Артим Положани бил присутен и активно го одработил вчерашниот тренинг. За денес фудбалерите имаат слободен ден, а дали ќе остане и понатаму, останува да видиме!
Васко Митрев е во преговори со чешкиот Бохемианс, но ако истите не вродад со плод тогаш ќе ни се приклучи нам!
Ардијан Нухиу сеуште го нема добиено потребниот сертификат за настап, и затоа не беше дел од тимот во саботата, додека Никола Карчев по 10-дневен престој во клубот замина во Кина во потрага по тамошен ангажман, но доколку не успее најверојатно ќе се врати!
Жорж Амбуре и "Ice Cream" Оса се чека да пристигнат, додека за Демири и Кировски нема никаква официјална информација низ медиумите!
Тоа е се што имам да пишам за засилувањата, но како што реков не смеат да се заборават сопствените играчи коишто изминатава зима и во најтешките денови останаа во клубот. На средбата со Милано нажалост само 3 од нив се најдоа во стартната постава, а замислете капитенот Златко Ристов не доби шанса ниту од клупата (на негово место настапи
младинецот од Ѓорче, Силјановски)!
Победата си е победа, неопходните 3 бода се веќе прокнижени, но што правиме со и онака извалканиот образ на клубот, и каде е односот кон оние фудбалери кои докажаа дека се вардарци и во срцето!!!???

КАЈ Е НАЈДОВСКИ???
Најдовски, заедно со голманот Гоцевски и дефанзивецот Георгиевски се повикани во репрезентацијата до 19 години со која што треба да одиграат пријателски натпревар во Црна Гора!