Фичо Петковски колку беше нервозен со сите ќе се тепаше на крајот. Ептен тешко му падна поразот.
Трајче Стојковски се утепа од плачење на крајот, не можеше да се смири човекот. Остави душа на терен во второ полувреме. И повторно имаме менување на броеви на дресови. До вчера Гроздановски играше со број 11, сега Стојковски. Не знам јас дали не ги знам играчиве, ама не можам крајот да им го пофатам веќе
Инаку, секоја чест за Шиле во каква форма игра. Убедливо најдобар наш играч во последно време, ако не е он, ништо не правиме. Колку пати ги излета, голот беше негова вина 90%, ама нема кој да го следи од другата страна. Со милион играли пробавме таму, ама не оди. Петров е слаб, овој Костовски исто не ми остава позитивен впечаток...