Фатени Бугари во обид да крадат преку банкомати

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Фатени Бугари во обид да крадат преку банкомати
Тројца бугарски државјани се уапсени синоќа во Скопје откако полицијата ги открила дека поставиле апарати за крадење на податоци од платежни картички на банкомати на една домашна банка.

Полицијата ги привела 35-годишниот Иваљо Филипов, 37-годишниот Васил Вуљов и Иван Георгиев (29) во близина на еден банкомат на кој поставиле апарат за крадење на податоци т.н скимер.

“Сторителите се забележани во непосредна близина на банкоматите и истите се лишени од слобода во моментот кога ги отстранувале уредите за кражба на банкарските податоци поставени на банкоматите. Врз основа на Судски Наредби извршени се претреси кај пријавените и во возилото кое истите го користеле при што кај едно од лицата пронајден е уред за прибавување на банкарски податоци (скимер) и уред за снимање на видео запис од ПИН кодовите од платежни картички, а иста таква опрема е пронајдена и при претрес на возило марка “хонда цивик“ со Бугарски регистарски ознаки“, вели Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност во МВР.

На скимерите, полицијата пронашла податоци од 100 картички кои Бугарите имале намера да ги искористат за да вадат пари од банкоматите. Синоќа со кривични пријави бугарските државјани се изведени пред истражен судија, кој им одредил 30-дневен притвор.

Извор

Најпосле ги фатија. И јас бев еден од оние што настрада од овие „благонадежни“. Во почетокот на мај на банкоматот во ГТЦ на Банката бил поставен читач на ПИН- од картичките.
Фала Богу Банката ми ги врати парите на сметката! Полицијата апелира сите оние кои се сомневаат дека им е направен упад во сметката да ја известат полицијата.
 
Ццццц, значи најголеми арамии на светот се Бугарите.
 
Офллелеле Бугарите си ебале матер за вакви малверзации со картички тоа уште кога излегоа картичките Бугари беа главни лопови со вакво крадење само многу се ај да не речам глупи па одма ги факаат. Ако веке крадеш глеј укради од некој што има повеќе на пример некој милијардер па да не примети дека снемал а не од мали луѓе одма се наоѓа дека фали и ке ги пронајдат кои се, добро сеа овие се ептен глупи па ги фатиле уште на поставување :tapp:
 
Уште кога настрадав, нешто ми кажуваше дека ајдуциве се Бугари или Косовари...

Уф, уф, наеба а? :)
Море мамичето нивно.... треба на секој чекор да се пазиш....цццц....
 
Уф, уф, наеба а? :)
Море мамичето нивно.... треба на секој чекор да се пазиш....цццц....

Овој месец бев ни на небо, ни на земја :)
Фала му на Бога, пишување изјави ова, она, па пред два дена ме известија дека парите ми се вратени на сметка. Човек не знае од каде веќе да се чува, дали да лежи наведнат во кола, додека плаќа на патарина, дали да лази кога влегува во банка, дали да не користи банкомат...ужас
 
Normalno koj moze da bide drug,osven bugarite
 
Почнувам да мислам дека бугариве се рагаат со технологијата за крадење со картички,веке секој 2 бугар тоа го прави....
 
Види, технологијата е ништо особено. Но, заштитата против оваа технологија е уште полесна. И деца можат да се справат .. А инаку по темата - мит е дека главно Б'лгари се занимаваат со тоа. Името на првите варијанти на ваков род методи беше "либанска примка".
 
tatari sto mozat da pravat...
 
Bugarite se sampijoni za kradenje...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom