Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Фемицидот е најекстремна форма на родово базирано насилство и се дефинира како „убивање жени затоа што се жени“.

Мотивот е единственото нешто што е битно. Ако ја убил жената заради расправија, не заради тоа што е жена, не е тоа фемицид.

Ако сериски убиец убива жени затоа што се жени тоа е фемицид. Ако ги убива затоа што се полесни за манипулација и немаат доволна сила за да се одбранат, тој е сериски убиец не фемицидец.
Автоматски споено мислење:

А да прашаме колку машки деца се абортирани од жени, или подобро кажано инфантицид?
Дефиницијата за фемицид е јасна, нема што да се натегаме понатаму.

За второво, абортирани се затоа што се машки, или затоа што дошло до несакана бременост?
 
Мене ми е јасна, на многу не им е, како на пример редакцијата на весникот Вечер.

Во било кој случај, тоа е инфантицид.

Уште не е дојдено Македонија, ама на запад ова е добро познато.

Читај за Трајчо и потсети ме кога беше последен пат кога жена беше сериски убиец во Македонија и таргетираше само мажи.

Мислам дека СИТЕ одамна се согласивме на темава дека новиот бран на „феминизам“ кој доаѓа од западот се граничи со лудило.
 
Мотивот ти му го знаеш на Трајчо? Ако го знаеш, сподели го. Сe додека не се утврди дека ги убивал жените токму затоа што се жени, а не поради други причини, терминот „фемицид“ не припаѓа во оваа дискусија.

Одамна е замината границата на лудило. Се надевам дека не подржуваш абортус или инфантицид.
 
Го прочитав ова, го класифицираат како случај со елементи на фемицид. Ако навистина мотивот му е да убива жени затоа што се жени, тогаш ова е фемицид.

Ако, пак, има нагон за убивање, а старите жени му се најлесна мета, тогаш мотивот е самото убиство, а жените се само лесни цели. Во тој случај станува збор за сериски убиец.
 
„убивал од омраза кон жените“
 
„убивал од омраза кон жените“
Убиство си е убиство. Лазе Чеканот од Охрид убиваше само мажи дели тоа значи дека извршил меницид?:cautious: Овај ромов од Баиро ја убил женаму во расправија. Како ќе докажат дали ги мразел сите жени или само сопругата? Мислам која е поентата?
 
„убивал од омраза кон жените“
у тој случај е фемицид

Убиство си е убиство. Лазе Чеканот од Охрид убиваше само мажи дели тоа значи дека извршил меницид?:cautious: Овај ромов од Баиро ја убил женаму во расправија. Како ќе докажат дали ги мразел сите жени или само сопругата? Мислам која е поентата?
Верувам дека нема некое големо влијание врз казната.
 
у тој случај е фемицид

Верувам дека нема некое големо влијание врз казната.
Ме нервира шо нонстоп се обидуваат да ни пласираат некои woke срања. Се со цел нетрпеливост меѓу мажите и жените.
 
Во нашето општество конкретно, тие наративи се туркаат преку странски, западни фондови и амбасади. Фондовите и амбасадите финансираат и создаваат разни невладини органзации и ги етаблираат нивните (идеолошки) перспективи како релевантни фактори во јавниот наратив.
Амбасадите вршат притисок врз властите по иста линија.
Така на пример, владата на Груевски у Прирачникот за животни вештини, чинам беше, за седмо до девето одделение, имаше пишано - Тинејџерите да си го пронашле својот родов идентитет, a ако имаат непознаници може да најдат дополнителни информации на интернет адресата на младинскиот центар Сакам да знам на Хера.
Ваљда знаеш што е Хера и кој ја спонзорира.

На истава тема поназад имаше линк од постови на една која лупаше разни глупости од типот - на машките деца да им се даваат женски хормони, но подобро да се абортираат.
Во линковите види со кои организации се асоцираше дотичната и кој ги спонзорира тие организации.

и ред други примери

Не ни сакам да почнам да размислувам владата на СДСМ по ова прашање што правела.
 
Ме нервира шо нонстоп се обидуваат да ни пласираат некои woke срања. Се со цел нетрпеливост меѓу мажите и жените.
Не се работи за никакви “woke” срања. Лесно е да јадеш трици кога никогаш не си морал да живееш како жена. Кога ќе искусиш барем дел од тоа на своја кожа, тогаш дискутирај. До тогаш, замарањето со “anti-woke” муабети само покажува колку појма немате од реалноста на жените.
 
Има и тоа што го вкаш реалност на жените, има и идеологија.
Измешани се тие работи.
Идеологијата сака да ќари на борбата на жените против дискриминација, како што сака да ќари на борбата на сексуалните малцинства против дискриминација и слично.

Да ти упростам - на пример, жените се жртви на сексуално насилство, овакво или онакво и сега некој искача и вика машките деца треба да се абортираат, а оние кои не се абортирани да им се даваат женски хормони.
 
Back
На врв Bottom