Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Толку ни е слаба лигата што индивидуални блесоци ќе ни ги решаваат утакмиците, како вчера играта со глава на Матиќ, или со Пелистер шоуто на малиот Данев. Се освен тоа, сув просек, егал некквалитетна утакмица и втор пат голема среќа противникот да не ни поведе после 3 или 4 зицер ситуации....
 
Вчера тешка но значајна победа , со два гола од корнер ..

Вардар - Брера петок 20:00 ...

3 коло по ред не ставаат во петок , случајност на ФФМ/МВР не би рекол ..

Следна утакмица гарант ке не стават во понеделник , бидејки од сезонава се игра во 4 дена ..

Катастрофална партија на Донгмо, а и на Маневски во прво полувреме.
zborev za Manevski pred nekoe vreme. Tezok prosek, uste togas koga otide vo Skendija veruvam vidoa kolku e saat, on zalniot nikade ne bese standarden. Veruvam deka go igrate poradi toa sto ligata e utepana ama za tim so sampionski ambicii ovoj igrac bi podaval samo voda. Isti kur bese i Vane Jovanov, ne znam kako napravi transfer vo Varazdin, dupka nevidena. Dobra partija moze da izigrat samo na emocija, nisto drugo. Podobro da vi igra nekoj igrac od mladinski pogon nego vakvi dupki da zafakaat mesto i da zimaat >1000e plata
 
Каков хајп се направи перидов за резервниот леви бек на Брегалница Штип, па уште и репрезентации, чуда...
Тоа докажува само колку просечниот навивач нема везе од фудбал...
 
zborev za Manevski pred nekoe vreme. Tezok prosek, uste togas koga otide vo Skendija veruvam vidoa kolku e saat, on zalniot nikade ne bese standarden. Veruvam deka go igrate poradi toa sto ligata e utepana ama za tim so sampionski ambicii ovoj igrac bi podaval samo voda. Isti kur bese i Vane Jovanov, ne znam kako napravi transfer vo Varazdin, dupka nevidena. Dobra partija moze da izigrat samo na emocija, nisto drugo. Podobro da vi igra nekoj igrac od mladinski pogon nego vakvi dupki da zafakaat mesto i da zimaat >1000e plata
Беше солиден талент пред да замине за Шкендија. Ама таму личеше ко веќе да се откажа од фудбалот. Пробувавме ние да го донесеме и во време кога Комити го водеа клубот и он реши да се врати во втора лига во Брегалница, затоа што сакал да е блиску до фамилијата и дека не размислува посериозно да се занимава со фудбалот.

Сепак, откако дојде во Вардар прикажува солидни партии. Нормално, за нашава катастрофална лига. Малку борбеност треба за да се издвоиш во лигава. За кај нас, ќе брка работа, ама ова му е максимумот. Пример, светлосни години е позади еден бек како Хамбарџумијан на пример. Од друга страна, измислен е за ќутукот Ване.

Оние што гледаат само европски утакмици и тук таму по некоја домашна, лесно доаѓаат до грешни заклучоци и за жал таквите најчесто спамаат по интернетот зошто некои дрва не се земале за репрезентација. Има и фб страни платени да рекламираат играчи за да се продадат некаде.
 
Дека треба да му се пофалат неколку партии кои ги прикажа во клубов е факт, исто и на Донгмо, без разлика што и тој е значително лимитиран. Повеќето се спамери, но имаш по интернет и луѓе кои воспеваа и дамбетер шупелки како Дошев, Ѓуриќ и Швајц, кои викаа дека клубот без нив ќе бил послаб.

Од една страна не може да го плукаме Маневски, а да чекаме да проработи 9ката, кога знаеме дека клубот е класа послаб со него на терен.

На пример, Матеуш Силва и Кади Боргес им ја извадија душата на оние од Мала Речица и ќе ги сонуваат до крај на живот. Нас такви играчи ни требаат, успех само со сериозни инвестиции ќе имаме, вака чекор по чекор ќе биде претешко.
 
Треба да се извади парола
фудбал се игра за викенд
ја претераа секое коло работен ден,после Брера идеме во гости со Слога ако до тогаш не ги исфрлат од лига сигурно и таа ќе се игра во работен ден.
 
Нас такви играчи ни требаат, успех само со сериозни инвестиции ќе имаме, вака чекор по чекор ќе биде претешко.

Еден уште поголем проблем кај нас е што има само три типа на инвеститори.

Првиот се општините. Финансираат колку да се одржуваат клубовите. Тук таму ако некој финансиер од градот даде уште некоја донација, па формираат буџет да бидат стабилен прволигаш. Тие немаат императив за успех, туку повеќе е пропагандно вложување, да се испере некој општински денар (ситни риби) и секако да се сликаат кога ќе им гостува некој како Вардар за после да вметнат во програмите како се заинтересирани за спортот.

Вториот се клубови финансирани од локални мафијаши, дијаспорци со матни бизниси (поретко, но го има кај албанците, дијаспорци заљубени во родниот крај) и оние кои ги поседуваат интернет кладилниците и прават грдни пари. Сите овие воглавно земаат клубови без навивачи или повремено ќе платат некои локалци да навиваат за некаква лична добивка. Нема простор за критика, а и без нив клубовите или не би постоеле или ќе треба општината да ги спонзорира во пониска лига. Овие имаат блиц успех, врзани се често со ФФМ и живеат од МЕСТЕЊЕ. Немаат императив за титули, ретко за Европа, едноставно само да се прави пара од местенки. За жал, лесно доаѓаат до подобри играчи и лесно им ги крадат играчите на општинските клубови.

