Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Ти не праша дали можи или не можат да ја работат инжинерската работа. Ти потенцираше дека само биле 30%. Еве за цигли редење се 2%. Ај да промовираме за тоа да работат жените.

Еднаквоста не е шведска маса па си бираме што ни одговара.
Промовирајте кој ви брани, тука биологијата не дозволува а не дека жените не можат.
Исто како јас да се бунам оти јас раѓам и оти мажот ми нема цицка за да го дои бебето.
Јас зборам за дискриминација кај работи кои можат подеднакво да ги работат и мажи и жени.
 
Бираме затоа што биологијата не ја интересира социјалната еднаквост.

Еве ти утре купуваш имот, и решаваш куќа од 3 спрата со базен да направиш.
Дали ќе вработиш фирма жени за тоа?

Јас искрено нема, зошто сакам да влезам во куќата пред да умрам.
 
Во цигли редење нема ни 2% жени. Мислам дека тоа прво треба да го решиме па после ќе одиме на науката и инжинерството.
Кој нема во главата, има во нозете. Со други зборови, никој не ги тераше да бегаат од часови и да забушаваат у школо па после ределе цигли, и крај краева никој на мајсторине не им стави пиштол на чело да ја работат таа работа, тоа е платено, затоа и сакаат тоа да работат, не се за жалење, денес мајсторите заработуваат повеќе од доктори и инжинери. Да можев да работам тоа и јас би работела, платено е, ама како што рекоа и другиве членки претходно, не можам не ми дозволува телото и снагата.
 
Промовирајте кој ви брани, тука биологијата не дозволува а не дека жените не можат.
Исто како јас да се бунам оти јас раѓам и оти мажот ми нема цицка за да го дои бебето.
Јас зборам за дискриминација кај работи кои можат подеднакво да ги работат и мажи и жени.
Биолошки гледано, мажите во просек покажуваат поголем интерес за работа со објекти, машини, системи, технологија и апстрактни технички проблеми, додека жените во просек покажуваат поголем интерес за работа со луѓе.

Ако ја земаш биологијата предвид, тогаш не треба да те изненадува зошто жените сочинуваат само околу 30% од инженерската професија. Разликите во просечните интереси се еден од факторите што можат да придонесат за таквата застапеност.

Значи, на биолошко ниво не сме идентични во просечните предиспозиции и интереси. Затоа и ти реков: ако веќе зборуваме за инженерството и науката, зошто тогаш не зборуваме и за професии како ѕидањето и редењето тули? Или биологијата ја земаме предвид само кога ни одговара?
Бираме затоа што биологијата не ја интересира социјалната еднаквост.

Еве ти утре купуваш имот, и решаваш куќа од 3 спрата со базен да направиш.
Дали ќе вработиш фирма жени за тоа?

Јас искрено нема, зошто сакам да влезам во куќата пред да умрам.
Те разбирам за тоа и се слагаме тука.

Во медицинската лабораторија каде што работам, 80–90% од медицинските техничари и лаборантите се жени. Од друга страна, во System Engineering, Networking, Development и DBA, 80–90% од вработените се мажи.

Јас лично не гледам никаков проблем во тоа. Но, Чолка веројатно би рекла дека тоа не е еднаквост. Прашањето е дали еднаквоста значи еднаква застапеност во секоја професија или еднакви можности секој да го избере она што навистина го интересира.
 
Биолошки гледано, мажите во просек покажуваат поголем интерес за работа со објекти, машини, системи, технологија и апстрактни технички проблеми, додека жените во просек покажуваат поголем интерес за работа со луѓе.

Ако ја земаш биологијата предвид, тогаш не треба да те изненадува зошто жените сочинуваат само околу 30% од инженерската професија. Разликите во просечните интереси се еден од факторите што можат да придонесат за таквата застапеност.

Значи, на биолошко ниво не сме идентични во просечните предиспозиции и интереси. Затоа и ти реков: ако веќе зборуваме за инженерството и науката, зошто тогаш не зборуваме и за професии како ѕидањето и редењето тули? Или биологијата ја земаме предвид само кога ни одговара?

Те разбирам за тоа и се слагаме тука.

Во медицинската лабораторија каде што работам, 80–90% од медицинските техничари и лаборантите се жени. Од друга страна, во System Engineering, Networking, Development и DBA, 80–90% од вработените се мажи.

Јас лично не гледам никаков проблем во тоа. Но, Чолка веројатно би рекла дека тоа не е еднаквост. Прашањето е дали еднаквоста значи еднаква застапеност во секоја професија или еднакви можности секој да го избере она што навистина го интересира.
Еднакви можности и да нема дискриминација.
Секако дека пазарот на трудот одлучува на крај и не е пристрасен на полови. Затоа нема жени ѕидари.
 
На запад породилното е една година и имаш родителско отсуство до три годинни, не е платено ама работното место ти стои.
Запад не ти е само Германија провери ако сакаш па пак ќе збориме.
Еве ќе ти одговорам тука.
Иако жените имаат доста права остварено во многу земји но сеуште има земји кај што се дискриминирани.

Еднаква плата за иста позиција чисто сумњам дека кај нас земаат и мажи и жени.

Позиција во битни сфери како наука, инженерство и слично мало сутра, повеќето се мажи

На државни функции исто мукла, еве кај нас во министерството колку се жени колку се мажи ?
Славјанка ја отепаа од ругање за се и сешто, од физички изглед па се до мајчинство, а од неа има едно десет пати понеспособни.

Очекувањата од жената да биди домаќинка и мајка и да си ја гледа работата во кујната.
Да има мажи кои подеднакво си ги делат обврските ама генерално од жената се очекува цела таа обемна работа. И погоди шо, на крај никој не ја гледа нејзината жртва за семејството туку мажот е тој кој е фален дека издржава семејство.

Жената оди и на работа и после втора смена дом ја чека неплатена работа, оти мажот е маж, ( секоја чест на исклучоци кои се ретки )
Ова никогаш нема да се искорени кај нас.

Породилно да има и таткото, за да отсуствува од работа и да помага кога не можи мајката.

Еве на форумов колку пати мене ме прозваа дека седам дома а мажот ми ме издржава ? Викате жените да седат дома со децата а кога го прават тоа пак не чинат, мрзливи биле ...
Мислиш лесно е да ги слушаш тие муабети цело време, се осеќаш како некорисен а правиш дупло потешка работа, неправда колку да сакаш.
Значи се ова што кажуваш е субјективно, не гледам кршење на права, еве ќе гледам да покријам колку што можам повеќе:

Еднаква плата нема никаде затоа што во компаниите има нешто што се вика буџет. Познато е дека мажите се ценкаат подобро, жените кажуваат пониски суми за да се осигураат дека ќе ја добијат работата, додека мажите и по цена да не ја добијат бараат повисока плата. Ти еве ако не работиш, ќе идеш утре на интервју и ќе те прашаат колку бараш, ако сакаш кажи 100 евра ако сакаш кажи 10К евра, никој не ти брани, но по искуство знам дека жените се поплашливи и даваат пониски суми, а после им е криво кога мажи имаат повисока плата за иста работа. Тоа е тој капитализам. Или имаш искуство кај што даваат повеќе пари на пол? Ја немам.
Позиции во други битни сфери ко граџевина и темна металургија не те засега нели? Но и не е битно, вие не сте спречени, нема кршење на права, едноставно повеќето се мажи зашто повеќе ги влече мажите ова.
Државни функции, пак, немате помалку права, а зашто ве нема повеќе, не знам. Тоа што ја ругаат, е сељачизам и малодушност, нема врска со права.

Се ова што го кажуваш е непријатно, но стварно не гледам кршење на права и привилегираност на мажите. Ова е буквално лично искуство, на ниту едно место ти не насочуваш кон скршено право за кое вие се борите, тебе ти пречат стереотипите, ама тие не се бутаат лесно. Исто го јадат и старци, грди луѓе, дебели луѓе, на стереотипи, но тоа не треба да се помеша со кршење на права или немање еднакво право на нешто.
Фала што одговори, једина си што даде што годе смислен одговор, ама пак, кршење и немање на права стварно не увидов.
 
На пример другарите ако те фатат со штипките и алиштата нема никогаш да не ве заебаваат за тоа.
Чисто сумњам, а и ако ме заебаваат, голема работа, психички ќе се поболам.
Промовирајте кој ви брани, тука биологијата не дозволува а не дека жените не можат.
Исто како јас да се бунам оти јас раѓам и оти мажот ми нема цицка за да го дои бебето.
Јас зборам за дискриминација кај работи кои можат подеднакво да ги работат и мажи и жени.
Нема такво нешто, можеш да аплицираш за која сакаш работа, и ако си најдобар кандидат, голема е шансата да ја добиеш. Газда го интересира профит, не го интересира пол. А тоа што кога не добиваат поради тоа што мажите се поквалификувани, и го викаат дискриминација, е друга работа. Пример, психологијата (сеуште) го класифицира лидерството како машка карактеристика, ама на жените не им се свиѓа тоа и се бунат да има повеќе жени лидери. Од искуство, додека бев менаџер, ти кажувам, во моментот кога ќе има малку притисок, некоја понепријатна ситуација, излегуваат емоциите и паниката на површина кај жените, и во тие моменти повеќе ти пречат неголи што ти помагаат. Почнува пасив-агресив однос, мрчење, држење на долги состаноци без ефект, обвинување, измислување решение на пук, у моментот, не методично, со планирање и ладна глава. Значи да, работата врви, ама со непотребен дополнителен стрес и арчење време на глупости. Пооптимално е со мажи менаџери, но не со феминизирани мажи, зашто и они се ко жените, мозокот им е непријател. Еден таков пендехо излезе брнаут со дијагноза а пола ден пушеше, најверојатно ако имаше сериозна работа, цел ден да беше зафатен, најверојатно у лудница ќе завршеше.
 
Запад не ти е само Германија провери ако сакаш па пак ќе збориме.

Значи се ова што кажуваш е субјективно, не гледам кршење на права, еве ќе гледам да покријам колку што можам повеќе:

Еднаква плата нема никаде затоа што во компаниите има нешто што се вика буџет. Познато е дека мажите се ценкаат подобро, жените кажуваат пониски суми за да се осигураат дека ќе ја добијат работата, додека мажите и по цена да не ја добијат бараат повисока плата. Ти еве ако не работиш, ќе идеш утре на интервју и ќе те прашаат колку бараш, ако сакаш кажи 100 евра ако сакаш кажи 10К евра, никој не ти брани, но по искуство знам дека жените се поплашливи и даваат пониски суми, а после им е криво кога мажи имаат повисока плата за иста работа. Тоа е тој капитализам. Или имаш искуство кај што даваат повеќе пари на пол? Ја немам.
Позиции во други битни сфери ко граџевина и темна металургија не те засега нели? Но и не е битно, вие не сте спречени, нема кршење на права, едноставно повеќето се мажи зашто повеќе ги влече мажите ова.
Државни функции, пак, немате помалку права, а зашто ве нема повеќе, не знам. Тоа што ја ругаат, е сељачизам и малодушност, нема врска со права.

Се ова што го кажуваш е непријатно, но стварно не гледам кршење на права и привилегираност на мажите. Ова е буквално лично искуство, на ниту едно место ти не насочуваш кон скршено право за кое вие се борите, тебе ти пречат стереотипите, ама тие не се бутаат лесно. Исто го јадат и старци, грди луѓе, дебели луѓе, на стереотипи, но тоа не треба да се помеша со кршење на права или немање еднакво право на нешто.
Фала што одговори, једина си што даде што годе смислен одговор, ама пак, кршење и немање на права стварно не увидов.
Па затоа реков појма немате за што се борат феминистките.
А и ти никаде не ми ги поби фактите туку ми викаш не знам оти, појма немам, се ценкаат итн итн :)

Значи пак постои стигма, пак постои каква таква дискриминација .

А за породилното не знам каде на запад е помалку од тоа што го напишав и каде имаат помали бенефити, во Шведска уште повеќе имаат од Германија, ги спомнувам тие две земји оти и во двете имам живеено
 
1794523905940.png
Македонија за споредба има 9 месеци, демек 36 недели, па спореди. А Америка е нешто као 2 недели, таму е пепел хаха. Инфото е малку старо, ама не дека ги дуплирале у меѓувреме.

За другото, јас нема што да побивам, правата не се скршени, прашањето беше кои права ги немате, не дали петко од маало те плука што седиш дома и гледаш деца. Имате еднакви права ко што имаме ние, негде и поеднакви, ама сега стигма, е јбг, не можеме да влеземе во мозокот на луѓето и да контролираме што мислат. А за плата, што, не сум прав, ете има и други членки по европа, па и тука, ајде со чиста совест кажете дека на еднакви позиции мажите ги плаќаат дека се мажи, а не дека се исценкале боље. Бев и hiring manager, ти гарантирам жените кажуваат пониски цифри, дури и кога немаат лошо CV. Зашто си го праите тоа на себе, не знам, вие кажете. А после има плачки за дискриминација ако случајно се разбере платата на некој колега. Нефер играчи сте малку. Јбг, ленон што кажал, жените се црнците на светот :D
 
Back
На врв Bottom