Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Те капирам, али оваа категорија не постои за феминистките да хистеришаат, него пошто државите сакаат помалце жени да им се убиваат (просто кажано). Државата има должност да ги штити сите граѓани и ради тоа и делото убиство се дели во разни категории (една е фемицид). Во моментов, збориме за тип на фемицид каде мажи убиваат девојки ради невозвратена љубов и посесивност. Не е прва жена во Македонија што пријавила партнер што и се заканувал, ја демнеел, ја киднапирал (во овој случај) и институциите не успеале да заштитат. Нивна одговорност е (од образование, до превентива, па и казнена политика, да спречат слични дејствија) и категоризацијата помага со тоа.

Ги одделуваат пошто е државен проблем, секој тип на убиства бара различен пристап. Убиствата врзани со банди (gang-related homicide) се решаваат со различни политики од убиствата поради чест (honor killings). Двата типа иако носат до ист резултат (некој е убиен) поради нивната различна природа, се решаваат различно преку разни јавни политики. Сите овие типови и под-типови на убиства се категории што и помагаат на државата да го разбере подобро проблемот и да го решава адекватно. Прв чекор во решавање на еден проблем е дијагноза и оваа поделба е токму заради тоа. Така и фемицид е тип на убиство (најчесто извшрен или од член на семејството или партнер) и он се решава на посебен начин од категорииве погоре. Сите бараат различни комбинации од мерки (политики во образование, здравство, полиција, судство, затвори, политика на јавна безбедност) за да бидат решени.

Во секоја држава е различен сторител. Во Европа, топ 3 земји со највисока стапка на фемицид се Литванија, Лихтенштајн и Латвија (на 100.000 жители, или фемицид пропорционално на популација). Они се комплетно бели. Турција е четврта, и е прва муслиманска земја на листата. Зборот ми е, универзален проблем е, некаде поприсутен (Африка), некаде помалце (Европа), али секаде постои како проблем.
Ја те контам, сакаш да кажеш дека за статистики и на што да обрнат внимание, кое држи вода, но ајде ќе си ја објаснам поентата по друг начин. Иако терминот влече корени од латинскиот јазик, значи стар термин, на пример, во африка гинат за добро утро, и жени и деца, а за мажи да не зборам, cheaper by the dozen, и сигурен сум дека таму не го користат, ама сепак, иако нема толку случаи, терминот се популаризира од американски феминистки и нормално трендот на неговата употреба доаѓа од западот, од каде што дува и ветерот на промена во однос на женските права. Знаеш, за да звучи полошо во очите на жените, да се мрзиме за една причина повеќе, нели ако еден Ахмед се разнесе у метро, треба да ги мразиме сите други Ахмедовци. Ако продолжи вака, гарант ќе има одделна терминологија за убиство на геј човек или џендер.
 
Во Африка гинат за добро утро, и жени и деца, а за мажи да не зборам, cheaper by the dozen, и сигурен сум дека таму не го користат, ама сепак, иако нема толку случаи, терминот се популаризира од американски феминистки и нормално трендот на неговата употреба доаѓа од западот, од каде што дува и ветерот на промена во однос на женските права.
Се користи и во Африка и државите и таму мерат и кројат јавни политики (очигледно неуспешно пошто највисоки стапки на фемицид се во Африка). А како термин не гледам зошто да не се користи во јавен дискурс, ако посочува на постоечки проблем што треба да се реши. Со други зборови: државата треба да спречи убиства извршувани од љубовен партнер. Ако некој бара тој проблем да се реши, не гледам што има лошо во тоа. Напротив, јавен притисок е еден начин да се донесе промена.

Не се само жени против фемицид, сигурен сум дека сите на форумов се против убивање на жени од свои партнери (без разлика дали се маж, жена, транс, техно или што сакаат да бидат) и сите ќе се согласат дека државата мора да спречи слични ситуации како оваа сега што ја гледаме. Не гледам нешто контроверзно во ова.

