Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Фатени Бугари во обид да крадат преку банкомати
Тројца бугарски државјани се уапсени синоќа во Скопје откако полицијата ги открила дека поставиле апарати за крадење на податоци од платежни картички на банкомати на една домашна банка.
Полицијата ги привела 35-годишниот Иваљо Филипов, 37-годишниот Васил Вуљов и Иван Георгиев (29) во близина на еден банкомат на кој поставиле апарат за крадење на податоци т.н скимер.
“Сторителите се забележани во непосредна близина на банкоматите и истите се лишени од слобода во моментот кога ги отстранувале уредите за кражба на банкарските податоци поставени на банкоматите. Врз основа на Судски Наредби извршени се претреси кај пријавените и во возилото кое истите го користеле при што кај едно од лицата пронајден е уред за прибавување на банкарски податоци (скимер) и уред за снимање на видео запис од ПИН кодовите од платежни картички, а иста таква опрема е пронајдена и при претрес на возило марка “хонда цивик“ со Бугарски регистарски ознаки“, вели Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност во МВР.
На скимерите, полицијата пронашла податоци од 100 картички кои Бугарите имале намера да ги искористат за да вадат пари од банкоматите. Синоќа со кривични пријави бугарските државјани се изведени пред истражен судија, кој им одредил 30-дневен притвор.
Извор
Најпосле ги фатија. И јас бев еден од оние што настрада од овие „благонадежни“. Во почетокот на мај на банкоматот во ГТЦ на Банката бил поставен читач на ПИН- од картичките.
Фала Богу Банката ми ги врати парите на сметката! Полицијата апелира сите оние кои се сомневаат дека им е направен упад во сметката да ја известат полицијата.