Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе му "пресуди" ли Силекс на Вардар?
AE967617DA2B894697AF7AE93AD7F486.JPG

Некогаш кога играа овие две екипи, Силекс и Вардар, тоа беше дерби натпревар. Дуел за титулата, се говореше со денови и пред и по натпреварите за тие дуели. Но сега тоа убаво минато е далеку зад нив
Веќе неколку сезони и двете екипи се борат за опстанок, а оваа сезона може да биде последна прволигашка за Вардар. Во случај на победа на Силекс тогаш "црвено - црните" слободно можат да си ги пакуваат куферите за во понизок ранг. Па затоа се поставува прашањето ќе му пресуди ли Силекс на некогаш епскиот фудбалски непријател.

СИЛЕКС - ВАРДАР
Стадион на Силекс во Кратово. Капацитет: 4.500. Почеток: денеска, 16:30 часот. Судија: Зоран Бошков (Неготино). Помошници: Зоран Стефанов и Гоце Недев (Кавадарци).
СИЛЕКС: Божиновски, Атлески, Петров, Мишовски, Васов, Насевски, Стојановски, Темелков, Николиќ, Заревски, Нацев.
Тренер: Ане Андовски.
ВАРДАР: Маџаровски, Ѓоргиевски, Бојовиќ, Б. Џангаровски, Мојсов, Ристевски, Т. Џангаровски, Р. Карлос, Настевски, Ѓурѓевиќ, Вандаир
Тренер: Зоран Стратев.
 
каде да гледам резултат овие на live score ништо нема.??
 
Силекс - Вардар 0 - 1 КРАЈ ! Сега ни останува да се надеваме дека во понеделник Тетекс ке ни заврши работа со Скопје и ке дојдеме на -5,а потоа во сабота ке биде пекол за Скопје на градски!
 
Браво, браво ајде одиме кон опстанок. Се ми се чини дека ќе си ги добиеме трите бода назад. Мора да се спасиме!!!!
И Фабио дочека да реши меч, бтв победуваме во Кратово прв пат после којзнае колку години:)
 
Да видам да не верувам,Фабио дал гол ! иначе браво за момците,одлична победа ми го разубавија денот,идеме на победа до крај нема испаѓање ВАРДАРРР !!!
 
huhuh vecer ima da bide prevrtuvanje
 
Само да пшобеди тетекс во понеделнбик. И нерешено ни одговара, ама би сакал да изгубат копилињава од Автокоманда. Тетекс е појак и мислам дека ќе победи. После се останува на нас и на ФФМ да ги врати трите неоправдано земени бода...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom