Јас Асани би го играл во секоја постава

Типчето има дрскост во играта, додека другиве го тупат до немајкаде, он од секоја можна прилика знае да изненади со шут, па често се случува голманот одај да ја одбие топката и некој на одбиената топка да дотрча и да погоди. Нормално, Македонската лига не е мерило, па уште повеќе ме интересира како ќе се снајде во Европа.
Има дриблинг, трча многу, доста се труди, знае и да додаде во вистинско време, но ОГРОМЕН проблем е што е многу слаб и во дуел игра нема што да бара, а тоа е една од најважните работи. Сепак, дрскоста е тоа што ми се допаѓа кај него, знае и да изнуди фаул и да се бори до крај за изгубена топка, ама факт е и дека прави некои глупи фаули и често е на раб на картон