Теоретски уште сме во игра,ако Украина по некоја случајност извади нерешено или пораз со Андора,а ние тепаме во Казакстан идеме на СП:pos2:.
Иначе англичаните не ни се криви.Самите сме си,пред се играчите кои се дигнаа во облаци и играа со 20%.Да играа со срце,да гинеа на терен како што правеа лани,сега баражот ќе беше сигурен.Незаслужија да одат понатаму,играа слабо и им се удри од глава.Јас сум хрват,али ова што испаднавме дури и ме радува.Можеби,ако се најде некој паметен,ова да биде најдоброто нешто што и се случило на оваа генерација.Ќе знаат како е да си треснат на земја,а ако се кренат,сите го знаеме тоа,тоа што не те убива те прави посилен.
За следното ЕП,ќе имаат страшен состав.Тогаш талентите како Барбариќ,Ловрен и Бадељ ќе имаат по 23 години,Крамариќ 21(четворицата сега се многу подобри него што биле Модриќ, Крањчар и Едуардо и Чорлука на нивни години,би требало да се развијат во играчи од тој калибар),Делач(моментално најталентиран голман во светот,потпиша за Челзи) ќе има 20.А овие денешниве ќе бидат во најдобри години ќе имаат Модриќ 27, Крањчар 28, Едуардо 29, Чорлука 25, Срна 30/29 и едно треснување на земја кое сигурно нема да сакаат да им се повтори.Ако најдеме добар селектор оваа генерација на следното европско може многу да направи.