Oбично прави господа се дистанцираат од клошараана кои не им се ни до колена, паметен потег, нема што да делиш успеси и ист простор со криминалец и поган човек каков што е миленко, ако сакаш да имаш било какво реноме, истото не можеш да го градиш покрај ваква особа, он може само да ти наштети.
Истото важи и за фудбалскиот клуб, бренд и миленко во иста реченица не одат, толку е просто и едноставно ова. Песната за Каролина не е спорна од навивачка перспектива, иако мислам дека е глупаво пецкање ова и неотребно, но апсолутно ништо не мое да се спореди со тоа што битолчани пеат за земјотресот и се ситат на таа скопска трагедија, тоа е бушење на секое можно дно на кое човек може да стапне.
Во навивачкиот свет вакви личности се спомнуваат ако некако се истакнале против одреден клуб, на Карлоина единствен условно речено грев и е што е битолчанка, ама не памтам дека некад било што лошо рекла за Вардар, нит пак е некаква контроверзна личност во нашава земја, напротив. Поправете ме ако грешам конкретно за неа, ако некад некако стапнала на жуљ, тоа е тоа, тогаш нормален тек на настаните си е и песната, жигосана е за навек и нема бегање од тоа.
Спорно е што глупакот објавуваше видеа на фејсбук од кафанска прослава, и спорно е што селекторот е таму така да реакциите, сакал некој или не, се очекувани, дали и други тоа го правеле, играчи, тренери, управи, небитно, нема што да се споредуваш со нив, а да тврдиш дека си различен. Пропуст е ова и тоа е тоа. Козарот ставил слики и од прославата на Интер каде Турам држеше навредливи банери кон Милан, демек нормално е све тоа и секој го практикува, ама глупакот не знае дека сега има официјална истрага за ова во Италија и Турам ќе биде казнет 1000%, така да сам си пукаше во колено со сликите и споредбите.
На Вардар му посакувам што поскоро да се отараси од оваа свиња, стабилизација на клубот на секое поле и чекор по чекор да напредува и да го враќа оној стар скопски фудбалски сјај кој некогаш, мнооогу одамна, беше синоним за градов, мој впечаток е дека со свинскиот се гази на многу тенок мраз, докажан криминалец и бараба, и контекстот на тенок мраз го ставам за правење местенки и малверзации за кои УЕФА ќе нема апсолутно никаков пардон, па да ископа овој таква дупка за клубов од која не би се извлекле во догледно време.
Исто така се надевам дека и кај Комити нема да се повтори историјата и пак со партиски игри да се создаде раздор во групата, зашто едното без другото не е возможно да егзистира, всушност навивачите се причина број 1, 2 и 3 зашто клубот сеуште професионално постои и не е доведен до некое ултра аматерско и срамно ниво.
И секако, за крај, честитки за освоената титула.