Додаток: од година во година, оваа бројка на глобално ниво опаѓа (што значи државиве прават нешто што е добро и ефективно, да овој проблем се посочи и се намали).

Фемицид или нешто друго, ја провери линк.
Моја грешка и прав си, тоа е општо за убиства. Најдов конкретно за убиства од партнер или член на семејство, Латвија и Литванија се уште во топ 3 (број 1 и 2), ние сме на 3то место во Европа:

Screenshot 2026-11-05 at 22.08.51.png

Извор е Eurostat.
 
Последно уредено:
Јебало вас и хомицид и фемицид, на тема кај шо грото треба да се жени на прсти на една рака едвај можат да се избројат.
До толку нема шо да прајте во животот ?
 
Cupe tuka nekoj lebot si go vadi, nemoj sega so vakvi muabeti.
 
Јебало вас и хомицид и фемицид, на тема кај шо грото треба да се жени на прсти на една рака едвај можат да се избројат.
До толку нема шо да прајте во животот ?
Тебе феминистките ќе ти ја исчупаат косата ако те дофатат.
 
Те капирам, али оваа категорија не постои за феминистките да хистеришаат, него пошто државите сакаат помалце жени да им се убиваат (просто кажано). Државата има должност да ги штити сите граѓани и ради тоа и делото убиство се дели во разни категории (една е фемицид). Во моментов, збориме за тип на фемицид каде мажи убиваат девојки ради невозвратена љубов и посесивност. Не е прва жена во Македонија што пријавила партнер што и се заканувал, ја демнеел, ја киднапирал (во овој случај) и институциите не успеале да заштитат. Нивна одговорност е (од образование, до превентива, па и казнена политика, да спречат слични дејствија) и категоризацијата помага со тоа.

Ги одделуваат пошто е државен проблем, секој тип на убиства бара различен пристап. Убиствата врзани со банди (gang-related homicide) се решаваат со различни политики од убиствата поради чест (honor killings). Двата типа иако носат до ист резултат (некој е убиен) поради нивната различна природа, се решаваат различно преку разни јавни политики. Сите овие типови и под-типови на убиства се категории што и помагаат на државата да го разбере подобро проблемот и да го решава адекватно. Прв чекор во решавање на еден проблем е дијагноза и оваа поделба е токму заради тоа. Така и фемицид е тип на убиство (најчесто извшрен или од член на семејството или партнер) и он се решава на посебен начин од категорииве погоре. Сите бараат различни комбинации од мерки (политики во образование, здравство, полиција, судство, затвори, политика на јавна безбедност) за да бидат решени.

Во секоја држава е различен сторител. Во Европа, топ 3 земји со највисока стапка на фемицид се Литванија, Лихтенштајн и Латвија (на 100.000 жители, или фемицид пропорционално на популација). Они се комплетно бели. Турција е четврта, и е прва муслиманска земја на листата. Зборот ми е, универзален проблем е, некаде поприсутен (Африка), некаде помалце (Европа), али секаде постои како проблем.
Демек во Судан, Нигерија или Авганистан некој води сметка колку жени се убиени? Абе доста со овај наратив против белците преку таквото веќе ни сте дојдени. Се работи за убиство и самоубиство. Без дополнителни просеравања.
 
Се користи и во Африка и државите и таму мерат и кројат јавни политики (очигледно неуспешно пошто највисоки стапки на фемицид се во Африка). А како термин не гледам зошто да не се користи во јавен дискурс, ако посочува на постоечки проблем што треба да се реши. Со други зборови: државата треба да спречи убиства извршувани од љубовен партнер. Ако некој бара тој проблем да се реши, не гледам што има лошо во тоа. Напротив, јавен притисок е еден начин да се донесе промена.

Не се само жени против фемицид, сигурен сум дека сите на форумов се против убивање на жени од свои партнери (без разлика дали се маж, жена, транс, техно или што сакаат да бидат) и сите ќе се согласат дека државата мора да спречи слични ситуации како оваа сега што ја гледаме. Не гледам нешто контроверзно во ова.

Додаток: од година во година, оваа бројка на глобално ниво опаѓа (што значи државиве прават нешто што е добро и ефективно, да овој проблем се посочи и се намали).

Моја грешка и прав си, тоа е општо за убиства. Најдов конкретно за убиства од партнер или член на семејство, Латвија и Литванија се уште во топ 3 (број 1 и 2), ние сме на 3то место во Европа:

Прегледај го приврзокот 490608

Извор е Eurostat.
Кај нас не е просек 15 убиства годишно...пример цела 2025 се евидентирани 4 убиства на жени од страна на нивниот партнер.
 
Јебало вас и хомицид и фемицид, на тема кај шо грото треба да се жени на прсти на една рака едвај можат да се избројат.
До толку нема шо да прајте во животот ?
Ти сега ни правиш форумцид, нели ти е срам :D
 
Кај нас не е просек 15 убиства годишно...пример цела 2025 се евидентирани 4 убиства на жени од страна на нивниот партнер.
Таа е бројката и на графиконот, 15 е за Латвија, ние сме некаде околу 5/6 (што има сенс бидејќи од 2021ва до 2025та, во Македонија се убиени 26 жени, и да не се сите фемицид, бројката горе доле е таа).

Демек во Судан, Нигерија или Авганистан некој води сметка колку жени се убиени? Абе доста со овај наратив против белците преку таквото веќе ни сте дојдени. Се работи за убиство и самоубиство. Без дополнителни просеравања.
Читај што е напишано, збориме за рангирање во Европа, не на светско ниво. Конкретно во случајов, девојката убиена во Богданци е македонка, убиена од партнер македонец. Росица беше македонка убиена од партнер македонец. Не се единствени. Муабетот нема везе со белкињи, црнкињи, него 3ти во Европа сме по убиства врз жени извршени од партнер или член на семејство. Ниту државата, ниту семејството, ниту општеството не ја заштити женава, што можеше да биде нечија мајка, нечија пријателка, да и помага на државата, на општеството, али не беше заштитена. Не е прва. Ова е муабетот.

Да кажеш дека ова е убиство и самоубиство, а да игнорираме дека е фемицид, е исто како да кажеш за некој верски фанатик што ќе се разнесе "овде нема тероризам: има убиство и самоубиство, не ти треба дополнителен опис". Категоризација се прави за да се посочи проблем, дефинира и да се решава, не се пишува од курташак.
 
Таа е бројката и на графиконот, 15 е за Латвија, ние сме некаде околу 5/6 (што има сенс бидејќи од 2021ва до 2025та, во Македонија се убиени 26 жени, и да не се сите фемицид, бројката горе доле е таа).

Читај што е напишано, збориме за рангирање во Европа, не на светско ниво. Конкретно во случајов, девојката убиена во Богданци е македонка, убиена од партнер македонец. Росица беше македонка убиена од партнер македонец. Не се единствени. Муабетот нема везе со белкињи, црнкињи, него 3ти во Европа сме по убиства врз жени извршени од партнер или член на семејство. Ниту државата, ниту семејството, ниту општеството не ја заштити женава, што можеше да биде нечија мајка, нечија пријателка, да и помага на државата, на општеството, али не беше заштитена. Не е прва. Ова е муабетот.

Да кажеш дека ова е убиство и самоубиство, а да игнорираме дека е фемицид, е исто како да кажеш за некој верски фанатик што ќе се разнесе "овде нема тероризам: има убиство и самоубиство, не ти треба дополнителен опис". Категоризација се прави за да се посочи проблем, дефинира и да се решава, не се пишува од курташак.
Абе девојката е убиена од идиотов. Значи е убиство. налетала на идиот. Во државните институции се напикани партиски полтрони кои не се замараат со ништо. Ме нервира терминов фемицид. Со тоа само се ствара омраза кон сите мажи. Ако жена убие маж за шо се работи за убиство или меницид? Инаку графиконот врска нема. Муџите и африканосите ги растурија од силување жените по Западна Европа. За убиства и да не зборуваме. Баш гледав за време на немирите во Париз двајца црномурести инжинери се пофалија дека во океан фрлиле жена пошто била вештица. Мислиш некој ги зеде на одговотност?
 
Ме нервира терминов фемицид. Со тоа само се ствара омраза кон сите мажи.
Незнам момак, еве ти кога читаш фемицид ти ствара омраза кон сите мажи? Ја гледам на ова вака: и мажи и жени кај нас би се согласиле дека убиства врз жени од љубовен партнер се лоша ствар и треба да се спречат. Не е ова спорно. Овој тип на убиства мора некако да се опишат, не се исти како убиства ради пари, поспецифични се.

На пример, ако како во случајов, женава барала помош од полиција, или кај Росица била слична ситуација, да бидеме свесни дека такви проблеми како фемицид постојат кај нас, за да можеш да препознаеш кога другарка, сестра, ќерка, комшика, кој и да е, ти е во проблем, да ја заштитиш и уште поважно, државата да ја заштити. Тоа е муабетот.

За убиства и да не зборуваме. Баш гледав за време на немирите во Париз двајца црномурести инжинери се пофалија дека во океан фрлиле жена пошто била вештица. Мислиш некој ги зеде на одговотност?
Да останеме со Македонија и Богданци, да не разредуваме муабет.
 
Незнам момак, еве ти кога читаш фемицид ти ствара омраза кон сите мажи? Ја гледам на ова вака: и мажи и жени кај нас би се согласиле дека убиства врз жени од љубовен партнер се лоша ствар и треба да се спречат. Не е ова спорно. Овој тип на убиства мора некако да се опишат, не се исти како убиства ради пари, поспецифични се.

На пример, ако како во случајов, женава барала помош од полиција, или кај Росица била слична ситуација, да бидеме свесни дека такви проблеми како фемицид постојат кај нас, за да можеш да препознаеш кога другарка, сестра, ќерка, комшика, кој и да е, ти е во проблем, да ја заштитиш и уште поважно, државата да ја заштити. Тоа е муабетот.

Да останеме со Македонија и Богданци, да не разредуваме муабет.
Тука ние имаме проблем со неспособна полиција и органи, не со фемицид, геноцид, хомицид. Не си измислил топла вода тука. И мажи и жени би се согласиле дека СЕКОЕ убиство освен во самодобрана е лошо и треба да се спречи, не само врз жени.
 
Тука ние имаме проблем со неспособна полиција и органи, не со фемицид, геноцид, хомицид. Не си измислил топла вода тука.
Ние со што се немаме проблем. :icon_mrgr: Две вистини може да постојат во исто време: и да иаме проблем со неспособни и неодговорни институции, и проблем со фемицид.

И мажи и жени би се согласиле дека СЕКОЕ убиство освен во самодобрана е лошо и треба да се спречи, не само врз жени.
Така де, само темава е за феминизам и муабетот е конкретно за жената што беше убиена во Богданци од посесивен партнер. Тоа го коментираме. Да бевме на тема тероризам, ќе коментиравме убиства при тероризам, или ако беа мафијашки убиства, ќе ги зборевме во тема криминал.
 
Јебало вас и хомицид и фемицид, на тема кај шо грото треба да се жени на прсти на една рака едвај можат да се избројат.
До толку нема шо да прајте во животот ?

Само феминисти можат да коментираат? Вот и Хари само сњ дозволени дечки.
 
Фемицид е кога жена е убиена заради тоа што е жена. Не заради невозвратена љубов, дрога, љубовни караници, мамење, крадење, наследство и слично.
Епа да беше машко немаше да ја убие идиотов.
 
Back
На врв Bottom