Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Хаџиевски си заминал од Вардар, се повлекол од фунцкијата. Вардар се разделил со Релич, Трнинич и Ловречич а уште 5 играчи ќе си оделе. Така пишува на насловната страна на утрешниот број на Македонски спорт.
 
Продолжување на договорите на Ивановски,Петров и Таневски.

За Асани знае некој дали беше тоа официјално од ЦЦС?

А најверојатно и Хаџиевски си оди. :facepalm:
 
Нека го разбере овој Самс некој ако може,со негови пари си прави пропаст!!!
 
Не те прочитав Ел Џеј Ем, Ловречич го пуштија и го донесоа Љамчевски... господ нека ни е на помош...
 
Тие што треба да си одат не си одат, а си одат тие што вредат, срамота е ова, се криајт како пичиња некој, ни работат нешто, само пунат џебовите.
 
Влатче излеа и не го заболе многу за метлата, си отвара кафич и ужива во Монако на Ф1.
 
Срамота е ова, исто како и медиумите што пишуваат за политика, така и Македонски спорт (кој како што знаеме е близок до Самс) ја испревртува приказната за оставката на Ѓоко. Не верувам дека Ѓоко си заминува заради слабите резултати, тој си заминува бидејќи во изминатиот период беше безгласна буква, а на сметка на тоа тотални фудбалски анонимуси го водеа македонскиот фудбалски гигант кон "одличното" петто место. Си заминува затоа што Самс не најде време за состанок со Ѓоко. Си заминува бидејќи воопшто не беше искористен неговиот авторитет и знаење.

Ѓоко е поголем од сите гомна кои се во ФК Вардар заедно. Нека ни е со среќа!
 
„Заминувам од Вардар. Мојата љубов кон клубот е несомнена, не треба ниту да се доведува во прашање, едноставно сметам дека бев недоволно искористен, со позиција спортски директор, но некако многу далеку од тимот. Недоволните обврски, во период од мојата кариера кога сметам дека сум многу зрел и работно способен, е главната причина поради која решив да си заминам. Сакав да заврши првенството и да ја соопштам мојата одлука, како што знаете донесена и од претходно, за да не правам тектонски поместувања во тимот и во клубот во завршницата од шампионатот, кога се боревме за излез на европската сцена. За жал, не успеавме, а јас имам доблест, моето име и презиме тоа ми го наложува, дека секој треба да си замине доколку нема успех. Како и секогаш, му посакувам се најдобро на Вардар, клубот за кој дадов многу во минатото, се трудев навистина многу и во изминатите три месеци, и се надевам дека ќе се вратам повторно“,

вели за ЕКИПА, Ѓоко Хаџиевски.
 
Искрено нема потреба и он да биде дел од ваква мизерија. Паметен човек си е Ѓоко, не е он за у вакви гомна да влага. Нека му е со среќа понатака.
 
Ете уште еден шамар за фаранг и неговиот европски сон, факт е ФК Вардар не функциноира!
Исти курац е сегде, само шо се нервираме и си го губиме времето.
 
Се е кажано во интервјуто за Спортмедиа:

Знам сѐ што се случуваше таму, но не сакам да зборувам околу тоа. Многу грешки се направени. Кога има резултати се фалиш, даваш изјави и коментираш, но и кога нема резултати мора да имаш доблест тоа да го признаеш… на јавноста, на новинарите, на навивачите! Вардар е клуб со историја, има армија на луѓе позади себе кои ги интересира што се случува. Без оглед на сѐ, треба да си праведен бидејќи луѓето не се мутави. Главна проценка е дека играчите се виновни, но тој тим беше прв во зимскиот дел. Во еден Манчестер јунајтед, големина како Алекс Фергусон го постави Дејвид Моес и стоеше позади него упорно, но кога веќе не одеше, не можеше повеќе да се замижува и се направија промени“, реален е Хаџиевски.
 
Пазете еј, на Метлаург сме им понудиле одлична пара за Љамчевски :tapp::tapp: Има ли нормален во клубов некој бе т.е имаше ама еве го си отиде човекот со лопови нејќе да си има работа.
Се шушка дека можно е Никола Ѓошевски да бил заеман за Хаџиевски. :facepalm:
 
Пазете еј, на Метлаург сме им понудиле одлична пара за Љамчевски :tapp::tapp: Има ли нормален во клубов некој бе т.е имаше ама еве го си отиде човекот со лопови нејќе да си има работа.
Се шушка дека можно е Никола Ѓошевски да бил заеман за Хаџиевски. :facepalm:
Ма лудило! Сигурно и цела багра антиталентирани играчи доаѓа во пакет со него.
 
:facepalm: Дефинитвно после заминувањето на Хаџиевски очекувам како домино ефект да си заминат и некои други што Вардар им е во срцето и пред се отколку некаквите матните игри. Калц не верувам да си замина тој и онака е лешинар кај има пари таму ќе седи.
Страшно е ова што се случува а само пред неколку месеци на интервјуто што го гледав, Ѓоко зрачеше со оптимизам и ентузијазам да му помогне на клубот во неговиот напредок и да помогне во градење на европскиот Вардар,но после ова веќе се што ќе слушнам поврзано околу Вардар ќе ми се одмили кога еден Ѓоко рече дека нешто е труло во клубот, нема надеж. Нека им служи на чест.
И да не заборавам од 18-ти мај продолжува молкот од управа, на фб само ми споделуваат инстаграм слики немаат храброст да излезат и да се соочат со јавноста:mad:
 
Ништо ново, на сите ни е јасно дека Самсоненко е и газда, директор, спортски директор, сопственик....... и што ли уште не во клубот, носењето на сите тие имиња зимоска беше само замачкување очи. Бар во вакви моменти се гледа кој има доблест, чест и одговорност, Ѓоко уште еднаш си ја покажа големината. Не знам што уште ќутат тие „легенди“ кои се вратија во клубот зашо Вардар за нив бил светост, љубов најголема дрн, дрн јариња... кога се гледа дека се само безгласна буква во клубот, лешинари кои за добра пара се спремни и газот да си го дадат.
Ако продолжат вака да се одвиваат работите, ќе остане само Вори да верува дека клубот оди во права насока.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom