многу за мојата заложничка ситуација. Женет или не, мене ми беа објаснети убаво the terms and conditions многу порано пред бракот, а во нив како единствен излез од нашата врска за мене, ако некогаш посакам, е само смртта. Јас, па и ти, може да си фантазираме за колешки и слично, но реалноста е - она е AИDY, а сите мои обувки одоздола се потпишани и ниту еден потпис во матично не ги брише освен слаткиот рилис:

IMG_3995.jpeg

Исто и за зборот феминист, затоа се откажав од дискусијата со @Erikson. За него значи нешто сосема друго и затоа му го оставив и побарав да даде нов што може да го користам како алтернатива само кога стојам зад оригиналните начела на феминизмот, а не зад исламот или и за што да бев обвинет. Тој упорно продолжи да ми збори како не сум знаел дека движењето било узурпирано од лоши актери. Што е фер, но ниедно движење не е имуно на тоа. Самиот паѓа во замка кога вика да протестирале на друго место како да протестите не се секогаш исто така узурпирани од друга страна која само сака да капитализира на тоа за нивен интерес. Ги праќа сега да протестират во Пакистан, а после ќе сврте страна како за феминизмот и ќе труба како ние не сме сфаќале дека некој тој протест го злоупотребува. Изгледа мисли дека сите што ќе спомнат феминизам тука се со розеви коси или штознам. По се изгледа ни одговара статус квово да тука таму наоѓаме полу мртви жени по улици и да не ги адресираме високите статистики за домашно насилство, бидејќи некој решил да го узурпира феминизмот за да ја поробел белата Европа, спречи 5г зрачење или и за што друго беше обвинет феминизмот од него. Полесно е да кажеме дека некој странски актор и агенда ни ги тепа жените, мајките, ќерките и ги остава полумртви на улица. Полесно е да кажеме дека е подобро да си жена деновиве, нешто што и ти самиот кажа, отколку да признаеме дека имаме вистински проблем во динамиката меѓу мажите и жените, дека не се, никогаш не биле и никогаш нема да бидат еднакви со мажите. И контроверзно, за што сум често обвинет и како шовинист, е тоа што мислам дека мажите треба подобро да ги негуват жените, наместо да ги обвинуваме како да тие се виновни што морале да влезат во работната сила и остали очекувања од денешната модерна жена. Барем се додека светот е наш, додека сме ние тие што лансираат суперсонични ракети, гасат економии и остали машки работи. I swing bоth ways за комплексни теми понекогаш, I contain multitudes.

Исто и за тоа нормален. За мене не е нормално да го дум скролаш форумот како инстаграм се додека не најдеш нешто кратко како why are you gae за да на секунда те насмее низ нос. Јас уживам да си ги објаснам ставовите и обожавам да читам кога некој истото го прави, бидејќи е форум, а не твитер. Годинава читав една книга во кои првите 150 страни се некоја несврзлива филозофија, но бидејќи немам атенш спан на тодлер растен со кокомелом, читав се додека некохерентниста почна да има смисла, а пејлоадот поради тоа беше повисок бидејќи разбрав што сакала писателката да каже. А ако читнав пасус на почеток, две реченици на сред и малку на крај, нормално дека ќе ми фалеше контекст, и ако судев само по тоа ќе се мислев зашо оваа ненормална ѝ е дозволено да пишува книги и да се штампана во илјадници примероци. Така да, читајте ме, не ме читајте, сеедно, и иако не можам да ветам дека има богатство на крајот на виножитото секогаш, сепак ризикот да не прочитате квалитетни мислења во ера на АИ слоп е на ваша страна.
 
Прегледај го приврзокот 491606

Овој пат те прочитав, God may have mercy upon my soul, дали те разбрав, па, ќе видиме. Нема врска женет или не, со жена де, друга беше основата на муабетот. За со колешките те разбирам, си го кажав и ја моето, можам да се филмам, но не е мојата таа, мојата е мојата, God may have mercy upon my soul again.
Е сега, кај имаш tunnel vision, таму каде што ги третираме ко еднакви, е таму имаш, зборам го зимам доброто со лошото. Пуштив едно видео кај што еден ќебаџија се тепа со 2 жени, и го нареков феминист кој верува во equal rights, но и во equal lefts, зашто, зашто ги третираше ко еднакви двете кутри противнички, и беше брутално. Цело време суптилно пробувам да објаснам дека нема ништо еднакво во таа т.н. еднаквост, и лесно се докажува. Правата се добиени, се фатиле за нијанси, f-ing let go. Примери со полицајки, физичка сила, шахови, спортови, статистики по технички универзитети, што ли се не дадов. Што се однесува до права, тој феминизам беше до тука. Ги добивте правата, што повеќе, привилегии? Ете ми зборат за еднаква плата, за некој измислен пеј геп, ајде, еве, и ти работиш у ауторс фирма по зборење, кажи ми те молам (и на останатите тука) кога беше на интервју, те прааш колку бараш или ти рекоа маж, значи 10 проценти плус над жените. Ајде, како се одвиваше тој разговор? Немаат храброст за ценкање, сакаат сигурица, но сакаат и да протестираат коа ќе видат дека се заебале, и тоа сами. Може у рудник или на скеле ќе земат помалку, ама тоа, прво, има економски издржана логика, нема да свршат работа ко маж, и второ, они сами не скршија нозе трчајќи накај тие работни места, нит изгубија глас лобирајќи за еднаквост и таму. Затоа, за мене се е курташак, се е параван, се јава бранот дур се може. И ти ги штитиш кога ги третираме ко еднакви и кога им викаме да се насочат повеќе кај што има неправда, а помалку кај што нема привилегија. Затоа си феминист, а не џентлмен.
И сега, ако се фати некој за фемицид, горе-долу и знам кој ќе биде тоа, тоа не е немање на права, тоа е институциски проблем и неспособност и имање работа со несаглам луѓе, нема врска ни со феминизам, ни со маскулизам, тоа си е црна хроника. На секој од нас може да му се случи.

Исто и за тоа нормален. За мене не е нормално да го дум скролаш форумот како инстаграм се додека не најдеш нешто кратко како why are you gae за да на секунда те насмее низ нос. Јас уживам да си ги објаснам ставовите и обожавам да читам кога некој истото го прави, бидејќи е форум, а не твитер. Годинава читав една книга во кои првите 150 страни се некоја несврзлива филозофија, но бидејќи немам атенш спан на тодлер растен со кокомелом, читав се додека некохерентниста почна да има смисла, а пејлоадот поради тоа беше повисок бидејќи разбрав што сакала писателката да каже. А ако читнав пасус на почеток, две реченици на сред и малку на крај, нормално дека ќе ми фалеше контекст, и ако судев само по тоа ќе се мислев зашо оваа ненормална ѝ е дозволено да пишува книги и да се штампана во илјадници примероци. Така да, читајте ме, не ме читајте, сеедно, и иако не можам да ветам дека има богатство на крајот на виножитото секогаш, сепак ризикот да не прочитате квалитетни мислења во ера на АИ слоп е на ваша страна.
А за нормален, веќе нема што да влегувам во великодушен разговор за великолепни и врховни влијанија на твоето верување во виши вредности додека впрочем веруваш волку во вакви нешта. Виде, и ја можам да пишувам ко тебе некохерентно, и тоа со широко користење на буквата В, креатиВноста е на моја страна.
Поздрав,
В
 
Back
На врв Bottom