Во Сакам да ти кажам дека темата се развила една дискусија ама реков поарно тука да пишам оти не се цитира и не се надоврзува таму.
За љубовта и трајноста.
Љубовта е важна, но чија...
Мое мислење е дека, како во еден виц што го прочитав на Твитер, врските во кои машкото повеќе сака завршуваат пред олтар, а каде женското повеќе сака на психијатрија.
Добро, карикирам нормално виц е во прашање, работа му е да е карикатура и претеризам.
Но, тоа е што е. Општеството, нам жените ни дава поголем товар, обврски и одговорност кон саканите и домот па можеби и затоа потсвесно истите тие врски, семејство, бракови ги гледаме како работно место. Мажот е и физиолошки и во однос на обврски послободен и едноставно сѐ е убаво додека неговата желба и љубов траат.
А, на жената (делумно зборам, не се сите во ист кош), побитна ѝ е сигурноста. Оти како што е понатоварена со обврски така е поподложна и на етикетирање. Затоа на не мал дел од жените склучување брак им е поважно одошто на мажите.
Додуша во помодерните општества, не е веќе ова случај, но сепак...
Маж поважно е да го вреднуваш и почитуваш како да го сакаш најмногу на свет, а љубовта да не порасне до степен да те спречи логично и паметно да реагираш. Не викам да не го сакаш ич, нормално да ти годи близината и да го цениш како некој што нешто постигнал во животот, на крајот, ќе делиш со него и кревет и одлуки. Жена што стално го критикува маж ѝ го прави помалку да се чувствува како маж, што му прави услуга и разлика и да е заљубена до сечење вени? Премногу заљубена жена не е гаранција дека ќе знае да цени она што го има. Жена којашто во баланс ги користи и чувствата и умот - е.
Труд е најбитен. Од двете страни.
Да се вреднува и негува љубовта на другиот со почит и поддршка. Да видите како тоа трае со децении.