Ми се плаче од текстов има премногу вистина!
Веќе некое време се загледувам во жени кои туркаат колички и различни бебиња над кои „изведувам“ малограѓански ритуал. Веќе некое време се загледувам во туѓи колички. Не гледам ниту во нозе, ниту во гради, ниту мајки. А, сè повеќе се појавуваат мајки кои сакаат да бидат посакуван објект. Не „манијачам“. Воведот го слушнав од Станковиќ (Недељу у 2), но совршено се поклопува со приказната за нашето
милениче од Градскиот парк – ФК „Вардар“. Некогаш „најпосакуваната девојка“. Се поклопува затоа што авторот на крајот вели, „сум станал баба“!
Вардар најпосакувана девојка
сите сакаа да ја легнат
ретки беа тие кои имаа храброст
да ѝ побараат
и тие малкумина фраери
останаа со куси панталони.
Па, дојде двоглавото раководство
на секој од нив
им велеше
ти си единствениот
со кој можам да бидам
проститутка во кревет
ја претворија во непривлечна жена,
па ја злоупотребуваше
кој како стигне
а сè уште ни е мила.
Вардар убав
пак да никне
самотијата боли,
но толку колку
лажната дружељубивост.
Бенџамин Батон, јунакот од краткиот расказ на Скот Фицџералд, е роден како многу стар. Животот го минува наназад. Од длабока старост кон рано детство. Во годините кога тргнуваше на факултет, на неговите врсници им „пукаа“ хормоните. И наместо во зрели години да продолжи да блеска, на важен состанок Бенџамин изненадувачки заспива. Очигледно го стигнаа знаците на деменцијата. Вардар тргна по слична патека.
Ги паметам
златните години
на сирачето од Градски парк
во нашиот фудбалски холокауст
се плашеа сите
го почитуваа сите
чесно
ги газеше сите,
па во емисија го прашав претседателот
кој е телефонскиот број во клубот?
Ми одговори дека живееме
во ера на мобилни телефони.
Во Кампинг немало жици
беа пред времето,
па времето ги згази,
а не сакаат да си признаат
за доброто на сите.
Но, добро
кога човек е вљубен
во некоја идеја
многу е тешко да го убедиш
во нејзината неоснованост.
Забава на туѓа сметка. Во Македонија тоа е омилената работа. Во Вардар секој правеше своја забава. Старо-новата управа „заработи“ нова сметка, пишува: „Сакаат ли луѓето влезница за вашиот производ. Сакаат ли телевизиите пренос, сакаат ли спонзорите своја налепница? Обидете се да го добиете тоа што навистина го посакувате, во спротивно, ќе ве присилат да го сакате тоа што ви го нудат.“