Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, тој вашиот со бр. 11 треба еден ќутек да му се мавне и да му се каже дека треба да има поише самодоверба.
Праите контра 3 на 1 он место да ја спуца у гол, сака да асистира и милион постотна акција ја заеба. Жива му ја фатија :facepalm:
 
Дечки, тој вашиот со бр. 11 треба еден ќутек да му се мавне и да му се каже дека треба да има поише самодоверба.
Праите контра 3 на 1 он место да ја спуца у гол, сака да асистира и милион постотна акција ја заеба. Жива му ја фатија :facepalm:
Ѓоргиев е тоа, како да е преимресиониран што го носи дресот на Вардар кој знае што е работата со него ама премногу е лош на почетоков можно е и да изгуби место во првиот тим ,од тоа што се пази да не згреши он прави грешки ај ваљда како ќе одминува времето ќе дојде и он до израз да даде гол и ваљда ќе му тргне после тоа :)
 
scaled.php

scaled.php

На ви 2 полуглупи слики :D
Инаку имаше едно 20 Комити присутни.
И секоја чест за капитенот, коа го заменија дојде се поздрави со Комитите и им го поклони дресот :cuc:

А овие од Руфеја бел ден да не видат и парите од картиве кои ги продаваа по стотка, да ги потрошат за лекување на фудбалерите!
За поише инфо по ПП :icon_mrgr:
 
Вардар во 1/8 финале на Купот на Македонија

kup%20na%20makedonija%20-%20logo%201.png
Екипата на Вардар со победа од 2:0 на гостувањето кај Руфеја во Брвеница стигна до пласман во 1/8 финалето од фудбалскиот куп на Македонија.
Вардар стигна до победа на оваа средба со двата гола постигнати во првото полувреме, во 20 минута прецизен беше Александар Темелков, а во 36-та минута гол постигна и Благоја Ѓешоски за водство на Вардар од 2:0. Во текот на целиот натпревар Вардар очекувано имаше повеќе од играта и создаде многу шанси , но не ги реализираа преку Ѓорѓиев, Костовски, Ѓешоски и Петров. Во второто полувреме во 69-та минута Темелков заработи втор жолт картон, па Вардар во последните 20 минути играше и со играч помалку.
Натпреварот за Вардар го започнаа: Симов, Илиевски, Бојовиќ, Таневски, Бошковски, Оса, Темелков, Петров, Стојаковиќ, Ѓорѓиев и Ѓешоски. На клупата за резерви беа: Захов, Вајс, Цикарски, Стјепановиќ, Маневски, Костовски и Химензе. Во второт дел во уште влегоа Цикарски на местотото на Илиевски, Костовски место Ѓешоски и Стјепановиќ на местото на Ѓорѓиев.
По оваа победа сега Вардар ќе го очекува противникот за во 1/8 финалето на Купот на Македонија.

Него глеам нов спонзор иаме бе :icon_mrgr: http://www.maksoob.com.mk/
 
Него глеам нов спонзор иаме бе :icon_mrgr: http://www.maksoob.com.mk/
Кај го виде спонзоров?

Патем, со Работнички имаше реклами од Тинекс, а знаеме Тинекс до кој е близок и колку е тежок, не би било лошо да фрли некој денар повеќе.
 
Кај го виде спонзоров?

Патем, со Работнички имаше реклами од Тинекс, а знаеме Тинекс до кој е близок и колку е тежок, не би било лошо да фрли некој денар повеќе.
Е отвори де страната на Вардар, доле лево ќе видиш. Дури 3 спонзори иаме :pos:
 
за греота сме :pos: . Pомина повеќе од една година како сме под град скопје и 8 месеци АД и уште немаме некој кој би издвоил повеќе од бесплатни прехранбени производи ( тинекс ) , бесплатен превоз ( Македонија сообраќај ) и осигурање на играчите :D
 
Па добро, некој ни толку нема :D
Ма да имаме и 1 спонзор во тајност, некоја позната Битолчанка била само не кажуваат која. Од сигурни извори ова :D

Уф маме му ебам не можам да го дочекам тоа дерби еј :)
 
кажете ми во фан шоп одма на рака ти ја даваат членската коа ќе платиш или како ???
 
А овие од Руфеја бел ден да не видат и парите од картиве кои ги продаваа по стотка, да ги потрошат за лекување на фудбалерите!
За поише инфо по ПП :icon_mrgr:

Што не кажа дека ке идеш?И на тебе ли ти наплатија карта?:icon_mrgr:
 
Што не кажа дека ке идеш?И на тебе ли ти наплатија карта?:icon_mrgr:

Ја прашав пред утакмица овде дали ќе идете, никој не потврди :)
Ми наплатија, многу нормално, последни да им бидат!
 
И пак да ја критикуваме управата, наместо онаму кај што сме за никаде - „спортските новинари“.

И покрај договореното со дел од новинарите кои ги следат настапите на Вардар и нивно инсистирање, секој петок во 12 часот, тренерот и капитенот на Вардар да имаат брифинг со нив во клупските простории, со цел да добијат точна информација за тоа како се подготвува екипата за следниот натпревар.
Ги известуваме новинарите дека брифингот кој требаше да се одржи пред мечот со Тетекс, нема да се одржи поради тоа што минатиот петок и покрај договорениот брифинг и присутноста на тренерот и капитенот точно во 12 часот. По половина час чекање, на брифингот не дојде ниту еден преставник на медиумите со што само се покажа незаинтересираноста на медиумите за натпреварите од домашното првенство.
Во иднина за секој нареден брифинг или било каква средба со новинарите дополнително ќе информираме на нашата веб страна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom