Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Коа ќе го видам Љамче бек дека игра .. :shook: Пак со 2 напаѓачи форсира, сакам да видам како ќе играме со Ќеран единствен шпиц.. Него со Глишиќ што е работава, пак повреден :unsure:
Ако не се лажам Дарко се врати во Скопје уште на почетокот на подготовките заедно со останатите повредени Артак, Владица и Кобетиќ
 
Ако не се лажам Дарко се врати во Скопје уште на почетокот на подготовките заедно со останатите повредени Артак, Владица и Кобетиќ
http://fkvardar.mk/vesti/dashjan-se-vrakja-vo-skopje-kratka-pauza-za-brdarovski-glishikj-i-gachevski

Само Дашјан се врати во Скопје, за другите кажаа полесни повреди ама сеуште не се спремни изгледа..
 
Ужасни сме, од половина не можеме да излеземе веќе 12 минути. Не знам што мислат да прават со ваква екипа...

Љамче дрветино, како покри за голов нивни, мизерија невидена.
Па на резултатот горе стои 1-0 за нас, а тоа губиме ко Грчка :icon_mrgr:
 
Губиме веќе 1-0 15та минута.. Многу лошо до сега, не знам зошто пак се пробува со Ќеран како полушпиц, па нели за напаѓач го земаа, без средина сме вака, и Фелипе се губи кога игра по повлечено, не знам зошто не проба со Глигоров - Спировски - Фелипе во среден ред. Фелипе единствено пробува нешто со топка, ама дефанзивно е слаб за да игра на оваа позиција
 
Губиме 1-0, а требаше 5-0 да е до сега. Ивановски како во место да трча, не верував дека некогаш ќе стане волку бавен, човече овој не може ни Циле Тупурковски да го претрча, колку е спор :cenzura:
 
Европски Вардар мај ес. Со ваква игра титула ако земеме треба да се радуваме
 
Уште 100 пати вака да ни ја дадат топката нема да дадеме гол :facepalm:[DOUBLEPOST=1454683435][/DOUBLEPOST]И мора да научат да центрираат. Срамота е ова.[DOUBLEPOST=1454684208][/DOUBLEPOST]Сеуште не можам да сфатам како победивме, ама барем ќе ја подигне самодовербата кај екипата. Мора нешто да се смени во играта, ова е катастрофа.
 
Последно уредено:
Уште не можам да ја сфатам улогата на Фичо денес на терен, само трчкаше лево-десно демек пресинг прави, со топка не може да се состави.. Асани дрво, Шиле исто слабо, у второ малце се размрдавме кога го извади Фичо и стави повеќе играчи во средина. Влатче меѓу најдобрите играчи на терен, све е јасно :pos: Очајно фали играч од среден ред да му помага на Фелипе, а богами и крило асално, Којашевиќ до сега не остави никаков впечаток.. Ја утнаа малце работата преодниов рок, едино Ќеран сега за сега е добар и ѓубрето што го исчистија, дефинитивно требаше да пробаат да донесат некој од Тричко, Мирко Ивановски, Бабунски, па тука би го ставил и Виктор Ангелов од Металург што си отиде, мада на него суспензија му лупнаа ако не се лажам..
 
Шо читам по коментари, многу слабо сме изиграле. Средина никаде немаме, тоа е најлошо, само се лупа напред и ако спуштат нешто Фичо и Ќаран ок, ако не брани се. Мое мислење е дека кога ќе се врати Дашјан, да пробаме со 3 во средина, Глигоров, Дашјан и Филипе. Глигоров дефанзивно, овие двајца добри се можат да изнесат топка, ама проблемот е што немаме асален шпиц и крила. Исто и бековите мора многу да помагаат у напад. Ај Хамба десно помага, ама лево каде бе со Љама. Глишич е измислен за лево. Којашевиќ до сеа ништо не покажа, ама ај ваљда му треба време, имаат уште од подготовките, нека пробаат со шпиц и лево крило. Вака според мене треба со овие играчи со ги имаме на располагање. со претпоставка дека Глишич и Дашјан ќе си ја вратат формата:

Пачовски
Хамбурџијан - Мујушкович - Грнчаров - Глишич
Глигоров
Филипе - Дашјан
Којашевиќ - Каран - Блажевски
 
Пофалби за одбраната. На секоја утакмица игра одлично, без разлика кои играчи ја сочинуваат (со исклучок на слабото ииздание на Љамче против Вил). Исто така морам да ги пофалам Глигоров и Фелипе. Одлично играат на секој натпревар, штета што немаме уште еден среден играч како нив. Којашевиќ игра подобро од другите натпревари, помага и во одбрана, тоа лично многу ми се допаѓа, но треба да го зголеми својот придонес во напад. Другите се тешки просеци.
Нимани сега на полувреме мора да добие шут карта и во преостанатите неколку дена од трасфер рокот да се најде напаѓач.
Од Спировски очекував повеќе пред да дојде кај нас, но кај него ме нервира тоа што е многу статичен и многу глупи фаули прави на наша половина. Кога ќе добие топка експресно го проигрува Глигоров и стои во место. :tapp: Мислам дека ако се потруди повеќе, може да се наметне во стартниот состав барем до крајот на сезоната.
 
На крајот ќе потпишеме некој Налинанхи, Дохо, Мурџо од дома што не ги знаат дека е фудбалер или некој мигрант ќе соберат и до крај на сезона ќе исчезне.
 
Аршавин иако не е во форма е измислен за напаѓачиве што ги имаме сега и не ми се верува дека има луѓе кои не сакаат да потпише(ист случај во РК со Канељас )Задоволни сме со Нимани,Новак и остали а не ни чини Аршавинo_O
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom