Прочитај шо сум напишал предходно. Не знам како не можиш да сваташ дека феминизмов се злоупотребува за нечиви агенди. Упорно ја промовирате тезата дека шо секој шо е против феминизмот ги мрази жените. Ниту еднаш не одговоривте зошто нема феминистички протести пред амбасадите на државите каде женските права се под секое човечко достоинство?
Шо толку сум напишал против жените шо ве фаќа хистерија? Ево ќе ти повторам по не знам кој пат. За кој права се борат феминистките во Франција ,Германија, Канада Австралија, Америка..... Ево јас незнам. Кажи ми ти? Дали не е точно дека ја подржаа Линзи? Како не можите да видите како се движат работиве? Твојата игнорантност и на онаа шо од вреѓање ништо друго не знае е просто неверојатна. Шо сум кажал претходно за феминизмот а не е точно. Кажи поконкретно. Немој да ми вртиш одоколу. Јасно и конкретно. Кажи ми дали си видел мажи шо бараат ослободување на некој шо си ги убил децата? Како бе подржуваш таква организација? Како е можно? Или го гледаш само тоа шо ти одговара за да докажиш дека си либерален и модерен. Ево ја гледаш онаа шо ја браниш. Користи увреди меша фамилија ,без никакви контрааргументи. Јас само ги кажувам фактите. Веќе е мизерно да ги негираш фактите. Знам дека тебе ти е јасно за шо зборуваме ама така ти одговара.
Да фрлиш коска за да почнат да се дават па после да си се повлечиш и да уживаш.
Подобро објасни кои конкретни принципи на феминизмот ги сметаш за погрешни?? Бидејќи засега само ги набројуваш луѓето и организациите со чии постапки не се согласуваш, а не ја побиваш самата идеја за еднакви права на жените.
Бараш конкретност, а истовремено користиш зборови како „хистерија“, „испрани мозоци“ и „игнорантност“ за луѓе шо не се слагаат со тебе. Тоа не се контрааргументи, туку дисквалификации без докази и навреди.
Во врска со Линзи: можеш да осудуваш секој обид за оправдување на убиство на деца. И не глеам како такво нешто би можело да се брани. Но, прави разлика меѓу став на активистки или организации и феминизмот како целина. Постојано ти е повторувано но изгледа немаш капацитет да разбереш, или така ти одговара.
Зашто нема протести пред амбасадите на сите држави во кои женските права не постојат??? Тоа е прашање за активностите и приоритетите на конкретни организации!! А не аргумент против феминизмот како идеја. Нека трепка ова.
Дали протестирањето пред секоја амбасада е услов за едно движење да има легитимитет? И дали тоа што некоја организација не протестирала за одреден проблем значи дека проблемот не постои?
Еве сеа конкретен пример ако не протестираа во Охрид за девојчево значи ли тоа дека немало проблем? Значи ли тоа дека дечково не ја претепал и не сакал да ја убие????
Мора ли да се протестира секој пат кога некоја жена или девојка ќе биде претепана. Така ли треба да функционираме, со насилство на улици. Според тебе да. Но верувај дека и ти како маж ќе имаш проблем со тоа, а не само жените.
Насилник што тепа жена е насилен и спрема мажи, не бира таков маж пол. Утре кога ќе те претепа таков некој немој да плачеш ваму.