Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Дај боже некогаш и на утакмица од ЛШ на РК Вардар да дојде некоја гостинска навивачка група.Атмосферата сигурно ќе биде појака од сегашната за 1 ниво,а тоа значи ежење во текот на целите 60 минути. :)
Па сеа со Веспрем, најавени се 500-1000 гостински навивачи.
 
Па сеа со Веспрем, најавени се 500-1000 гостински навивачи.

Читав за тоа и се надевам дека е точно,а искрено дека толкава ќе биде бројката не верувам.Да им дадат 1.000 карти во сала со 5-6.000 седишта малку не ми е логично,а и не знам кај би ги сместиле кога буквално на секој блок во салата 90% од седиштата се зафатени со сезонските билети.Како и да е...одлична можност ќе биде тоа да се научат тапанџиите што е тоа вистинско навиање.
 
Читав за тоа и се надевам дека е точно,а искрено дека толкава ќе биде бројката не верувам.Да им дадат 1.000 карти во сала со 5-6.000 седишта малку не ми е логично,а и не знам кај би ги сместиле кога буквално на секој блок во салата 90% од седиштата се зафатени со сезонските билети.Како и да е...одлична можност ќе биде тоа да се научат тапанџиите што е тоа вистинско навиање.
Не бе што трескам ја 500-1000. :tapp:
2-300 карти преку сила ако им дадат.
 
Срамота ќе биди ако на 16 ноември на натпреварот жрк вардар со будучност има повеќе варвари отколку комити ќе биди чиста брука за мак ракометотако комитите го дозволат ова оти овие најавуваат оти сите ќе дојделе во скопје http://sportmedia.mk/tsrnogorska-invazija-na-skopje-varvari-ke-ja-okupiraat-metropolata-foto/
 
Па... Комити?

Слушнав кога ја интервјуираа Нацева при натпреварот со Турингер дека Комитите имале некој кодекс: навивале за Кометал и тоа е тоа - веќе не навиваат за ниту еден друг клуб (претпоставувам во женскиот ракомет; за машкиот го имаат Вардар).

Ако тоа значи „За клубот додека смртта не нѐ раздели“, тоа е најдоброто мото што може да постои и е за секоја почит.

Но - смртта веќе ги раздели: Кометал веќе не постои (т.е. умре). Или можеби е во план да се возобнови, па Комитите ќе дојдат пак да навиваат за него? Според најавата на Трифун Костовски, не... Дали можеби некој друг тим ќе се создаде што ќе се вика Кометал Ѓорче Петров, па Комитите ќе навиваат (пак) за него? Дали тоа значи дека ако ЖРК Вардар се преименува во Кометал Ѓорче Петров, Комитите (пак) ќе навиваат за него?

Дали „Додека смртта не нѐ раздели“ значи „И откако смртта ќе нѐ раздели“?

Сѐ што знам е дека на ЖРК Вардар како клуб (играчи, тренер, управа итн) му се преку потребни Комитите како навивачка група. А исто така и на публиката, којашто сеедно ќе го следи ЖРК Вардар на натпреварите. Но секогаш е поинаку кога има навивачка група, којашто ќе го води навивањето и ќе ја понесе целата публика во салата, а и целиот тим.
 
А Варвари преку Бетсити ќе си ги набавуваат картите (со уплаќање на ливчиња)?
 
Наместо постојано да лаете на темата Комити-ЖРК Вардар може да се соберете позазди гол вие ‘‘загрижените‘‘ и да навивате за девојките.
 
А да си направите вие навивачка група и да си одоте да навивате за ЖРК? Појма немате од навивање и вие ќе кажувате понижување, грешка мешка.
Никој не ви брани да се соберете позади гол и да навивате.
Преку глава ми е веќе пред секој натревар истите муабети ги пишувате.
Ај ако не и за атлетски клуб вардар да навиваме. И тие дечки се дел од СД Вардар и сигурно со наша поддршка ќе имаат поголеми успеси.
 
Комити во минатото имале премногу грешки и тоа никој не го оспорува. Комитите погрешиле што покрај црвено-црната боја поддржуваа и зелено-жолта односно клуб по име Кометал. Доколку Комити се вратат на ЖРК за сосема друг клуб со сосема други бои ќе биде крајно идиотски и голем срам. Но од друга страна се работи за клуб со име Вардар, но кога порано се направиле грешки тешко е сега да се исправат.
Нас воопшто не ни е предизвик да идеме сега на ЖРК само затоа што Варвари најавиле присуство. Ако идеме би иделе за и само за ЖРК Вардар. Од друга страна нема заинтересираност затоа што се работи за спорт кој е популарен но далеку од машкиот или па од фудбалот. Комити се формирани за ФК и само за ФК. И сите други групи во светот се створени за ФК, а пропратно кога се има време навиваат и на други спортови од кој главни се Ракомет и Кошарка. Грците дури идат и на ватерполо. Сигурен сум дека Комити можеби не во иста бројка како за РК но би доаѓале и на ЖРК доколку не се направела грешка во минатото. Сега за сега Комити нема шанси да доаѓаат на ЖРК.

Единствено решение би било доколку постој некоја група со друго име. Нешто како Комбат 87 за баскет.
 
Dali nekoj utre od forumov ke ide na utakmica, imam karta, da ne mi propadne?
 
Наместо постојано да лаете на темата Комити-ЖРК Вардар може да се соберете позазди гол вие ‘‘загрижените‘‘ и да навивате за девојките.

Не позади гол, туку на страна, со сезонски билети. Има такви. Но не се навивачи: не ги знаат песните, не знаат да се обединат околу една форма на навивање, не знаат во кој момент која песна е најсоодветна... Едноставно не живеат со клубот на тој начин како што навивачите живеат со клубот.

Тоа е како да бараш од Трајко Трајковски, што има возачка од Б категорија, да вози Формула 1.

А да си направите вие навивачка група и да си одоте да навивате за ЖРК? [1] Појма немате од навивање и вие ќе кажувате понижување, грешка мешка.
Никој не ви брани да се соберете позади гол и да навивате.
Преку глава ми е веќе пред секој натревар истите муабети ги пишувате.
[2] Ај ако не и за атлетски клуб вардар да навиваме. И тие дечки се дел од СД Вардар и сигурно со наша поддршка ќе имаат поголеми успеси.

[1] Точно. Затоа се тие повици и од клубот ЖРК Вардар, па и од други навивачи од време на време. Се бара помош од Комитите.
Да не беше интервјуто на Нацева, јас („ново школо навивач“, „непознавач“, „лаик“, „генерална публика“, „_________“ *вметни свој термин*) немаше да знам дека има таква ситуација кај Комитите. Верувам и останатите лаици и генерална публика; концептот на „грешка од минатото“ ја имаат само Комитите, а другите врска немаат и никој ништо не би забележал.

[2] Зарем не? Кометал Ѓорче Петров со поддршка на Комитите стана европски шампион.

Комити во минатото имале премногу грешки и тоа никој не го оспорува. Комитите погрешиле што покрај црвено-црната боја поддржуваа и зелено-жолта односно клуб по име Кометал. [1] Доколку Комити се вратат на ЖРК за сосема друг клуб со сосема други бои ќе биде крајно идиотски и голем срам. Но од друга страна се работи за клуб со име Вардар, но кога порано се направиле грешки тешко е сега да се исправат.
[2] Нас воопшто не ни е предизвик да идеме сега на ЖРК само затоа што Варвари најавиле присуство. Ако идеме би иделе за и само за ЖРК Вардар. Од друга страна нема заинтересираност затоа што се работи за спорт кој е популарен но далеку од машкиот или па од фудбалот. Комити се формирани за ФК и само за ФК. И сите други групи во светот се створени за ФК, а пропратно кога се има време навиваат и на други спортови од кој главни се Ракомет и Кошарка. Грците дури идат и на ватерполо. Сигурен сум дека Комити можеби не во иста бројка како за РК но би доаѓале и на ЖРК доколку не се направела грешка во минатото. Сега за сега Комити нема шанси да доаѓаат на ЖРК.

[3] Единствено решение би било доколку постој некоја група со друго име. Нешто како Комбат 87 за баскет.

[1] Идиотски и срам? Пред кого?

Постои ли Асоцијација на навивачки групи, кадешто се води евиденција која навивачка група за кој клуб навивала, па ако сега навива за некој трет клуб ќе биде казнета со суспензија од несмеење да навива за ниту еден клуб неколку години (или слично)? Ако да и ако Комити се дел од таква Асоцијација, тогаш ја разбирам ваквата поставеност. Инаку, не ми е јасно.

Дали, во времето на Кометал, постоел ЖРК Вардар, па Комити не навивале за него и сега потенцијално би имале проблем со тоа? Дури и да било така, во моментов ЖРК Вардар го водат луѓето што биле носечка сила во Кометал (Нацева и Кастратовиќ) и самите тие ги повикуваат Комитите, за доброто на ЖРК Вардар.

Повторно, ми се чини дека само Комитите сметаат дека е проблем ако навиваат за ЖРК Вардар. За повеќето други е сосема нормално Комити да навиваат за Вардар, во која било негова форма.

Уште не ми е јасно кои се тие грешки што се направиле, но сигурно не се ставени во камен и непроменливи. Ако имало грешки, од нив треба да се учи и да се продолжи понатаму, а не да се влечат цел живот и поради нив да се остане парализиран во постапките во иднина. А моментално дел од Вардар (ЖРК) може да изгуби ако Комитите не стојат до него.

[2] Дали ова значи дека всушност не се работи за „грешка во минатото“, туку за „непопуларност“? Дали, ако ЖРК Вардар стигне до Final 4, Комити би отишле во Будимпешта за да го бодрат?

[3] Ако тоа помогне ЖРК Вардар да има повеќе навивачи, зошто да не. Ако тоа помогне публиката подобро да навива и клубот да постигнува подобри резултати, така нека биде.
 
За сите други е нормално Комити да навиваат на ЖРК затоа што не се дел од навивачкиот свет, тие што се во него знаат каков срам е да поддржуваш 2 клуба во ист спорт со 2 различни бои. Во нашиот свет тоа е срамота. И не Комити не би отишле на Ф4 на ЖРК, поединци како што идат и тука може ќе има но организирано не. Напоменувам Комити не се створени ни за РК ни за ЖРК туку за ФК Вардар. Не значи дека утре ако хокеарите или шахистите играат финале дека ќе ги бодриме.

Тоа што РК во моментов има поголема посетеност од ФК е ради квалитетот. Кога ФК играше со Бате квалификации стадионот крцаше, а тек кога би бил популарен како РК во моментов. Башка никој не забранува да формираш ти или било кој друг група под друго име и да почнете да го бодрите ЖРК. Сигурно поединци од Комити ќе ви се придружат.

И згора на се џабе Индира, или било кој играч не повикува. Комити со ЖРК немаат никаква допирна точка освен името и боите. Да не ме сфатите погрешно сакам да кажам дека никогаш не се пратела оваа екипа и едноставно нема емоции како за РК и ФК.
 
Гледав прееска Жрк Вардар-Жрк Струга за девојчиња на околу 15-6-7 години, не знам точно.
Во Кале загубивме со 15-20!
Мизерија жива, во овие ли се инвестира човече.
Додуша разликата ја правеа голманите, таа на Струга како ги читаше нашиве, не можеа гол да и дадат. Таа нашата, топка не фати...Ни правеа и убави акции за пикерите, а богами и од крило ни даваа голови.
Ние немавме ние акција на крило, а пасовите до пикерот, никогаш не завршуваа на право место, а тука голема улога има што и пикерите беа ДРВА.
Само едно девојче изигра добро, мислам дека Николовска се вика. Сигурно даде 7-8 гола од вкупно 15 (ако не и повеќе).
Сама играше на крајот, два гола даде од крило од кој еден со одличен лоб, неколку од бек, неколку од пенал.
Другиве буквално додаваа до голманката...
Тренерот ќути ко мисир, овој на Струга се дереше како луд цело време. Каква радост имаше кога победија на крајот :D
Треба да се вложува во вакви градови дефинитивно, сигурно никакви услови за тренинг немаат и пак не откорнаа...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom