Те капирам, али оваа категорија не постои за феминистките да хистеришаат, него пошто државите сакаат помалце жени да им се убиваат (просто кажано). Државата има должност да ги штити сите граѓани и ради тоа и делото убиство се дели во разни категории (една е фемицид). Во моментов, збориме за тип на фемицид каде мажи убиваат девојки ради невозвратена љубов и посесивност. Не е прва жена во Македонија што пријавила партнер што и се заканувал, ја демнеел, ја киднапирал (во овој случај) и институциите не успеале да заштитат. Нивна одговорност е (од образование, до превентива, па и казнена политика, да спречат слични дејствија) и категоризацијата помага со тоа.
Ги одделуваат пошто е државен проблем, секој тип на убиства бара различен пристап. Убиствата врзани со банди (gang-related homicide) се решаваат со различни политики од убиствата поради чест (honor killings). Двата типа иако носат до ист резултат (некој е убиен) поради нивната различна природа, се решаваат различно преку разни јавни политики. Сите овие типови и под-типови на убиства се категории што и помагаат на државата да го разбере подобро проблемот и да го решава адекватно. Прв чекор во решавање на еден проблем е дијагноза и оваа поделба е токму заради тоа. Така и фемицид е тип на убиство (најчесто извшрен или од член на семејството или партнер) и он се решава на посебен начин од категорииве погоре. Сите бараат различни комбинации од мерки (политики во образование, здравство, полиција, судство, затвори, политика на јавна безбедност) за да бидат решени.
Во секоја држава е различен сторител. Во Европа,
топ 3 земји со највисока стапка на фемицид се Литванија, Лихтенштајн и Латвија (на 100.000 жители, или фемицид пропорционално на популација). Они се комплетно бели. Турција е четврта, и е прва муслиманска земја на листата. Зборот ми е, универзален проблем е, некаде поприсутен (Африка), некаде помалце (Европа), али секаде постои како проблем.