Ај кога имаме несигурна иднина барем малку да се потсетиме на убавото минато, првиот трофеј воопшто во клубската историја е освоен на денеш ден во 1961 година во финалето на Купот на Маршал Тито, Вардар го совладал Вартекс со 2:1.
Колку не сме сериозен клуб се виде пред две-три години кога во целиот хаос на распад систем во клубот да не беа новинарите на Дневник пехарот (им го донеле во кутија за кондури) од тој натпревар ќе завршеше кој знае каде.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=A23CADAB49B1B64492ABD5724FF355A4
Играчите на Вардар не биле сами во Белград во походот за освојување на првиот трофеј на еден македонски тим. „Црвено-црните“ на Стадионот на ЈНА имале поддршка од голем број навивачи од Скопје, кои со воз отпатувале во Белград да го бодрат својот омилен тим. Дедо Трајан има 84 години, но памтењето уште го служи и со радост се присети на натпреварот.
- Се собравме неколку другари и со вечерниот воз отпатувавме за Белград, каде што стигнавме рано наутро. На стадионот имаше 2.000-3.000 симпатизери на Вардар, а Вартекс имаше помалку навивачи. Најголемиот дел од гледачите беа неутрални, а стадионот не беше исполнет до последно место - се присетува дедо Трајан.
Тој се гордее што во живо го гледал мечот на кој Вардар го освои првиот трофеј.
- По завршувањето на натпреварот, го зедовме пехарот и пеејќи песни шетавме по Теразие и центарот. Белграѓани се чудеа од каде толку Македонци во нивниот град. Постојано прашуваа: што прават толку Македонци во Белград? Неколку часа гордо го шетавме трофејот низ Белград, а потоа повторно се качивме во воз и трофејот го донесовме во Скопје - заврши дедо Трајан, симпатизер на Вардар од неговото формирање.