Миленко е само едно камче од целата пирамида полна со гомна која го има окупирано Вардар. Сите овие дешавки се со амин на тој што стои позади него и што пушта метастази во клубот веќе неколку децении. Разбирам помладиве да не се свесни како функционирал Вардар последниве 30 години, но не ми е разбирливо некој со +35 години да паѓа на фориве и циркузот што го приредуваат "спасителиве". Пак ќе кажам, пред некоја година точно опишавме тука што ќе се случува под "патриотско" раководство на клубот и ништо не се промаши, а не се промаши затоа што веќе и ментален човек им ги научи игрите. Убаво кажавме тогаш, изборот ќе биде комуњарски кур и никакво замарање за клубот или патриотски кур и заглавување на клубот до врв во гомна од кој нема никогаш да се извадиме со повремен блесок. Овие немаат капацитет селска кооперација да водат, а не клуб како Вардар. Абе тие да сакаа да го спасат немаше сите врати да му ги затворат последниве 5-6-7 години. Така да, потребно е менување на сѐ од корен, а не само на Миленко. Свињата ќе си отиде, но што правиме со тоа дека клубот е со уште поголеми долгови од претходно? Мислите капо ди тути капи ќе постави некој со два грама мозок да го замени овчаров!? Па ете им го капацитетот, криминалци без два грама мозок кои без проблем и деца ќе претепаат ако нешто не им е по ќеиф. Но, начинов на функционирање им е ваков со години, не е од времето на Миленко.
Со неутрален став само се губи желба кај навивачите да дојдат на стадион. Кога и да сум во Македонија не можам да ги соберам пријателиве со децата да отидат да го гледаат Вардар, буквално згаден им е тимот ради сите дешавки. Или ќе се тргне против или ќе си се голтне кнедлата и ќе се "ужива" во мизеријава. Во ваква ситуација, не може да се нема став! Групата губи многу, а ништо не се постигнува. Најтрагично е што сѐ ова ќе се одрази на ракометните натпревари, а тие дечки заслужуваат максимална поддршка.