ФЕИТ(ИКИ) или ПМФ(Информациски системи)? Совет?

  • Креатор на темата Креатор на темата Petrovski
  • Време на започнување Време на започнување
Другарчиња, фала за се што ми кажавте:smir:, иако ве немаше многу. Темава не заживеа многу, се надевам дека ќе успеам да донесам правилно решение. Администратори, можете да ја затворите темава.

:salut::salut:

Мој совет немој да одиш на ФЕИТ,ебано тежок е.Во прва година имаш Физика и Основи што немаат никакво везе со програмирање,а програмерите на електро највеќе заглавуваат на овие два предмети.Основи на електротехника имаш многу решавање на најразлични кола а исто така и многу теорија бара(зависи кај кој професор).Физиката исто така е заебана за некој.Ако ти е за чисто програмирање,т.е. софтвер мој совет оди на ПМФ.Таму бар има математики кои и тоа како ти се побитно за програмер отколку физика или електротехника.Башка на ФЕИТ на колоквиум/испит програмираш на хартија,а со тоа и неможеш да видиш каде имаш згрешено дали на синтакса или на било што.А на ПМФ сите програмери си програмираат на компјутери што е далеку полесно.И јас пробав една година на електро видов дека за мене тоа е многу тешко поготово физиката и затоа од наредна година на некој друг.Сакав на електро да видам како е,видов дека не е за мене,а и не ми е криво што пробав барем сега знам како е на електро.
Ама имаш време до октомври.Ќе имаш отворени денови на двата факултети ќе видиш што повеќе ти одговара.
И кога јас пак би се запишувал сега тоа дефинитивно би било на ПМФ-ИИ.
 
Не е толку тежок сега ФЕИТ! Прилично е олеснет и старите смерови се поделени на повеќе нови! Кога беше ЕТФ, значи старата програма (пред 5 години се смени), е тогаш беше тешко да студираш на факултетот! Од 8 до 20 часот се сеќавам бевме на факултет и после одма во град! :salut:
 
Знае некој нешто за Интернет и мобилни телефонии што-како е?
Кои предмети за матура да се полагаат?
Како оди запишувањетоа и сл.
:smir:
 
Идам на ПМФ. Фала на сите за помошта
 
Ај да не отварам нова тема можам тука да се надоврзам. Иам слична дилема како другаров. Се мислам дали да си го следам мерако и да одам на пмф физика или математика-физика или на феит да учам занает:toe::toe::toe:
 
Ај да не отварам нова тема можам тука да се надоврзам. Иам слична дилема како другаров. Се мислам дали да си го следам мерако и да одам на пмф физика или математика-физика или на феит да учам занает:toe::toe::toe:
Мое мислење и мој совет е да се запишиш на електро, пошо мислам дека имаш доста поголем избор за вработување, за разлика од ПМФ. А каде е полесно или потешко, ич да не гледаш. Ако имаш навика и желба за тоа што го учиш, ќе го завршиш кој било факултет. Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom