Запад не ти е само Германија провери ако сакаш па пак ќе збориме.
Значи се ова што кажуваш е субјективно, не гледам кршење на права, еве ќе гледам да покријам колку што можам повеќе:
Еднаква плата нема никаде затоа што во компаниите има нешто што се вика буџет. Познато е дека мажите се ценкаат подобро, жените кажуваат пониски суми за да се осигураат дека ќе ја добијат работата, додека мажите и по цена да не ја добијат бараат повисока плата. Ти еве ако не работиш, ќе идеш утре на интервју и ќе те прашаат колку бараш, ако сакаш кажи 100 евра ако сакаш кажи 10К евра, никој не ти брани, но по искуство знам дека жените се поплашливи и даваат пониски суми, а после им е криво кога мажи имаат повисока плата за иста работа. Тоа е тој капитализам. Или имаш искуство кај што даваат повеќе пари на пол? Ја немам.
Позиции во други битни сфери ко граџевина и темна металургија не те засега нели? Но и не е битно, вие не сте спречени, нема кршење на права, едноставно повеќето се мажи зашто повеќе ги влече мажите ова.
Државни функции, пак, немате помалку права, а зашто ве нема повеќе, не знам. Тоа што ја ругаат, е сељачизам и малодушност, нема врска со права.
Се ова што го кажуваш е непријатно, но стварно не гледам кршење на права и привилегираност на мажите. Ова е буквално лично искуство, на ниту едно место ти не насочуваш кон скршено право за кое вие се борите, тебе ти пречат стереотипите, ама тие не се бутаат лесно. Исто го јадат и старци, грди луѓе, дебели луѓе, на стереотипи, но тоа не треба да се помеша со кршење на права или немање еднакво право на нешто.
Фала што одговори, једина си што даде што годе смислен одговор, ама пак, кршење и немање на права стварно не увидов.