Третиот тип се оние кои вложуваат поголема пара, а имаат други интереси. Најчесто земаат клубови кои имаат некаква значење, безразлика дали е тоа клуб со кој се идентификува некој етникум во поголема бројка, дали се работи за пробив на македонскиот пазар (во други области) преку спортот, ширење политички идеологија (за жал, по мене ова е вистинската причина за присуството на турците, кое еден ден ќе ни се удри од глава). Овие имаат пари за многу поголеми успеси, ама инвестираат колку што е доволно за успех. Турчиштава немаат поим, некој асално им ги краде парите, ама за некоја година и тие може да пуштат корени тука. За нас како навивачи, проблем е што мислиме дека клубовите ни имаат некакви спортски стратегии за успеси чекор по чекор. Дека ако влеземе во групни фази, ќе земеме толку и толку милиони евра, доволни 2 години да имаме обезбеден буџет за титула. Реалноста е дека тие пари ќе одат секаде, освен за појачување на тимот. Денар нема да види клубот како ентитет. Најчесто овие инвеститори тие пари ги имаат во секое време, ама не им е приоритет да ги вложат во спортот. Вложуваат доволно за рајата да е задоволна, а од друга страна на сметка на тоа добиваат најразни тендери со кои којзнае колку пати повеќе пари враќаат. Да сакале поголеми успеси, сигурно нема вакви незналици да им ги водат клубовите и разни шарлатани да ни потпикуваат десеторазредни играчи.
Нема пари овој од Еколог да ја засили Шкендија за групна фаза? Сто години го има клубот, ни за стадион е заинтересиран, сто титули им избегаа пред нос во ерата кога Вардар беше скоро распаднат, ама држи каква таква професионалност и стабилност на клубот, па има почит од луѓето. Ќе ги шитнат сега најдобрите, ко нашиве што направија при влез во ЛЕ. Место засилени, влеговме 3 пати послаби во групната фаза.
 
Се сложувам со сѐ, истото го имам пишано и за Шкендија, човекот има пари, но очигледно е дека секоја година се крати буџетот, но пак е доволно за 1-2 место во лига. Дестани овие пари ги гледа како обезбеден буџет за 2 сезони и тоа е тоа.

Се ми е јасно, сериозен клуб нема да ги постави Миленко и Иди на раководни функции, но исто така сериозен клуб нема да се потпира на играчи од Бајо и брат му. Ние сме далеку од сериозен клуб како и да е… Поентата ми беше околу Маневски и Донгмо, дека треба да се пофалат, но и дека се далеку од нешто wow. Затоа и потенцирав, џабе и титула ако не се доведат квалитетни играчи. Под квалитетни не мислам на Николов или Бабунски, туку некои што ќе двојат и на европски натпревари.
 
Досега одиграни 6 меча во новата сезона и убедливо најдобар играч на Вардар е Донгмо, не знам како за него се фатија многу членови на форумов како слаба карика. Најдобра контрола на топка има од сите, најмногу трча и има најдобар скор на добиени дуели, тоа посебно се виде со сериозен противник како Лозана. После него се Мато и Фаустин кој прават разлика во македонска лига. Интересно е за сите тројца што заради проблемите со визите ги испуштија припремите во Словенија, а се најспремни играчи во Вардар. Добро е што победуваме во наша лига, а додека го имаме Омерагиќ за шпиц играч со загарантирани 90 минути не може да се очекува дека со голема доминација ќе ги добиваме противниците
 
Кои квалитетни играчи очекувате да дојдат во оваа кршина од лига со клубови што не знаеш дали утрешниот ден ќе го дочекаат? Случаеви како Мато се многу ретки, кои едвај чекаат да добијат прва понуда од страна и да заминат. Стадиони направени после Втора Светска Војна, со терени ораници и ниви. Трибини обраснати со тревишта, не знаеш дали ќе ти искочи некоја змија да те искаса. Све тоа би потурил со бензин и би запалил. Демек не може ФФМ да направи по едно стадионче во секој град како она во Ново Лисиче? Терен со дренажа, соблекувални и четири монтажни трибини за 2-3000 луѓе, секако ни толку не доаѓаат на утакмици. По едно да правеа годишно сеа 30 ќе ги имавме низ државава.
 
Само Диме има технички квалитет се друго или физикалци или пропаднати ко миленикот на Сајбер од Градишка :D
 
Како се викаше тој Србинот кој го потпишавме како замена за Спировски летото кога влеговме во Лига Европа? Вања Коњевиќ знам дека го викавме :LOL:, не можам да се сетам на вистинското презиме. Е тоа каков трансфер за Европа беше лелелеле... Битно Панчев сеуште си се фали сам себе како он дур бил спортски директор Вардар играл групи во Европа иако него го назначија на позиција летото и ниту еден играч од тимот кој обезбеди пласман во Европа не беше донесен од него :LOL:. Негови трансфери беа Коњевиќ и Максимов шифоњерот пола саат што му требаше да се сврти кога ќе прими топка, му го увалија пошто беше најдобар стрелец после две квалификациски кола за ЛЕ тогаш се сеќавам :ROFLMAO:.
Настрана Миленко и ИДИ, и тие што ќе дојдат после нив ќе бидат исти залутани типови, некој си Симев и Мирко Спасевски повторно што ќе го заглават клубот во долгови, па после одиме отпочеток се.
Тажно е колку немаме ниеден лик за позиции во управа на клубот кој може да вреди нешто. Најсмешен муабет што го терале постарите е во управа мора да бидат легендите на клубот, самки има еден способен од нив. На таа тема, на пример Мијатовиќ и Бобан одржаа мастер клас летово со Партизан и Динамо за тоа како се ствара клупска приказна и добија феноменален фидбек од навивачките бази на тие клубови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom