Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
што има врска муабетов со менталитет или песимизам, реалноста е дека 3-4 сезони ја слушаме истава приказна и тоа секоја полусезона... еве петок, сега ќе дојдат нови газди, среда еве нови договори, следен понеделник почнуваме подготовки во анталија, ќе се исплатат сите плати итн итн веќе 3 години
 
Само судискиот принц Мохамед Салман е спас за Вардар.Да се надеваме ќе видиме инфо дека некој таков го купува па да не мислам ни дали ќе плати долгови ни бутур.Во пакет може и РК да иде гратис.
 
По пишувањата, некој од Ликовци. Како и да е, дај боже да му се точни информациите.

Инаку, тоа го викаат сите ко внатрешно инфо. Цобе си оди, нови доаѓаат, буџет поголем, бла, бла. Само што не знам како тоа се преговорите во завршна фаза, а уште немале состанок тет-а-тет :D

Само од искуство од порано, кога некој е сериозен со инвестиции, влегува со време, не чека да преговара цел преоден рок и да си упроспасти цела полусезона/сезона, бидејќи нема да може да најде играчи.

ЛИКОВцИ и фб страната ФК ВАРДАР ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА, според тоа што пратам јас....
п.с. си замина и КИРЕ МАРКОСКИ
 
Поголеми песимисти не сум видел никаде.Плачете како мали деца.Дај дигнете малку главите да е**** и Македонскиот менталитет никаков.
Така е брат.
 
Па долговите цело време ќе кочат работа и затоа тешко да тргне работава.Затоа викам само Шеик некој не вади и ништо друго.

Па долговите не им паѓаат од небо на потенцијалните купувачи, не ги фаќаат на препад па апанзас да им ги кажат. Проблемот е што кога некој ќе се нафати да го плати кажаниот долг,во иста секунда се накачува и ќоро и сакато кое сака да лапне пари, па излагаат нови долгови веројатно од 47-ма па на даље....
 
Па долговите не им паѓаат од небо на потенцијалните купувачи, не ги фаќаат на препад па апанзас да им ги кажат. Проблемот е што кога некој ќе се нафати да го плати кажаниот долг,во иста секунда се накачува и ќоро и сакато кое сака да лапне пари, па излагаат нови долгови веројатно од 47-ма па на даље....

Кој знае колку нови побарувања наштампал оној мртвиот Камчев , никад не престана да го јаде Вардар
 
Кире и официјално во Работнички.
Значи останавме без играчи во нападот, само Жоглев е тука.

И општо нема многу напаѓачи кои би можеле да ги земеме дури и да влезат спонзори, со оглед на тоа што нема странци во втора лига.
Така испуштивме еден куп играчи, место да го земевме Кировски како допуна на постоечките, останавме со повреден Жоглев, Десниќ и малиот Величковски.

Да можеше да ни позајмат странци во втора лига, ќе си го земевме
Кур Гаи Кур од Работнички,
пошто за кур не не бидува. Таман ќе направиме тим, пак се од нула...
 
Се надевам со доаѓањето на новите газди ќе ги вратиме тренинг центарот во Хиподром и терените во парк за младите категории.
 
Теренот во Парк може да се врати само ако жена му на Самсоненко сака да го продаде, бидејќи на нејзино име гласи. Мене тоа уште не ми е јасно како се дозволи тогаш и единственото нешто што беше на Вардар да се продаде.
 
Ќе треба играчи секако и за поширок ростер акобиден работава белки присобереме нешто иако пазарот за втора лига е ограничен.Како и да е со зголемени и редовни плати играчите ќе даваат максимум што не беше случај во првата полусезона.
 
По ова што гледам Гостивар и Воска многу се засилија ќе биде многу тешко да избориме директен пласман во прва лига,бараж не ни бега.
 
Ај да почекаме, без планови за играчи и пласман... Нека стане реалност ова со маџарите, па ќе збориме после. Искрено вербата ми е на ниско ниво, но сакам да бидам демантиран.

Дали има вистина дека Фудбалската школа FC City Park која што сега ги користи терените на академијата во Парк е всушност на фамилија Малиќи (Гемак и Хотел Парк)?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom