Пааа лани таму најголемата брука ја доживеавме со судиска помош на наша сметка. Ваљда годинава ќе можеме сами да си ја завршиме работата.Како и да е, следни се шурите....за таму нема да ни требаат судиите![]()
Чимпембе инаку ми се допаѓа многу повеќе од Донгмо од она што досега го покажа. Физички веќе спомнав дека е коска ама и технички е бар на исто ниво со Тодоровски и Бабунски. Убави пасови, ширење на игра од една кон друга страна, има фудбал во него за разлика од Донгмо кој само имаше феноменална кондиција да брка позади, а од техника ништо. Кузнае како ќе стои со здравствена ситуација, ама ако успее да стане стандарден првотимец мислам дека Миленко Буњаку погоди со овој трансфер. Уганда Кру засега освен танц-прослава на головите делува дека ќе завршат на позајмица во Брера на полусезона.


Само од некои лоши агли од кои ништо не се гледа. Имаше елементи, ама пак дискутабилна одлука.