Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Абе види, пошто сум неутрален.. па затоа сакам да поведе некој за да биде поинтересно. Вака е тапа! :jaj:
 
:nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
Зоки и те молам не ми кажувај голови на ЃП тука. У нивниот фан клуб кажувај.
 
Др.Агаин ако ти смета тебе што пишува дека гол му дале немора да го читаш мавни му игнор и готово.
Онтопик - Вардарци многу слабо натпреваров,Македонија ЃП тотално ги надигра.
 
Др.Агаин ако ти смета тебе што пишува дека гол му дале немора да го читаш мавни му игнор и готово.
Онтопик - Вардарци многу слабо натпреваров,Македонија ЃП тотално ги надигра.
Вашингтон и тој Де брито добро им играат..
 
Најслаба одиграна уткамица на вардар во досегашното првенство на мкд. Иако со таква слаба игра можеше да дојде до нерешено, н оединствената шанса за гол баевски не ја реализира иако беше очи во очи со голманот на ѓ.п. не успеја да го лобува. тие што збореја дека готово вардар ќе биде шампион сега гледаат дека нема да биде така лесно до крајот на првенството.
 
Нема да биде сигурно како првата сезона 92/93 кога без пораз Вардар беше прв...но немаат шанси до крајот мислам...честитки до Македонија...нашата серија заврши но има уште многу до крајот...
 
Преносот на А1 беше саупер мора да ги пофалам имаа и графика и се беше ок само што немаме асални стадиони па имаше луѓе во кадар кога стануваа но затоа пренесоти од градски стадион во скопје ќе бидат најдобри.
 
Несватливо бледо издание на Вардар, и подполно заслужена победа на Македонија ЃП.
Навистина незнам со какви мисли и какви совети од струшниот штаб влегоа нашите момци во овој натпревар.Се прашувам и дали воопшто имаше некакви совети од клупата, пошто играта на Вардар беше крајно недефинирана и наликуваше само на едно големо ништо.Прикажавме класичен антифудбал,без желба за победа, без жар за надигрување.
За 90 минути создадовме само една шанса,премалку за тимот којшто во претходните кола постигнуваше по 3 гола на натпревар.Најтргичното е што треба да бидеме среќни што загубивме само со 1:0.
Поединечно никој не е за издвојување. Јанчевски изгубен,Муса безопасен,Положани подпросечен,Масев незабележителен. Единствено Милисављевиќ беше отиден во Ѓорче за да се надигрува,сите останати треба да се репнат по џебот за да сватат како треба да се бранат боите на клубот.
Сезоната не е воопшто готова, не чека пресметка со Работнички,потоа гостувања во Прилеп,Битола и Тетово, а со Македонија ни на градски нема да биде лесно.Затоа размислувањата за лигата на шампионте да ги оставиме настрана се до 33-то коло по кое што ќе се знае кој каде ќе игра.
 
Секој пораз мене ми е мака ама што да се прави кога ВАРДАР СЕ САКА!!!
Но,сепак да се биде искрен Вардар мн.слабо изигра,изгубени на теренот беа,сите беа потпросечни,но сепак пак ќе замерам за Али,луѓе мисалм дека незаслужува да го носи Вардаровиот дрес,немаше ни ЕДНО добро додавање,2-3пати дали фати топка,и што се случи 2 полувреме.влезе Бајо и одма се мрдна играта ама пак ништо,не знам што видоа во Али,стварно секој напревар во прва постава го става.
Мора Вардар да играа подобро неможе со ваква игра до титула и да има опомени за оние што одиграа слабо,инаку преносот беше супер браво за А1.
Ама ќе се фатам и се шупаците од Ѓорче мислам на навивачите,цело време против Вардар и Комитите пееја од уста не ги извадија,наши песни препеани ни една некоја нова,и цело комитиски пички,срамота:kesa:пејат такво нешто на оние што ги подржаа против шкендија во финалето или до вчера беа за Вардар и беа во Комити незнам се прават некоја навивачка група,ама не се,но во секој случај
НАПРЕД ВАРДАР
 
so ubavo ve ispleskaa vo gjorce trebase barem tri da gi dobiete.ama dobro e i vaka da cuvaat municija lavovi i za drugite gosti..........
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom